-Како си помина денес на училиште сине?-Ех, за малку ќе добиев петка!-Како тоа „за малку“?-Е па, доби детето што седи до мене.....
Минатата година за малку ќе влезевме во ЕУ. Влезе БугаријаГодинава пак, за малку ќе влезевме во НАТО. Влезе Албанија.Дури и денес за малку ќе се „погодеше“ да биде Петок 13-ти. Ама сабота е. За малку!Пред некој месец за малку ќе го решевме и проблемот на Грција – ни даде шанса со прекршувањето на фамозната „привремена спогодба“. Ама, пусто прекршување на светлината.... како да не беше тоа до нас.... па остана да се преговара уште малку за малку. Нас се‘ ни е така – за малку. Не малку по малку туку баш таман „за малку“!А и колку малку ни е грижа за тоа малку.....
Сакаме европски плати, европски стандарди и права, ама не и европски обврски. Е па, драги мои, прохибицијата одамна е реалност во ЕУ, а и законите за чиста средина (вклучително со казните). За цигарите и да не зборувам, ме боли многу ова како страствен уживател во никотинот (дури и дома имам инспектор, и тоа најстрогиот- син ми!). Освен овие, постојат и други, уште поригорозни забрани во ЕУ. Ама, малку по малку.... ќе дојдат и тие кај нас. Ако го поминеме ова малкуто сега.
Кога нешто бара одреден напор од нас, најлесен избор е да се отфрли како неприфатливо и да се плука по него. Демек, револт. А всушност, страв од промени. Страв од сопствените можности за прилагодување на истите. Ќе имаме ли храброст овој пат да го направиме потешкиот избор. Креирањето цивилизирани манири. Ние сме ти диви во душа и кога ќе не допрат барем малку таму, во нашиот див дел – дивееме! Е, само тука го нема и не важи она малкуто. А таман помислив - ќе не биде. За малку.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Септември, 2008 - 14:45
Коментари:
-Лани за малку, оваа година нешто поретко...
(partik1 13 Септември, 2008 - 14:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
Барем како генерална проба. Оти за малку може не ќе имаме премиера.
(Маат 13 Септември, 2008 - 15:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
(leonastefani 13 Септември, 2008 - 15:05 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Бунка 13 Септември, 2008 - 17:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
а и малку ни треба да се вљубиме,
од малку се разочаруваме
од малку се опијануваме..
вака сензитивни нации малку ги има
...
за малку ќе добиев на лото, само ливче да уплатев
(seelenluft 13 Септември, 2008 - 18:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
баш така... секоја година тоа за малку станува се помалку
Маат,
е, тука сме тенки....некако селективно си ја разбираме демократијата ние. Сакаме сал тоа што ни одговара лично нас, а за другото.... не ни чини. Ама ај, белки ќе не биде, де
Леонастефани,
кога се враќаме од европските држави, полна ни е устата со пофалби за чистотата таму, за високата свест при почитувањето на правилата. Па кукаме како е тука валкано и продолжуваме со фрлањето отпадоци кај ќе ни текне. Е па, веројатно и таму , во тие држави високата свест не им била вродена (сите сме биле диви на поцеток) туку се создала како резултат на високите казни
Бунка,
ептен за малку или сал онака „за малку“, бе?
Пу, јаз‘к!
Ај, следниот пат.... уште малку за малку
seelenluft,
ние сепак ќе влеземе во ЕУ, когаш-тогаш, де
Ни нема спас. Џабе и сензитивност и селективност и сенилност и... се на се со се за се!
После тоа за малку ќе не глочка уште малку, додека ни помине малку по малку...
Гледаш како функционира тоа причинско-последичноста: да уплатеше ливче, ќе добиеше на лото! Не е до другото, грешката е во чекорите
Поздрав мила
(oksimoron 13 Септември, 2008 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)
за малку ќе додадев уште нешто, ама ти си напишала со малку многу, па се` што е отповеќе е помалку...
поздрав...
(prezviterkozma 13 Септември, 2008 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)
(molika 14 Септември, 2008 - 19:18 | логирај се за да пишуваш коментари)
не сме сиромашни од малку, ама богати сме „за малку“.
Понекогаш малкуто станува многу. И не е тоа многу малку, туку баш многу од малкуто
поздрав
Молика,
уште многу за малку и ќе не биде
(oksimoron 15 Септември, 2008 - 17:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
Сине, кажи драгичка...
И дете радосно,на цел глас ДРАГИЧКА
Тато за малце ќе ти купеше карамеле
(interpreter 15 Септември, 2008 - 17:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
А од кај знаеш дека нашите стари за малку немале онака, редовен секс без планови за „создавање потомство“? А? За малку и ќе било така... ама еве не нас тука сега
интерпретер,
а бе вицов... да не знае човек дал да се смее (а смешно е), сирото дете..... тоа „за малку“ не ремети за многу
Поздрав кумановке
(oksimoron 15 Септември, 2008 - 17:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
Луда Глава велеше: „јас сум дете на љубовта, а брат ми бил планиран“. Да не си ти тој?!
Иначе, моите родители го славеле роденденот на татко ми, па се напиле малце повеќе и.... по точно 9 месеци сум стигнала јас За малку ќе немало последици нивното прославување..... за малку
(oksimoron 15 Септември, 2008 - 18:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
(neskova nl 15 Септември, 2008 - 18:12 | логирај се за да пишуваш коментари)
Нешкова,
сам се издаде не сум ја крива, де
(oksimoron 15 Септември, 2008 - 18:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
ехеј! па дека си ти човеку?!
те нема, те нема, па - оп! Изненадување!
Не, не се жалам јас од платата (после августовската, јок)
За обврските беше муабетот. И стандардите. А најмногу за нашето прилагодување. Лесно се прилагодуваме на подобро, но коа станува збор за полошо (т.е. построго) - е, тука сме неприлагодливи!
Поздрав, се слушаме
(oksimoron 26 Септември, 2008 - 21:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment