Friday, April 04, 2014

Странец во ноќта


Уличното осветлување во мојот град е исклучено. Општината не ги подмирила долговите кон ЕСМ. Оно, и досега не беше којзнае колку сјајно, подолго време талкавме во мракот, но...барем тоа беше метафорично. Сеа и буквално е мрак.
Од септември најавуваат покачување на цената на електричната енергија. А немаме да платиме. Леле, ама ќе заштедиме ! Ко во оној вицот :
-Тато, денес заштедив 30 денари.
-Како, бре?!
-Го испуштив автобусот и трчајќи по него стасав до дома.
-Будало една! Шо не си трчал по такси, ќе заштедеше 100 денари!

Ќе си имаме сеа скап марк. И дома и надвор. А богами и по институциите на системот. Ќе се луксузираме. Ех, шо ти значи странски фактор! Шо поблиску ни се сметките до европските стандарди – толку побогати стануваме. Повеќе заштедуваме. Европа е нашето такси. Она по кое трчаме, де.
Слушам, има најава и јавниот обвинител да ни биде странец. Одвај чекам. Тек он кога ќе почне да исклучува....хм....мхм....бидејќи струјата е веќе исклучена, тој ќе ги исклучи ѕвездите на темното криминално небо. Тогаш и сенките на ѕидот ќе се претопат во мракот. Ќе имаме странец, ќе имаме мрак....а бе, песна ќе ни биде!
STRANGER IN THE NIGHT…..


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 17 Август, 2006 - 12:06

Коментари:
  • ..духовито..меѓутоа..
    народот ни е таков..
    демек капитализам..слободен пазар..
    врска немаме што значи тоа..
    исто како и "моќноста" во сметките..
    Австријците едно амле го "светнаа" Скопје..
    сега обратно..
    (cakamtedadoides 19 Август, 2006 - 18:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Со струјава му иди исто како мене со бензинот. „Баш ме брига шо поскапел... јас секако си турам за 1000ден.“
    Во нашата летаргичност е проблемот...убаво си го лоцирала.
    (RIBARO 19 Август, 2006 - 23:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • eee оксиморонке значи. беше и остана “ја сам социјала и клошар до пола“ оксиморонка блог синдикалката нумеро уно! за прецедетател! ш...поминував па да те поздравам :)(Алекс_Букарски 20 Август, 2006 - 10:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • cekamtedadoides,
    уште духовитоста ни остана наша, де...другото се затрча по Европа Eye-wink
    Ribaro,
    летаргичноста е проблем со две непознати - наши и странски Eye-wink
    Букаро,
    покрај толку ономатопеји на фантазијата, илузијата и фатаморганата, некој треба да остане на линијата на социјалните теми, де. Smiling Поздрав и до тебе.
    (oksimoron 20 Август, 2006 - 12:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Stranglers in the night ќе биди .... (Ronin 20 Август, 2006 - 13:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Абе темница е,странецот демнее во мракот...... пушти мозок на пасење.За социјалата утре сабајле.. (Fljambur 20 Август, 2006 - 13:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Oksi.
    Ова социјалниве теми да не ти се тебе домашна работа?
    Од толку страшила надвор, дај опушти си малку душа, барем овде.
    Не дека надвор нешто ке се промени.
    Барем ке останеме нормални, подолго време.
    Макар да не сум сигурен, дали не е подобро, веднаш да збудалиме.
    (OGI SINKO 20 Август, 2006 - 16:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ogi,
    секој си има своја сфера на интереси кои инспирираат постови.
    ivirus,
    за секој вирус има антивирус Eye-wink
    (oksimoron 20 Август, 2006 - 17:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Баш супер јавен обвинител странец. Нема мак багаж, немазаостанати долгови, чистекоко солена солза, пресолена за матрикс стопанствениците. После Сречко Катанец го ќе ни треба уште еден асоленстранец. Знаеш изгледа е онаа плати повеќе да бидеш помалце зијан. (stereo 22 Август, 2006 - 23:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Цицијата и Џомерот исто плаќаат....
    Додека да ја научи проблематиката, и проблематичарите ќе научат, ќе мутираат. Eye-wink
    Нас ни треба некој кој ги познава состојбите, го познава менталитетот и принципот на делување во оваа мрачна сфера. И, пред се, некој одлучен, решителен и храбар.
    Зарем нема таков у Македонија?! Зарем мораме да увеземе? И, бидејќи тоа ќе биде привремен увоз (оти функцијата јавен обвинител си има определен мандат), раздолжувањето ќе оди сукцесивно или конечно?
    А може ќе ни донесат обвинител од Хаг, па ќе не стави сите, цела држава у притвор....додека да собере (најде) докази, де...
    (oksimoron 22 Август, 2006 - 23:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А наместо некој непознат, да ставиме некој од Италија, со искуство со мафии и криминалци од тежок калибар, плус човекот полесно ќе го научи јазикот, за државјанство. А и струјата ќе ја увезиме од Италија по поефтина цена, оти нела мокра ќе ни дојде преку јадранско море :)) (media 23 Август, 2006 - 01:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Очигледно нема, да имаше ќе напреаше нешто до сега (katika 23 Август, 2006 - 02:04 |логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: