Лесно се класифицираат луѓето кои не ги познаваш. Фигури кои ги дефинираш визуелно. Мериш од око. Монохроматска модулација. Го додаваш и звукот на она што си чул за нив. Површноста е едноставна. Компактна смеса од предрасуди и произволни заклучоци.
Одблиску нештата изгледаат сосем поинаку. Кога ќе се доближиш сосема, се добива впечаток дека се губи компактноста. Со секоја пробиена бариера од недоверливост, со секој чекор поблиску до внатрешниот свет на една личност се рони објективноста. А се диференцира субјективноста. Внатре, во јадрото на тој свет хаотично се движат протоните и неутроните. Мааните и доблестите. Стануваш дел од тој хаос, и без да сакаш. Ги гледаш сите тие дилеми испреплетени помеѓу себе. Те понесува енигматичарскиот дух со потребата за решавање на крстозборот. Помеѓу буквите ги губиш мислите.
Премногу детали, премногу нијанси, светлини, сенки и интерпукциски знаци. Внатре во кругот изобилува со форми на геометриски неправилни фигури втиснати една во друга. Се јавува потреба од оддалечување за да се види појасно. Или се затвораат очите за да се стигне до суштината. Во изолација на сопствените мисли, без влијание на визуелните ефекти. Без влијание на туѓите реакции. Секој на различен начин восприема една иста ситуација. И различно реагира.
Ги фрлам сопствените мисли во воздух и ја подавам раката. Мислата која ќе ја фатам на тој начин ја задржувам. Не затоа што е вистинската, туку зашто таа сум ја фатила. Намерно предизвикана случајност. Импликација на компликација. Па, нека биде што биде...
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 15 Декември, 2006 - 08:41
Коментари:
интересно напишано
(gersanina 15 Декември, 2006 - 08:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
Мене ми се чини дека никогаш немаме "чиста" објективност, ниту "чиста" субјективност... се е некако добро помешано...
Поздрав!
П.С. Извини ако сум те разбрала погрешно!
(Natka 15 Декември, 2006 - 09:11 | логирај се за да пишуваш коментари)
фино ...
(ХулаХопа 15 Декември, 2006 - 09:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
Има нешто што само Вие жените можете да го разберете ...
(волан 15 Декември, 2006 - 10:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
се разбираме ние
Фала
Натка,
Многу добро си ме разбрала. Секогаш ги комплицираме нештата со премногу размислување и анализирање. И на крај пак доаѓаме до пресекот - дилемата која се јавува кога се знае премногу и површното непознавање. Субјективност и објективноста ротираат во нашата перцепција со чудесна брзина. И, најмногу ми се допаѓа објективната субјективност која имаме субјективно објективна ситуација
Хулахопа,
заличуе,заличуе...кај ист фризер ни одат мислите изглеа
несонија,
една од поизразитите разлики во восприемањето на околината кај половите - мажите се сконцентрирани на формата а жените на содржината. А често лажат - и формата за содржината, и содржината за формата. Се прелева мислата во кршливите садови од шупливо во празно...
Луција,
паметнице драга
Пробај некогаш и ти така - ризикувај со случаен избор на мислите. Среќата ги сака храбрите. Интуитивноста често ни го кажува одговорот пред да се појават аргументите и доказите. Препуштањето на случајноста понекогаш има предност зашто изразува решителност за соочување со непредвидливото, неочекуваното без страв. А кога нема очекувања, нема ни разочарувања
Навистина едноставна комплицираност на комплицираната едноставност
волан,
неразбирливо задоволство е да се сфати цела таа комплицираност на едноставен начин
А вие мажите го умеете тоа....
намернику,
мудар избор!
(oksimoron 15 Декември, 2006 - 18:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
Комплицираното го рационализирам, за да го разберам.
(Бунка 15 Декември, 2006 - 20:32 | логирај се за да пишуваш коментари)
кога рационализираш додади една умерена доза ирационалност и помешај ја со исецканите логички низи, па потоа зачини ја со луцидност(ова има јака арома, затоа сал меѓу прсти ), па сервирај на чинија многуаголник. Иде и салата од свежи дилеми, онака декорирано со ливчиња скептичност
А виното се конзумира за да се залие недоразбирањето. Едноставно, вкусна е комплицираноста
(oksimoron 15 Декември, 2006 - 23:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
фала
(oksimoron 15 Декември, 2006 - 23:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
- Јас сум комплициран
(Бунка 16 Декември, 2006 - 23:05 | логирај се за да пишуваш коментари)
коцките се редат на чудесен начин - од едни исти коцки може да се креираат куп мозаици
Значи, сепак, се е во нашата перцепција и изборот кој ќе го направиме
Бунка,
и да се фалиш
(oksimoron 16 Декември, 2006 - 23:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
не велам дека Е така.
Велам дека ЈАС одбрав да биде ТАКА
(oksimoron 19 Декември, 2006 - 09:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
добро бе каде сте бре македонки и иња на вакви денови?
да не се пре едноставни за вашата големкост?
кога ангелот дозволува упростување, вие така фино знаете да ја
замрсите -алал да ви је
одблизу-одалеку дур да ја измерите дистанцата замина блискоста
(Fljambur 19 Декември, 2006 - 09:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
токму за тоа станува збор -
некогаш од премногу мислење и анализирање се создаваат компликации и таму каде што ги немало. Затоа понекогаш е добро да се поедностави таа комплицираност со случаен избор, т.е без многу мислење
Поздрав
(oksimoron 19 Декември, 2006 - 10:21 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment