Friday, April 04, 2014

Зашеќерени јаболка


По изгубените избори, СДСМ бара кривец во своите редови. А никако да сфати дека всушност им фали правец. Одамна лутаат во лавиринтот од нереализирани ветувања и болна амбициозност. Неспособноста да го пронајдат излезот ја маскираат со самоувереност. Па си организираат панаѓур. На суетата. Изгласаа недоверба на лидерот. Па бираат нов. Повторно.Од истата тезга на која го купија недоверливиот.
Ме потсетуваат на вицот за човекот кој на пазар купил семки од јаболка за памет. Па потоа му текнало дека за истата цена можел да купи неколку килограми јаболка. Така постапија тие. Одбраа да си купат семки, а не јаболка. Сега сакаат да ја поправат грешката. Сакаат јаболки. Со црвен(ковски) шеќер(инска) глазирани. Но, имаат премногу црви внатре.
Цените на пазарот се одредуваат според понудата и побарувачката. Во моментов, на политичкиот пазар се бараат млади кадри. А се нудат стари во нова амбалажа. Со нова глазура. Кога не содејствуваат понудата и побарувачката.....поефтинуваат моралните вредности во политичките пазарења. Шеќеринска е млада личност, но стар кадар. Предолго стои во излогот. Освен тоа, производ е на стар, ма прастар кадар. Немаат ли никаква друга понуда?! Се бара ново, свежо. Глазурата е само привремено решение. Се бара конечно, трајно решение.
Башка што од зашеќерените јаболка се добива кариес. А од него лош здив. Мириса на распад во СДСМ.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 24 Октомври, 2006 - 23:59

Коментари:

  • Ова е најдобро: „Шеќеринска е млада личност, но стар кадар. Предолго стои во излогот.“ Јас би додал уште и “Има премногу прашина на и околу неа за скапо да се продаде“... Текстот е супер (vasilorama 25 Октомври, 2006 - 00:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ај ќе се задржам на "економскиот" дел..
    цените се одредуваат..
    ама "купувачите" се за никаде..
    продавачите..
    тури им пепел..
    (anaveno 25 Октомври, 2006 - 00:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во право си за Шекеринска,млада личност-стар кадар.Мене лично не ме плаши тоа.Повеќе ме плаши млада личност-стари навики. Долгорочно во таа партија ќе има криза.(kire_mkd 25 Октомври, 2006 - 10:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • СУПЕР СУПЕР СУПЕР (Мечето Ушко 25 Октомври, 2006 - 13:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Стара комунистичка школа има Шеќеринска. Џабе и е младоста , кога умот и се движи по старите, изгазени патеки.
    Еднаш веќе пишав за неа.
    (oksimoron 25 Октомври, 2006 - 17:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Некако многу ти е инспиративен постов ...
    “...Сакаат јаболки. Со црвен(ковски) шеќер(инска) глазирани. Но, имаат премногу црви внатре...“
    Ова ти е нитот на постот ...
    Што да кажам - изненаден сум од Бучковски кој е уважен професор по право - зошто дигна толку прашина во СДСМ ...
    Требаше гладко да си даде оставка како што се прави насекаде во европа кога партија на власт ... ке ја изгуби власта... Тоа е мајмалку морален чин ... Со ова се докажува дека нашите политичари немаат морал (барем од оние партии кои до сега беа на власт - а и партиите сончогледи се исти)... Ги води само желбата за власт и привилегиите кои ги носи фотељата ...
    Одамна имам за ова пишано неколку постови ....
    Поздрав.
    (волан 26 Октомври, 2006 - 15:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • волан,
    се е тоа во ред, се согласувам.
    Ама, кога го бираа Бучковски пред 2 години, на истата тезга ја имаа и Шеќеринска. Eye-wink
    (oksimoron 26 Октомври, 2006 - 16:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • oksimoron
    Зборот “шекер“ ... мислам дека ми стана омарзен - поради таа особа што ја поменуваш ... ни името не сакам да и го пишам, ни чујам .... а не сакам да употребам - квалификации за неа ко “млад мајмун“ ... можеби некоја помека варијанта ко “чавка“ ... Smiling
    Муте - мјут - ти е добра работа .... Smiling
    (волан 26 Октомври, 2006 - 19:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Распад на СДСМ .... интересно и романтично ....
    Тоа на што атакува Шеќерот е контрола на комплетното делување на активистите, драматични понирања со директиви, наредби и закани. Тактика и стратегија на познатиот и ментор кој шо, напраи монструм КаГеБе-овска апаратчик партија. Партија која е олицетворение и на Администрацијата и по обликот, па ако сакате и по мирисот на трулеж.
    Не е толку страшно сето ова да се напише колку шо е морничаво шо постојат морончичи кои продолжуваат со атаката и арогантните напливи изведување на некаква си власт.
    Шеќерот е у филмот на чистата теорија, без впрегната вода зад себе.
    И нека продолжи да живее у тој филм. Ќе има за шо да се смееме.
    (ХулаХопа 26 Октомври, 2006 - 21:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • браво батка... и јас одамна пијам кафе без шеќер... Јеби га - заради таквите као неа сите ќе станеме дијабетичари некој ден (vasilorama 27 Октомври, 2006 - 01:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • волан,
    немој да те слушнат младите мајмуни и чавки - ќе се навредат Smiling
    вклучи се,
    атакот на Шеќеринска во моментов е интровертен, ама ме загрижува следната фаза - кога ќе стане екстровертен. Тие методи, додека ги применуваат внатрепартиски се нивен проблем. Ама, кога претендираат за нивно спроведување и надворпартиски - тогаш е државен проблем. А мислам дека на сите ни е доста од проблеми.
    василорама,
    сеа за сеа, нема причина за загриженост од дијабетис.... новата влада делува ко инсулин. Бар засеа Eye-wink
    (oksimoron 28 Октомври, 2006 - 19:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси и јас пишав уште летото за СДСМ - следи распад, природен процес. Тие го правеа кај други, сега им се враќа како бумеранг. (кнсис 17 Ноември, 2006 - 00:11 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: