За овој рецепт потребни ви се една главица европски дух, парче нато аспирации, листови популизам, филџан пропаганда, по едно чешне манипулација и шарлатанство, две лажици разнобоен маркетинг и сосем малку разумност.
Најпрво се зема главицата европски дух и се ренда на острата изборна програма. Се додава растопеното парче нато аспирации и добро се промешува, додека целата смеса не добие изедначен изглед. Се зачинува со ситно исецканите манипулации и шарлатанство. Пак се промешува. Така приготвената смеса се обликува врз листот зелен популизам, внимателно без да се опфатат краевите. Се полева со пропаганда. За декор се користат разнобојните трошки маркетинг. За да се прикрие блуткавоста, се посолува со малкуцка разумност. Количина колку што може да се фати помеѓу прстите.
Оваа салата се сервира како ладно предјадење . Предизборно, де. Се конзумира со чашка жестоки обвинувања од опојната, сува кампања. Најдоброто од Македонија. Не содржи висока калорична, ниту било каква друга вредност. Дури, колку почесто се конзумира толку повеќе слабеете. И физички и духовно. А, богами, и економски. Наздравје народе!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 30 Април, 2006 - 22:02
Коментари:
А шо се дешава ако нешто тргне наопаку со рецептов (или неиспадне како треба)...(барам совет комшивке)..:)))) (sting EYE 30 Април, 2006 - 22:12 | логирај се за да пишуваш коментари)
А бе, наопаку е показател дека рецептот бил успешно реализиран
И, нум се секирај, за добра свиња нема лоша помија! )) Се јадеме ние...
(oksimoron 30 Април, 2006 - 23:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
Закон си еј! Ама парите кај се? Тие се клучна состојка во предизборново јадење. (кнсис30 Април, 2006 - 23:24 | логирај се за да пишуваш коментари)
Браос, домаќински си ги салатирала изборите. А ова за парите, може како на крај на „Храна и вино“: овој рецепт ќе ве чини само здравје. Наздравје!
(GoodBytes 1 Мај, 2006 - 01:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
После муабетов нема да можам да јадам салата, бар една недела :) (Bi 1 Мај, 2006 - 02:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
Пцовач, ти го избришав коментарот. Таков вокабулар можеш да користиш на твпјот блог. Не дозволувам на мој блог да вреѓаш некого. Ако имаш нешто против БИ, разјаснете меѓусебе.
(oksimoron 1 Мај, 2006 - 10:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
на смеа - на шала, jaka поента. браво!
(Црнориз 1 Мај, 2006 - 11:37 | логирај се за да пишуваш коментари)
Окси дај да го ангажираме Валентин Николовски да го прочита рецептот и може и двд да издадеш. Само ќе треба и главно „јело“ да смислиш и се разбира без десерт не оди.
Иначе Валентин се откажа од портпарол на Б.Ц. зошто наместо храна и вино да води Б.Ц. го терал вино и виски да води.
(qzevski 2 Мај, 2006 - 11:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
Главно јадење се самите избори и формирањето влада во следните 20 дена, а за десертот.....ќе се сладиме следните 4 години со помислата за некои идни избори!
Ама, за тоа - потоа ! Се со ред. Да ја густираме сеа салатата
(oksimoron 2 Мај, 2006 - 11:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
Замисли шо ке се случи (мислам на после примањето на салатата у стилу на физиолошки пореметувања) ако настанат компликации од типот...премногу зачинета е салатава или многу ги исфорсиравме Пенов,Ѕинго,Тупурко...и ред други мега-лузери (sting EYE 2 Мај, 2006 - 12:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment