Saturday, April 05, 2014

Звучност, безвучност

Денес во неколку дневни медиуми беше објавен платен оглас со наслов:
 
„Царината ги затвора фирмите кои ја градат Македонија“
 
Ме збуни ова троа. Од каде добиле градежна дозвола? Или граделе на диво? Башка,  царина нема врска со урбанизам и градежништво. Има врска со финансии. Многу нелогичности. Мора да е некоја грешка..... 
Па го препрочитав уште еднаш звучниот наслов. Збор по збор, слог по слог, буква по буква. 
И ја најдов проблематичната! 
Една согласка која наменски употребена го менува значењето суштински. Звучна. Затоа насловов таков изгледа... Ја заменив со соодветната безвучна, не заради изедначување (нема потреба од тоа, неопределеноста на Р дава широк простор за манипулација) туку во обид за пронаоѓање на скриената, ослободена од звучност, позадина на насловот. 
И добив:
 
„Царината ги затвора фирмите кои ја крадат Македонија“.
 
Хм... е, ова е веќе подруго. Пологично е. И терминолошки коректно. 
Шо ти е наменска звучност значи.... од шум до р‘шум! 
А  вистината останува безвучна.  
Слушам кај шумат шумите, весниците, огласите, пресовите.... 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Јуни, 2009 - 23:08

Коментари:
  • И јас мислам дека се работело за печатарска грешка... вака е пологично.
    (partik1 8 Јуни, 2009 - 23:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ммммммммм...ммммм!?
    За оние кои КРАДАТ не ќе е надлежна Царината!???
    Има некои други институции за тоа !!!
    Лоша логика!? Терминолошки некоректно!? Ненаменска звучност!?
    Eye-wink
    Само, немој да речеш: Овој го брани Цинцарот! Smiling Smiling
    Поздрав!
    (batadjango 9 Јуни, 2009 - 08:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик,
    не е печатарска... тенденциозна е Smiling
    Бата Џанго,
    ај прочитај уште еднаш.
    Царината не е надлежна за оние кои ГРАДАТ туку за оние кои КРАДАТ. Исто збориме ама различно читаме изглеа Smiling
    А нема шо да се брани - правила си се правила, законите и прописите треба да важат за сите подеднакво, нели? Цинцар не цинцар... Eye-wink
    (oksimoron 9 Јуни, 2009 - 10:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И јас така мислам - царината не е надлежна за градење, но има по некоја надлежност за крадење.
    Така да поблиска и поисправна ми е логиката на Окси отколку на Батаџанго. Smiling
    А и многу ми е пологично дека некој што работи понекогаш и погрешува, оти нели безгрешни нема. Тоа уште од дамнина е констатирано.
    А за ситуацијата во Македонија не треба ниту да се трошат зборови. Сите ние сме живи сведоци како тие *градителите на Македонија* стигнаа до *градежниот материјал и алат*. Според тоа и логичната мисла - поблиско им е крадењето од градењето. Еднаш го поминале тој процес, зошто не вторпат или третпат????
    (Маат 9 Јуни, 2009 - 11:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, во право си само делумично ако гледаме во случајот на Фершпед, а мислам дека на тоа алудираш со постов.
    Царината, читај државата или уште поточно, читај ВМРО ДПМНЕ, за да му застане на крај на лоповлуците на еден човек и колку толку да му наштети на истиот, иако мислам дека него најмалку ќе му наштетат во целава оваа скаламуција,(а јас би сакал да биде обратното) затвора цела една фирма и ќе остави дефакто како колатерална штета, без работа, ни криви ни должни побајаги обични смртници, е тоа видиш не ме бендисува.
    Мислам дека цената да му се наштети на Штерјо е малку пре висока, настрана што како што реков погоре Штерјо и неговите пајташи во целава оваа заебанција најлесно ќе поминат.
    (tosho machorot 9 Јуни, 2009 - 19:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • скоро на ТВ имаше филм за едно градче во Америка:
    цела индустрија затворена во местото,
    и сите беа вработени во иста коцкарница -
    каде се продаваше и дрога, проституција...
    па се најде еден фраер да се побуни
    па му рекоа дека ако ја затвори коцкарницата сите ќе останеле без работа... па моралната дилема - дали вреди да се молчи или треба да се урне еднаш лошиот бизнис од кој сите живеат...
    *
    слично но не сосема исто Smiling
    (виолетова 9 Јуни, 2009 - 19:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Околу Фершпед како и секогаш се дига непотребно премногу галама.Нити ќе биде затворен,нити некој ќе остане без работа.
    И да им се одземе дозволата на шест месеци,во најлошата варијанта,имаат они уште неколку фирми со дозволи,па и Макошпед е во сопственост на Штерјо и бог знае уште колку други фирми ќерки.Позз.
    (Effo 10 Јуни, 2009 - 06:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • дис из соу кул Smiling Smiling Smiling Smiling
    (ЛУДА ГЛАВА 10 Јуни, 2009 - 06:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • МААТ,
    спроведувајќи ги своите надлежности, царината го полни буџетот на РМ. Значи, секој обид за малверзација и непочитување на царинските прописи претставува обид да се избегнат давачките и со тоа се “краде“ од буџетот на државата. Овде збориме за „затворање“ на фирми (не на луѓе), а дел од надлежностите на царината е и утврдувањето на одговорноста кај истите (фирмите) за начинот на работа. Во случајов воопшто не е важен (ниту предмет на дискусија) начинот на кој посочениве „градители на Македонија“ „се стекнале со алатот“ туку токму начинот на кој „се служат со истиот“ Eye-wink Безгрешни нема, но обемот на грешките (намерни или од незнаење) одредува и начин за санкционирање.
    Царинската лиценца за застапување ја издава Царинската Управа на РМ во посебни постапки и дефинирани услови, со точно определени права и обврски на барателот. Таму е предвидено и ПРИВРЕМЕНО одземање на лиценцата (во рок од една година) доколку дојде до одредени пречекорувања. Значи, однапред е утврдено колку грешки смеат да се направат и што следува доколку се надмине лимитот. Случајов е правно сосем чист и доколку падне на суд - јасна ќе биде состојбата во судството кај нас Smiling
    Во ноември минатата година, заради истава причина како и сега со Фершпед, беше привремено (на рок од една година) одземена лиценцата на Макошпед. И тогаш Фершпед, наместо преку нивниот пример да учи на туѓите грешки и си направи превентивно проверка на состојбата кај себе - си тера лагодно и се доведува во истата ситуација. Е сега, друг им е крив... политички пресметки биле.... се обидуваат своите грешки да ги претстават како туѓи!
    Тошо мачорот,
    нема никакво затворање на фирма, само привремено одземање на лиценцата за царинско застапување (во период од една година). Фирмата си постои и си ги работи сите други дејности освен посоченава. За луѓето кои без своја вина се доведени во опасност да ја изгуват својата работа поради прекршоците на нивните колеги и мене ми е навистина жал. Има случаи кога во еден тим од 200 луѓе, 70 работат одлично - стручни се, професионалци и постојано се надградуваат себе си, а преостанатите 130 или немаат доволни познавања на материјата која ја работат па грешат, или се неодговорни (и пак грешат), или желни за стекнување корист преку незаконски малверзации („грешат“ намерно одејќи на ризик дали ќе ги фатат или не). И сега, покрај сувото гори и сировото..... оти одговорноста е ТИМСКА Sad
    Не е намерата да му се наштети на Штерјо или било кому, туку да се воведат ПРИНЦИПИ во работењето Eye-wink
    Виолетова,
    тешка дилема е тоа Smiling
    да се премолчи незаконското од кое живеат повеќето и да се прифати како „правилно“ или да се санкционира и со тоа стане „виновник“?!
    Еффо,
    не им се одзема дозволата на шест месеци туку на година, а за „прилагодувањето“ преку користење на други фирми со лиценци си сосем во право Eye-wink Smiling
    За Макошпед види погоре - минатата година беше сосем ист случај како сега Фершпед но не се крена толку галама оти неговите сопственици не се сетија во своја „одбрана“ да се повикуваат на „политичка пресметка“ (а и немаше да им упали, го немаа Штерјо и неговата пропагандна машинерија)
    Луда Главо,
    кул, крул... соу уат?!
    Фриз!!!! Smiling :) Smiling :)
    (те обожавам) Eye-wink
    (oksimoron 10 Јуни, 2009 - 21:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Штерјо е газда и на Макошпед,не бев доволно јасен изгледа.
    Позз.
    (Effo 11 Јуни, 2009 - 05:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еффо,
    се думав дал да одговорам, ама еве...
    изгледа и јас не бев доволно јасна.... Макошпед не постои веќе 7 месеца! Така да, ирелевантно е да се говори за користење на нешто што не постои!
    По одземањето на лиценцата (заради сосем истите причини како сега на Фершпед) управниот одбор на таа фирма одлучи да згасне истата.
    Штерјо можеби имал сопственички удел таму некогаш, но верувај дека тоа никогаш не било во доволен % за управување.А и не сакал тој веројатно. Колку што знам, и тој некој % што некогаш го имал таму го отстапил (или компензирал со нешто друго). Останал само спомен за партнерскиот однос и влијание по тој основ. За се друго одамна имаа расчистено.
    Како што реков и погоре, Фершпед имаше шанса да избегне тоа шо се случи ако учеше од примерот со Макошпед, но пуста самоувереност....
    (oksimoron 29 Јуни, 2009 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: