Се ближи летото. Термин за годишен одмор. Се сеќава ли некој што означуваше тој термин? Понудите од туристичките агенции ни изгледаат како рекламни најави за научно-фантастичен филм. Во целата своја неспособност, владата не може да ни овозможи стандард со услови за пристоен живот кој вклучува и летување во некоја туристичка агенција. Но има друга понуда за користење на терминот за годишен одмор. Ни организира друг тип на забава. Избори. Веќе почнаа рекламните спотови. Нешто као - „Како Златко стана најбарана, најпопуларна личност? Па, го има во Златната Книга!“. Сите кои не има во избирачкиот список сме кандидати за популарни и барани личности летово.
Годинава ни се мешаат спортските и изборните термини. Значи, ќе има доволно простор за навивање, свирење, мамење, пцуење, обложување.....простор за израз на целата наша темпераментност и спортско-навивачки дух. Шут од центар. Спрепки. Пенали. И додека грицкаме семки пропаганда и плукаме наоколу, отидовме сите во аут. Уа судија! Овај... Уа ДИК! Ќе типуваме на коалициите. Двојка - нула. Кец-кец. Спортско - изборна прогноза. Временската веќе ја знаеме - променливо слаткоречиво, неизвесно ветровито, напнато сончево, доумерено толерантно, облачно демократско со можност од врнежи клевети и променливи коалициски температури. И цела таа терминологија од описи сублимирана во еден термин - годишните летни одмори. Годишните изборни замори. Летна авантура.
Лоша ни е терминологијата. Кога веќе не можат да им овозможат на луѓето по напорната година да заминат некаде на одмор, барем нека не им го реметат мирот дома. Нека биде ова топло, мирно лето. Тие два месеца се период во годината кога секој сака да го минува времето во лежерна, пријатна атмосфера. Оно, сакаат преку цела година, но во летниот период се повикуваат на правото на годишен одмор, де. Не им го одземајте тоа право. Веќе доволно права им одзедовте. Оставете ни го летото на раат. Два месеца порано не ни прават којзнае каква разлика. Сакаме избори во септември. Сакаме на 15ти. Немора да се во недела, но задолжително да бидат на 15ти септември. Како фиксен термин за избори. Бар еден термин да ни биде загарантиран. Плус, имаме и химна за тој ден.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 10 Април, 2006 - 17:59
Коментари;
предлог..ај да ги "удавиме" изборите.. (anaveno 10 Април, 2006 - 23:20 | логирај се за да пишуваш коментари)
Тактички најдобро би му било да ги одржи во Јануари али не може. (nasty69 10 Април, 2006 - 23:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
хе,хе..јануари..Дедо Мраз..желби..ај,да победиме пак.. (anaveno 10 Април, 2006 - 23:28 |логирај се за да пишуваш коментари)
Ех, избори за Нова година....тогаш рекламата за кока-кола ќе изгледа сосем поинаку - изборниот воз минува, гласачите збунето го гледаат, а куп дедо мразовци си ги кубат брадите. И во позадина музика „избори се ближат, избори се ближат...“ )))
(oksimoron 11 Април, 2006 - 17:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
Aбе ова е жива вистина советниците му кажале дека најдобро би му било да ги одржи во јануари, тогаш би имал најмногу шанси за победа, овој кажал епа ај да ги одржиме , а овие му одговориле ЕПА НЕМОЖЕ. (nasty69 11 Април, 2006 - 17:49 | логирај се за да пишуваш коментари)
имаше еден стар Ју-филм - Долго топло лето. Коа ке се ујдурисаат пратеници, нас не чека такво долго топло лето, кое трае 4 години. Цел мандат - ЖЕШКА АТМОСВЕРА, ко преживи, причаче (POPEK 16 Април, 2006 - 19:18 | логирај се за да пишуваш коментари)
Они уште сеа зовриваат, ами пак на тие летни температури .... ќе испари цела разумност! Сал мал дел ќе кондензира. За жал не у парламент.
Инаку, за преживувањето, уште тоа ни остана - прикаските отпосле
(oksimoron 16 Април, 2006 - 19:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment