Еуфоријата од исходот на претседателските избори во САД предизвика сериозни потреси кај „политичката популација“ во земјите со несигурна демократија на другиот крај од планетата. Потреси на мозокот. Батерфлај ефект изгледа. Дури, се стави во употреба и изразот „Обама синдром“. Како да станува збор за некоја болест, ебате! Локалниве дијагностичари пак, тој синдром го протолкуваа како чудесна појава на политичка победа на припадник на малцинство само зашто е припадник на малцинство, за кого и покрај разликите гласало мнозинството. Победа на различноста. Аферим!Според нив, излегува дека најзначајното нешто во победата на Барак Обама е бојата на неговата кожа. Ни збор (чест на исклучоците) за неговата партиска кандидатура, начинот на водење кампања, економските програми, политичките ставови, јавните настапи, направените компромиси во насока на обединување на гласачкото тело, изнесените долгорочни планови. Па се побрза да се бара „атипичен“ кандидат за обединување на определените неопределени гласачи во Македонија. Согласно посочениот „синдром“. Како што вели Бубо Каров во еден скеч од К-15 – да се биде претседател не е професија туку дијагноза!
А заболени колку сакаш! Ма, епидемија!
И... кандидативе за претседател - сите експерти! Кој од кој поексперт. Како да спремаме дебата на округла маса а не избори, бре! Експертизам до ниво на експресионизам. Да видиме:
професор-професија-професионалност.
Профундо!
Од граматичка гледна точка, поимиве влечат ист профи корен, а се чисти антоними! Граматичко-политичка некоректност?! Кој спомена тиква без корен, бе?
А у ствари, и незнам зошто толку прашина се крева околу претседателските избори кога според политичкото уредување, во нашиов политичкисупермаркет, позицијата на претседателот е во излогот. Се гледа од надвор, ама не и од внатре (само се поставува). Во сезона на попусти па ич да не правиме муабет. Плус, нема да има никакви изненадувања тука. Предвидливо, досадно. Уште сега е сосем очигледно кој ќе биде идниот претседател на РМ. Нашиве претседателски избори официјално уште не се започнати, ама неофицијално веќе се завршени. Честито Иванов! Единствено изненадување (не сосем неочекувано) може да биде доколку во вториот круг заедно со него влезе и Бошковски. Нема да го промени исходот, но ќе биде досега невидена појава при избор на претседател на држава да се бира помеѓу двајца претставници на една иста партија.
Од друга страна, според политичкото уредување и опсег на ингеренции, за нас како граѓани многу позначајни се локалните избори. Важно ни е, но не до толку, кој ќе се слика со странските делегации, ќе оди по трибини и конференции од формален карактер, ќе ни честита нова година од говорничкото место во парламентот и одвреме-навреме ќе „мудрува“ непотребно во глупави ситуации... Но, поважен ни е менаџерот на нашата општина, оној кој раководи и располага со локалните ресурси, оној кој има влијание при уредувањето на нашето директно опкружување. Оној кој има реална моќ за одлучување, добиена преку процесот за децентрализација и законот за локална самоуправа. Доколку е способна личност, може да привлече многу инвестиции во својата општина. А силни општини - силна држава! Наместо да се насочиме кон селекција на квалитетни кадри за локалните избори, ние паламудиме за експертскиот претседател. Глумиме американци у сопствена држава. Дај, да одмориме малце од Х/О и да почнеме со судоку.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 28 Јануари, 2009 - 22:09
Коментари:
Што да правиме кога рефлекторите се насочени во другата насока.
(oggie doggie 29 Јануари, 2009 - 00:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
П.С.
Знаеш веќе почнуваш да ме нервираш,толку добри анализи човек неможе да се сконтра(може само да потврди и толку)
П.П.С
дај некогаш одлепи малку и напрај глупост па да можеме и ние да се искажеме.
Сепак на крај продолжи како што си знаеш.
(orkaoki 30 Јануари, 2009 - 11:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
навистина е за чудење опседнатоста со претседателските избори за сметка на локалните. Нека ги исклучи некој рефлекторите и нека ги тргне завесите!
оркаоки,
ПППСССсссст!
благодарам, јас само си кажувам што си мислам
(oksimoron 31 Јануари, 2009 - 17:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
е баш тие ситни души, квази патриоти,шалабајзери и дрипци кои се „протнаа“ додека претседателските кандидати беа у преден план... ќе ни ги водат локалните самоуправи и ќе одлучуваат за купиштата ѓубре околу нас, дупките на улиците, образованието, урбанизмот, културата, локалниот развој.....
(oksimoron 5 Февруари, 2009 - 11:32 | логирај се за да пишуваш коментари)
(glimpse 5 Февруари, 2009 - 11:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
на линкот http://blogatash.blog.com.mk/node/208068
малку е долг, ама е барем студиозен (ем студиозен, ем грандиозен )
(Нено Богдан 5 Февруари, 2009 - 23:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
ма, ја не сакам да верувам дека нема кадар во партиите (во вака испартизирана држава каде секој втор е член на некоја партија), тоа би значело дека нема кадар во Македонија (а со тоа не се согласувам). Но, ирационална е агресивната медиумска покриеност на претседателските избори за сметка на локалните. Тенденциозно делува
поздрав
Нено Богдан,
па добро бе, дека си ти до сеа?!
Фалеа твоите постови на блогерајов.
Од твојот текст ќе извојам дел за кој верувам дека совршено ја отсликува моменталната состојба со „кадрите“ :
„..Факт е дека гласачите сеуште кога помислуваат на ВМРО – ДПМНЕ помислуваат на Никола Груевски, но што ако неговите соработници толку многу забегаат во своите глупости, па гласачите да почнат да помислуваат на Никола Груевски кога ќе се сетат колку само неспособни идиоти има во ВМРО - ДПМНЕ?...“
Таква е состојбата со локалните самоуправи - било кого да стават како предлог(дали за градоначалиник или за советници), ќе победи не заради сопствените квалитети, туку заради позитивното мислење за лидерот на партијата која го кандидира. А тоа повлекува одговорност (не лична туку баш на лидерот како предлагач)
Поздрав Нено
(oksimoron 6 Февруари, 2009 - 11:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
(гледаш колку чудно ми се напишани самогласките?)
(Нено Богдан 6 Февруари, 2009 - 13:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment