За да се биде успешен бизнисмен, директор, градоначалник, раководител, службеник, па дури и уметник во нашава држава, битен фактор е партиската припадност. Партиската книшка ти е како сертификат за сите вештини. Па, уште ако имаш и повеќе такви сертификати - стануваш врвен експерт. Дечко за се. Никој ништо не ти може. За сите си, а не си со сите ;) Но, и покрај сета партизација во државава, партискиот фактор во верификацијата на вештините и способностите претставува тајна. Јавна, ама сепак тајна. Значи, Х фактор.
За успешноста и влијателноста на невладините организации битен фактор претставуваат финансиските средства. Чисти, испрани пари. Свртени неколкупати во центрифугата на ПРОЕКТираните активности. Влажна до умерено сува проекција. Фикција. Ама реални пари. Е сега, невладините организации се декларираат како непрофитни. Демек хумани. Затоа профитот кој се реализира за мотивација на активностите(т.е.фикциите) мора да биде конспиративен. Значи, пак Х фактор.
За држава која претендира да се интегрира во европските и светски семејства, битен фактор е и т.н. меѓународен фактор. Дури, се се сведува на него. И молби, и кодошења, и жалопојки, и улизнувања, и медијаторството, и арбитражата...па дури и заплашувањата. Како АПО за малите деца. Демек, ако некои партии или институции се „немирни“, „непослушни“ и „нетолерантни“ - другите, т.е. „понижените“ и „навредените“ од таквиот однос ќе ги известат, ќе го повикаат тој меѓународен фактор. Па, ќе „видат“ овие првиве со кого си имаат работа....они нив.... Е сега, бидејќи сме самостојна, суверена држава (бар така се декларираме), овој фактор мора да се маскира во препораки, сугестии и добронамерни мислења. Значи, уште еден скриен т.е. маскиран Х фактор.
Покрај наведениве фактори, логично се поставува прашањето кој к.фактор е пак народот во оваа држава?! Секако, и тој би требало да има битна улога во оваа ХХХ факторологија. Хм...знам! Ми текна! Воајер фактор. :)
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Октомври, 2006 - 20:34
Коментари:
ги сексаш..
ни чувствуваат..ни глас..
ги издишувашш.
па ги пумпаш..
и.т.н.
(anaveno 13 Октомври, 2006 - 23:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
значи, секаде народот е ист фактор
анавено,
не се куклите безобразни, туку тоа што им го прават
инаку - кукла ко кукла
(oksimoron 14 Октомври, 2006 - 15:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
(oksimoron 14 Октомври, 2006 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
Политичарите се една врста на луѓе кои се малку ( само малку повеќе ) попаметни од останатите. Ги користат слабостите на останатите за да добијат корист. Ништо ново. Во училиштата се учат децата да чмаат и да учат напамет лекции кои ќе ги конформираат до степенот кога и движењето на мозочните флуиди ќе стане излишно...
Само, назад во реалноста. Еднаш додека си била во Миа, еден од другарите ми забележал како си заборавила да се одлогираш, пази, ги има секакви на светот... Поздрав.
(Leto II Atreides 14 Октомври, 2006 - 20:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
...
после 15 години тоа го сванавме ....
...
само шо станавме помудри па ....
ги мењаме на 4 години .....
е то ...
...
вистинската политика никогаш не се водела пред народот .... туку задкулисно ....
така и ќе остане ....
(ХулаХопа 15 Октомври, 2006 - 11:20 | логирај се за да пишуваш коментари)
Многу убава синтеза правиш. Точно е дека народот како множество од индивидуалци не може да биде неделива единка. Апсурдно е. Но, неговата зависност од малите црни кутии не е случајна. Не верува во себе и во реалноста околу себе, па бара спас во нешта кои му се чинат поинтересни и поверодостојни. А медиумите се чудесно манипулативни.
А политичарите не би рекла дека се попаметни, туку поснаодливи. Знаеш, има луѓе кои поседуваат знаења но не и вештина да ги презентираат истите, и луѓе кои не поседуваат којзнае какви знаења но се вешти во создавањето слика кај другите дека знаат повеќе. Еден вид илузионисти кои имаат вештина на убедување и спровирање низ перцептивните и когнитивни способности на другите
п.с. многу ретко се логирам во МИА, ама сепак благодарам за предупредувањето
Вклучи се,
таа заткулисноста не заеба, душо. Така „искулисани“...коа излегувама на сцената - делуваме дезориентирано под светлата на јавноста.
(oksimoron 15 Октомври, 2006 - 19:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment