Saturday, April 05, 2014

Интер(ес)пелација


Вештачки создадениот проблем со дијалогот помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, издигнат до степен на тест за демократските процеси во државава според кој се оценуваат меѓуетничките односи, од премногу надување испука. Најпрво, ДУИ увидоа дека екстремните барања нема да им поминат со уцени и заканувања, а беа предупредени и од меѓународната заедница дека нивното место е во парламентарното собрание на Македонија (каде треба да ги застапуваат интересите како избраници на одредена група граѓани) а не пред вратите на институциите во Европа (каде глумат жртви и се жалат дека не им е дадено се што ќе посакаат, презентирајќи го сопствениот интерес). Значи, мораа да се вратат во парламентот, ако сакаат да бидат третирани како сериозна партија. Но, по сиот бес и ианет, не можеа да се вратат тукутака, без никаков спектакл. Затоа, одлучија да ја сменат тактиката, да седнат и се договорат со Владата, за да можат потоа тој договор го претворат во заговор. Менуваат модуси, но суштината останува иста. Манипулативна. Се договорија за одредени прашања, а потоа си допишаа уште неколку за кои начелно добија согласност дека може да се разговара, но без подршка за нивна реализација.
Прва жртва на новава финта беше Тачи. Не се очекуваше ваква брзоплетост од него. Емотивниот испад нанесе штета и ја охрабри опозицијата (сихронизирано) да го засили притисокот за спроведување на својот интерес - креирање на криза од поголеми размери и поткопување на угледот на владата со крајна цел нејзино уривање и создавање на нова (во која би партиципирале тие). Принципот - раздели па владеј. Ситуацијата кулуминира со предлог за интерпелација. И сето ова во период кога има сериозни најави и јасни сигнали за прием на Македонија во НАТО. Се добива впечаток дека на некои партии единствен интерес им е да се биде власт, па макар и по цена да се уништат шансите за напредок на државата . Затоа ја матат водата. Полесно се снаоѓаат во матни отколку во јасни ситуации. Тиња од политичари се. Дали интерпелацијата е израз на желба за успех во евроатланските интеграции или желба за некои други, внатрешни и меѓупартиски интеграции?!

Линкови до овој блог запис

од Бунка на 6 Јуни, 2007 - 22:40
Утре ќе падне владата, ама само една третина од неа! Ќе падне еден нејзин дел, оној кој се идентификува со Кумровец. Ќе падне ама...
од волан на 6 Јуни, 2007 - 10:26
Интерпелација е сосема легален институт на Парламентарната демократија во сите Држави па и во нашата.Во нашиот Устав Интерпелацијата...


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 6 Јуни, 2007 - 07:55

Коментари:
  • Текст со слична содржина на мојот блог.
    http://tribun.blog.com.mk/node/90910
    Поздрав
    (ТРИБУН 6 Јуни, 2007 - 13:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Падна и си го издраска коленцето! Smiling
    (Бунка 6 Јуни, 2007 - 21:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интерпелација на Владата
    (zoriv 6 Јуни, 2007 - 21:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А од како го издраска си стави газичка, па си го преврза со завојче. Smiling
    (dr. Max 8 Јуни, 2007 - 23:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Трибун, Зорив,
    многу слично сме размислувале за темава
    Поздрав Smiling
    Бунка,
    истренирани се овие, не паѓаат така лесно Smiling
    dr. Max,
    си носат они штитници на коленцата, де Eye-wink
    (oksimoron 9 Јуни, 2007 - 23:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments: