Европска Влада
Имаме европски ориентирана влада. Има многу показатели кои укажуваат на европскиот курс на нашата влада.Англиско студенило во однос на потребите на граѓаните. Италијанска мафиозна вештина за работа со тендери. Француска кокетност со бизнис елитата. Германска импотентност во спроведувањето на реформите. Шпанска страст за политички сцени и скандали. Дански бајки во политичкиот маркетинг. Грчка тврдоглвост во игнорирањето на земјоделието. Ирски терористички смисол за коалицирање. Австриска ароганција при оперските парламентарни седници. Холандска либералност во политичките пазарења. Потругалско сончање заби кон медиумите. Шведска фригидност во судството. Норвешки височини во поглед кон аморфната гласачка маса. Украинска промискуитетност во изборните кампањи. Зачнати бугарски итроштини во политичките манипулации кои допрва чекаат да настапат. И, да не заборавам – швајцарски сметки.Во право се кога велат дека ние не сме во Европа.Европа е во нас!
Објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Февруари, 2006 - 12:16
Коментари:
многу интересно размислување.браво од мене! (sashoy 4 Февруари, 2006 - 13:17 |логирај се за да пишуваш коментари)
Турска склоност за сексуално злоставување нон сопствениот народ,заточен во зидините на оваа установа-Македонија (POPEK 4 Февруари, 2006 - 15:59 | логирај се за да пишуваш коментари)
Но, ние сме и повеќе од европска земја, ние сме catena mundi.
1. Авганистански образовен систем.
2. Виетнамски воен страв.
3. Нигеријско здравство.
4. Не шишаат како австралиски овци.
5. Бразилски карневалски дух.
6. Латиноамериканска транзиција (во многу продолженија).
7. Арктички ладна вице-премиерка.
8. Талибански однос кон нашето културно наследство и традиција.
(GoodBytes 5 Февруари, 2006 - 02:42 | логирај се за да пишуваш коментари)
Браос. Убаво срочено сето ова. Само накај Брисел нешто тешко ни оди. :) (Bi 5 Февруари, 2006 - 02:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
А бе, сите запнале Европа, па Европа. Си ја имаме ние Европа тука. Паметот им го имаме, парите им ги немаме само... (oksimoron 5 Февруари, 2006 - 11:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
Муабетот ми беше дека од белгијците ништо немаме. Или не ни текнало уште? А ние права белгиска душа. :) (Bi 6 Февруари, 2006 - 01:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment