Saturday, April 05, 2014

Приоритети


Пратеничката професија не е лесна. Посебно ако си пратеник во опозиција. Исцрпува секојдневното ставање сопки на своите колеги од позицијата. Напорно е и постојано да се смислуваат разни интриги за дефокусирање на јавноста. Па уште и променливата вредност на амандманските акции на берзата на законите. Посебно кога во нив си ги вложил последните надежи за закочување на демократските процеси. И ги губиш одеднаш. Силни стресови се тоа.Некои личности попуштаат под целиот тој притисок, па почнуваат да халуцинираат.

Ете, еден од пратениците на опозицијата почна да замислува дека е некој друг. Во целата своја скромност си одбра нов идентитет за себе. Веројатно, копнежот да стане премиер еден ден беше толку силен што го фрли во делириум. Почна да халуцинира дека навистина тој е премиерот лично. Халуцинацијата му се виде толку реална што почна да пишува писма од негово име. Му пиша на Буш, На Бароси, на Али, на Љубиша, на Тито.... а најави дека ќе им пише и на други. Се распишал, везе ли везе. Мераци. И милно се потпишува „Твој Никола“. Е, мој Јани...

Кризата на идентитетот е сериозно психичко пореметување. Се јавува во пресвртни моменти кога доминираат проблеми со кои личноста не е во можност да излезе на крај. Затоа, за да се прикре својата слабост и за да се надминат потешкотиите од сопствените неуспеси, се прибегнува кон барање на друг идентитет кој би ги имал особините кои недостасуваат. Луѓето кои страдаат од ова психичко нарушување не се во состојба јасно да резонираат и ја перцептираат околината од измислена гледна точка, правејќи нереални опсервации.

Се прашувам дали законот за пратеници предвидува вакви ситуации и дали има некој член, некаква ставка која гарантира обезбедување на стручна помош за пратениците кои психички попуштаат поради својата стресна професија. Ако нема, предлагам под итно да се направат измени во тој закон. Со врвен приоритет. Какви закони за јавни обвинители, какви судски реформи! Ова е ургентна сосотојба. Треба да се знае на што да се даде приоритет.

Собранието на РМ во својот персонал мора да вброи и психијатри кои би се грижеле за менталното здравје на луѓето кои работат таму. Не се проблем платите на нововработените стручни лица, ианака сите таму се платени од парите на даночните обврзници, т.е. сите нас, граѓаните. Барем толку им должиме на кутрите пратеници. Очигледно, некои од нив се распаметија опаметувајќи не.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 27 Август, 2007 - 20:41

Коментари:
  • ми се свиѓа идејата за психијатри во Собранието Smiling
    би имале премногу работа таму Smiling Smiling Smiling
    (виолетова 27 Август, 2007 - 20:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Виолетова,
    тоа му е последна ШАНСА на некои луѓе да се вратат у нормала изглеа Eye-wink Smiling
    (oksimoron 28 Август, 2007 - 10:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • уф, окси, заклучоков на место!
    (frustrislava 28 Август, 2007 - 10:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Oksi: Ужасна патетика (ти можеш и повекје).Кога еден пратеник кје си изгласа за себе плата од 4-5 илј.евра,тогаш кје го разберам серизно дека се интересира за ,,Газето'' на обичниот граџанини.Во спротивно: СЛАМА! Кој сега е овде ,,Политичка елита''; кој на кому?! Додека најспособните луѓе се надвор од политиката? Прашувам: Која на кому е политичка елита,и што е тоа политичка елита? (наш познат блогер 29 Август, 2007 - 01:37 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • frustislava,
    изместено местово троа, ама таман Eye-wink Smiling
    Ненад,
    се‘ може подобро и повеќе. Сал, да не се трошиме за џабе, де Eye-wink
    А за политичките елити... елитизмот е нејасно дефиниран у сферата на политиката. И тоа не е случајно Smiling
    (oksimoron 29 Август, 2007 - 17:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, незнам дали читаш стрипови (Алан Форд, ова-она)? Е па за тиа таквите, искомплексирани типови-сончогледи по табиет, кои одсабајле ги мразат сите, а одпоручек се мразат самите себе - одговорите се одамна дадени. Ете баш на локалната ни КТВ некња го гледав (шо ли ми требеше) “првиот меѓу еднаквите“ на уште полокалното ни СДСМ. Треба да пробуричкам по тоа стриповите дома да видам у која категорија на лузери спаѓа. А бе ногу мал град воа Кавадарци и ич не ми е јасно шо образ имат некои луѓе, како ли само трпат кога шетат по чаршијата? (marjantod 29 Август, 2007 - 21:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • marjantod,
    читам стрипови (Алан Форд и не ми е баш најомилен, но сум го читала и него Eye-wink ). Ама, не е фер за самите стрип јунаци да бидат споредувани со лицата кои ги споменуваш. Треба креирање на нов стрип, сал за нив својствен Smiling
    (oksimoron 30 Август, 2007 - 21:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во право си. Само ќе ги навредиме стрип јунаците. Мороните и онака ќе си останат - морони. Ама мора некој како нас понекогаш да се занимава со нив, нели? (marjantod 2 Септември, 2007 - 20:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: