Friday, April 04, 2014

МОТАЈвационо писмо


Во јавните огласи за работа, се почесто се сретнува поимот „мотивационо писмо“. Со него апликантите треба да образложат што ги мотивирало за да конкурираат за посоченото работно место. И скоро сите пишуваат дека поседуваат потенцијал кој сакаат да го стават на располагање на фирмата која го огласува работното место, дека имаат вештини и знања од дадената област кои сакаат да ги стават во служба на прогресивноста. Дека ги мотивира љубовта кон работата, можноста да работат во таква реномирана фирма, да допринесат кон нејзин успех и притоа да научат нешто повеќе. Некои одат дотаму да прават паралели со европски, светски трендови и принципи за работа, па изразуваат патриотско чувство дека сакаат и нашата земја да ја видат во тоа друштво. И филозофираат, промовираат визионерски дух...бла-бла-бла.
Во целата таа ономатопеја на мотивацијата, никој не пишува дека најсилна мотивација при аплицирањето за работно место му се неплатените сметки за струја, вода, телефон, греење... Дека силно го мотивира желбата за создавање услови за пристоен, достоинствен човечки живот, со сите нишани - сопствен стан, автомобил, формирање семејство, образование за своите деца, годишен одмор и ред неопходни „ситници“ кои се дел од секојдневните потреби на човекот како цивилизирано суштество. Дури и ако веќе е вработен, а аплицира за работно место кое е повисоко на хиерархиските скали од моменталното, не наведува дека го мотивира амбициозниот дух да напредува во кариерата (и со тоа си креира подобри услови за живот), туку - смета дека од наведената позиција може да даде повеќе за фирмата, општеството,државата ... светот воопшто!
Дали овие мотивациони писма всушност треба да го мотивираат работодавачот да ги одбере токму нив, оти...нели...ете...имаат толку многу да дадат, а не да земат. (?) Оти, на работодавачите преку глава им е од тие кои постојано нешто бараат. И самите си имаат безброј долгови. Па се думаат како да ги вратат. А еве, новите вработени нудат начини.
Со оглед на стапката на невработеност на нашата држава и коефициентот за сиромаштија, навистина е бесмислено (дури и смешно) да се бара мотивационо писмо за вработување. Очигледно оваа мода е превземена од некои други држави, кои се економски силни и стандардот за живеење им е на завидно ниво. Кога не можеме да ги стигнеме во економијата и стандардот - да воведеме бар еден дел. Моден детал. Бар модата редовно ја следиме ко држава, де. Ништо не пропуштаме. Освен она што треба и е важно. Условите за пристоен живот. Егзистенцијалните потреби. Ама...тоа е толку демоде!

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 19 Септември, 2006 - 18:48

Коментари:
  • колку само се нервирам со овие паушални работи! мислиш дека некој ги чита? не се замарат ама ич! пишувањето на такво писмо е посебна тема и предмет и најчесто се сведува кон определен шаблон т.е. калап! ако си оригинален и сакаш навистина да го напишеш она што навистина го мислиш, јебига, паѓаш! пример, ние пишуваме некохерентно и разбркано... не ја надоградуваме мислата и прескокнуваме од една идеја на дуга па после одново се враќаме на првоначалната.. англискиот начин на кохерентно пишување во параграфи е општо прифатлив и тoa глупавo motivation letter треба да изгледа по тој начин.(2manyfreaks 19 Септември, 2006 - 19:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • 2manyfreaks,
    И јас се нервирам поради тоа. Навистина ретко кој ги чита тие мотивациони писма. Точно е дека постојат одредени шаблони за нив и може да се препишат комотно едни од други, менувајќи го само името. А вистинските потреби и идеи се губат помеѓу параграфите. Smiling
    Писмото е параван. Прав театар. Мотање. Eye-wink
    (oksimoron 19 Септември, 2006 - 19:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас го прочитав (OGI SINKO 19 Септември, 2006 - 22:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Моето искуство говори друго...
    Лани требаше да напишам мотивационо писмо за да влезам во една програма на германското министерство за надворешни работи. Бидејќи имав едно мотивационо писмо кое го предадов на мојот Универзитет кога се запишував (така вели процедурата на SEEU), на почетокот се думав дали да го земам истото и да ги сменам само термините и некои клучни зборови. Having in mind дека отсекогаш сум глаголел колку ние треба да ги смениме нашите навики, сфаќања и менталитет, седнав и напишав едно прилично големо (1000 збора) motivation letter. И не користев клишеа: искрено си кажав што очекувам да добијам, а што да понудам.
    И испадна супер што сум го сторил тоа! На интервјуто, Гермнаците имаа со маркер подвлечувани цели мои реченици... цитираа делови од него, и ме прашуваа што сум мислел со ова, а што со она. Екстра си поминав, и влегов во програмата покрај толку голема конкуренција (фала Му на Бога)...
    Наравоучение:
    Do your homework!
    (iacovibus 20 Септември, 2006 - 09:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ако пишувате писмо за работно место во државна администрација, јавно претпријатие, училиште, факултет поарно немојте. Освен ако не ви е адресирано до партијата на власт и во него не ги објаснувате Вашите мотиви зошто сакате-сте се запишале во таа партија.
    Ако истото писмо го спремате за приватна фирма мислам дека е прашање на среќа дали ќе упали или не.
    Единствено кај овие кои се поврзани со странство, фирми, НВО, странски претставништва или такви организации тоа писмо фаќа место.
    Моето искуство е слично нa она на Iacovibus. Кога пред некоја година аплицирав за работа и бев примен подоцна од inside-рските муабети разбрав дека мотивационото писмо ми било оценето како сосоема солидно. Најмногу им се допаднал концептот и пристапот, кој беше далеку од шаблонизираните приказни дека ја се тоа го правам за добробитот на Планетата Земја нели.
    Различни се искуствата дефинитивно.
    (Jakov 20 Септември, 2006 - 09:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • iacovibus,
    јаков,
    искрено, јас немам пишувано мотивационо писмо никогаш. Кога се вработував, уште немаше земено залет таа мода. Но, ги гледам сега луѓето кои конкурираат за работа во какви дилеми запаѓаат со тоа писмо. Се двоумат дали да биде опширно или концизно. Дали да наведуваат идеи, планови или очекувања. Па, дали е запазена стандардната форма на тоа писмо, па дали одговара концептуално, па дали содржи се што треба за да ја изрази мотивацијата на апликантот и истовремено да го мотивира работодавачот да го избере токму него (мотивација на квадрат,де)....
    А основниот мотив на секој апликант е создавање услови за подобар живот. Борба за гол живот. После иде се друго Eye-wink
    Со постоечкиот % на невработеност во државава, потребно е прво да се создадат услови за задоволување на основните човечки потреби, па после да се бараат идеали и филозофии.
    Изгледа многу ни е селективен приодот кон прифаќањето на странската методологија за избирање кандидати за работа. Дали и условите за работота кои ќе бидат понудени ќе ги исполнуваат тие стандарди?!
    И, не зборам за странските претставништва, мисии, организации (невладини или не).
    (oksimoron 21 Септември, 2006 - 17:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мотивационото писмо и не е толу трагично, како што викаш да ја следиме модата. Глупаво е точно, ама има нешто по иронично во огласите за работа. На пример се бара обично возраст на кандидати до 30 или 35 години. Смешки ако имаш 31 или 36 значи си неподобен. Таква глупост во ограничувањето на возраста нема нигде. Можеби и се прави разлика меѓу 60 годишен и 30 годишен ама како кај нас 31 и 36 смешна работа. Второ може да се сретне оглас кои нуди работа за кандидати од одреден регион на Македонија. На пример оглс за работа на кандидати од Охрид или Скопје. Која ли глупост а воедно и се крши законот зошто се поставува бариера за вработување врз база на место на живеење. Ако јас сакам од Скопје да работам во Гевгелија и да патувам секој ден или да одам да живеам таму зошто тоа да не ми биде дозволено да конкурирам. Не баре Скопје и Гевгелија се ЊуЈорк и Лос Анѓелес па ајде, па дури и таму нема такви бариери. И уште една пародија која ми паднала во очи покрај другите квалификации кои треба да ги исполнуваат кандидатите е да имаат познавање од Windows, покрај јазици ти реков ми рече. Е тука не можам веќе да издржам и се убивам од смеење на простотлукот на работодавачите. Значи учете Windows.Кога ќе ве примат како комерцијалиста ќе треба да влезете во контрол панел и да сетирате.Или пак можда ќе треба да отварате папки во папката за документи. Не дај боже да се разбирате во Линукс нив им треба само Windows. Мотивационото писмо е супер работа Окси, во споредба со овие работи, и покрај тоа што е жива пародија. Ајт со здравје Окси се читаме. (Мечето Ушко 22 Септември, 2006 - 09:28 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • за разлика од горното напишано, мене силно ме одбиваа досега за повеќе работи... јас најчесто пишувам доста сложено и некохерентно на македонски, па таму е причината за неуспех... и ми претставува многу теско да се адаптирам на англискиот начин на параграфско пишување... и дете мало би напишало подобро писмо од мене затоа што си го знае концептот... како и да е, мотивационото писмо е факт од кој не можеме да избегаме!(2manyfreaks 22 Септември, 2006 - 11:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мотивационо писмо, или било која друга деловна форма на комуникација е вештина. Она што треба да го содржи зависи од организацијата или позицијата. Не мудрувајте многу туку барајте писмен човек што ги разбира работите. Сето останато е лук и вода. И за крај, ни мотивација, ни искуство, ни образование не ве внесува на работа туку к’смет.
    (kumasin 22 Септември, 2006 - 19:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мечето Ушко,
    има многу чудни форми на огласување работни места. Во право си.
    2manyfreaks,
    ако писменото изразување на идеите и мотивациите ти е слаба страна, при пишувањето на мотивационо писмо побарај помош од некого Eye-wink
    кумашине,
    сосема се согласувам дека е потребна вештина на изразување при пишувањето на писмото. Ама, штета е кога некои квалитетни луѓе кои не ја поседуваат таа вештина (а поседуваат куп други вештини кои се потребни за огласеното место) отпаѓаат од конкуренција за сметка на некои кои ја совладале посочената вештина(или некој им помогнал во пишувањето) а не поседуваат други, стручни вештини од работната област која е огласена.
    Се добива впечаток дека токму мотивационото писмо е пресудно за изборот. Сите пријавени кандидати веројатно имаат соодветна диплома, лекарско уверение, уверение за неосудуваност, возачка дозвола, сертификати за јазици и компјутери....и сите придружни тракатанци, де. Значи, има простор од манипулација тука - никој од одбиените не може да се жали покасно, оти ќе биде наведено мотивационото писмо како причина за одбивање , а кај избраниот кандидат како причина за примање. Писмото како поим, е сосем субјективно и не може да биде земено како предмет на жалба, а е одличен изговор Eye-wink
    Значи, сепак, се зависи од к‘сметот, ко шо вели кумашинот Smiling И вујкото владика, де Sticking out tongue Eye-wink
    (oksimoron 22 Септември, 2006 - 20:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во Македонија немој сеуште да бараш логика и фер-плеј. Имаме судир помеѓу актуелната ситуација и генералното домашно воспитување. Измешани се мерилата на вредност. Од хоштаплерај глава неможеме да кренеме. Излезот стварно не знам каде е, а и јас сум еден од жртвите на хаосот. Само кај мене разликата е што искочив надвор да патам поединечно, наместо дома колективно. Стварно незнам каде е полошо. Сакав само да помогнам со совет. Не се разочарувај од неуспешни аплицирања за работа. Тешко е во армија невработени каде владее законот на корупцијата и непотизам да се пробиеш со квалитетите. Во културни земји имаш две опции, да работиш што сакаш или за што те бива. Кај нас сеуште е на снага правилото за што ќе ти се пружи шанса. (kumasin 23 Септември, 2006 - 05:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • kumasine,
    не станува збор лично за мене, но благодарам за подршката Smiling
    Инспирација за постот ми се маките со ова писмо на мои добри пријатели и пријателки.
    Мене едноставно ме иритираат манипулациите за кои остава простор ова мотивационо писмо. Но, белким со тек на време нештата ќе си дојдат на свое место Eye-wink
    Наместо шаблони и формални процедури, сите да имаат шанса да работат тоа што сакаат и умеат Smiling
    (oksimoron 23 Септември, 2006 - 08:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Чисто помодарство ...
    поздрав
    (волан 28 Септември, 2006 - 17:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • дај една кавадаречка за мотивацоно писмо!поздрв (atractivART 29 Септември, 2006 - 20:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments: