Friday, April 04, 2014

Име



Иако не сме во Европа (не мислам географски, туку политички,де), сепак сме последен моден крик таму. На модните политички писти во Европа парадираат модели во наши креации. На ревиите во Брисел, во Стразбур, во Хаг....само за нас се зборува. Не има на насловните страници од дебелите досиеја на меѓународните спорови. Сите би сакале да бидат она што ние не сме.
Јас сум Македонец - тврдеше некни Караманлис во Стразбур.
Јас сум Македонец - тврдеше и претставникот на ОМО Пирин, Стојко Стојков, пред некој месец во Брисел.
А што сме ние?! НИЕ - мислам на граѓаните на државата која во својот устав се нарекува Македонија. Бивши југословени?!! Или, мултиетничко општество каде врв на демократијата е да се декларираш било како освен како Македонец?! Наша омилена, секојдневна забава се препукувуања кој е бугарофил, кој србофил, кој албанофил..... фил...филувано. Ние постојано бараме кои се антимакедонците кај нас. Никако да ги видиме Македонците во нас.
Со оглед на интензитетот на ЈУ-носталгијата која владее кај нас, сосем неправедно не нарекуваат БИВШИ Југословени. Па ние сме бре, прави Југословени! Живи, енергични и актуелни како никогаш! Како тоа некој таму смее да не нарече Бивши?! А и неврзани сме. Никаде не не примаат. Ај, шо не не поврзуваат од надвор, туку неповрзани сме и одвнатре. Homo homini lupus est - рекол Хобс. Да е жив сега и да не виде нас, би напишал современа верзија - Macedonian Macedonia lupus est.
На 13 септември 1995 година во Њујорк беше потпишана привремена спогодба со Грција за употребата на нашето име. Незнам кој збор да го ставам во наводници - дали „привремена“ или „спогодба“? Од ПРИвременa, тогаш оправданa како НАвременa, стана ПРЕКУвременa и денес - оваа спогодба е синоним за СОвремено спопикување на националната гордост и самосвесност на македонците . Велепредавство на тогашниот претседател Киро Глигоров и „дипломатот“ Стево Црвенковски (влече сенки со себе ова презиме,бе). На основ на таа спогодба го променивме и знамето.И сеа, по толку години Грците ќе барале ревидирање на „спогодбата“. Тие ?!!!?!!!
НИЕ треба да бараме ревидирање на таа спогодба. Ма, не ревидирање - треба да бараме поништување на истата! Имаме право на тоа. Добар дел од светот веќе не призна под уставното име. Безвремено. Тоа се важни промени кои влијаат на прашањето за исправноста на спогодбата од 1995та. Кога се менуваат параметрите во една равенка - се менува и резултатот. Да се откажеме од приемот во ОН, да излеземе од таму како ФИРОМ и да побараме потоа одново прием, но како Р. Македонија. Без никакви спогодби. Ако не не' примаат со нашето име, нека не не' примаат воопшто. И да и кажеме гласно на Европа дека не сакаме да влеземе во Унијата на ниеден друг начин освен како Македонија. На крај на краишта, зар би изгубиле нешто? Ионака немаат најава за прием во следните 10-15 години. Изминативе 15 години ги потрошивме на угодување на сите околу нас, па следниве да си угодуваме бар себе си. Додека не почнеме да се цениме самите себе, никој друг нема.
И навистина, покрај сите Македонци низ светот, зошто и ние да не бидеме тоа што сме?!


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 25 Јануари, 2007 - 22:25

Коментари:
  • Ех... Да сум таков, ко што не сум, па да му дадам значење на сите кои ги спомнуваш. Mа какви спогодби, ма какви “бакрачи“, море, ма какви црвенковци и глигоровци и слични љубители на СКМПДПСДСМДУИ и слично! За “луѓето“ кои без ниту грам совест(?!) ја продадоа Македонија не треба да се троши време... Предавници? Многу ги има, за жал. Бранко, Рада, Љубчо, Бучко, Андов, Ѕинго, Циле, а да не ги спомнувам локалните ни “ѕвезди“... (marjantod 25 Јануари, 2007 - 23:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сега пред 30 минути на Сител, Љ.Г. кажа нешто...
    рече, КОДОШИ...е затоа.
    (Бунка 25 Јануари, 2007 - 23:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уф! Заборави! А за коа Европа тука станува збор драга Окси? (marjantod 25 Јануари, 2007 - 23:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нема потреба од излегување и повторно влегување во ООН и сите други институции. Доволен е само допис-известување т.е декларација на државата РМ со која ќе ги извести сите меѓународни институции дека од денес бара да и се обраќаат со името Република Македонија во спротивно контактите ќе бидат замрзнати.
    Впрочем ако ние(РМ) денес се договроиме со Грција да се викаме со некое си ново име, нема да излегуваме па пак да влегуваме во сите светски и европски организации,ами ќе ги известиме и толку. Знали доволно е само едно известување адресирано до Бан Ки Мун и ООН па со ред надолу до сојуз на ловџии итн итн.
    Само пред тоа е потребна една “мала“малецка“ револуција во нашите глави. Едно мало delete на она што порано го викавме југо-носталгија, а сега се престори во “фиромштина“. После се ќе оди многу полесно, ама после.
    www.forvmmacedonia.blogspot.com
    (Константин 25 Јануари, 2007 - 23:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Среќен роденден www.oksimoron.blog.com.mk
    (Jakov 25 Јануари, 2007 - 23:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Марјан,
    биди си токму таков каков шо си Eye-wink најдобро е така. Инаку, зборам за онаа Европа, мисловната именка - апстрактна уметност на хипокризијата Smiling
    -----------------------------------------
    Бунка,
    како беше онаа старата : од тројца комити - двајца кодоши Sticking out tongue
    -----------------------------------------
    Константин,
    веројатно си во право - нема потреба од излегување па повторен прием. Но, јас мислам дека поефективно би било така. Излегуваме како ФИРОМ и таа референца повеќе не постои за нас. Но, ко шо викаш, прво треба да ни излезе нас од главите Eye-wink Smiling
    ----------------------------------------
    Јаков,
    (edit) фала Smiling
    ме збуни прво, не забележав дека е точно година од оксиморон на блогерај Smiling
    (oksimoron 25 Јануари, 2007 - 23:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • окси..окси..
    дали знаеш дека привремената спогодба е "истечена"?..
    ситуацијата сега е..
    ни риба..ни девојка..
    нема и неможе кој што да ревидира..
    излезот е да ги тужиме ООН што незаконски не примија..
    тие го прекршија законот..
    секој правник знае дека ќе добиеме..
    ама каде да го најдеме?..
    сите цвикатори..
    или мито..
    другово се е млатење празна слама..
    и изживување со..
    (соседот 25 Јануари, 2007 - 23:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • соседу,
    спогодбата формално „истече“ 2002 година, ама таа формалност нас ништо не ни промени. Еве не и по пет години тапкаме у место - неформални формалности.
    А арно викаш....да им „опнеме“ една тужба на ООН Eye-wink .... доста ние бевме криви за се.... Smiling
    (oksimoron 25 Јануари, 2007 - 23:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Дипломатијата се состои од морков и стап. За жал, нашата дипломатија барем досега се движеше меѓу јагне и овца.
    (GoodBytes 26 Јануари, 2007 - 01:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ааааааааа..
    затоа овчарот е ќар..
    (vasiot sosed 26 Јануари, 2007 - 01:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Навистина Хобс е во право...
    Туку до кај ќе не возат којзнае...
    И офтопик: Помини кај мене на блогот да си преземеш штафетата Smiling
    Поздрав!!!
    (струмикс 26 Јануари, 2007 - 01:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кога ќе престанеме да молчиме, те. кога ќе почнат да не слушаат. Какви бре спогодби и нагодби, каква Грција, каква Бугарија... Паметно вели Оксиморон, не си ги бараме Македонците во нас. Ние требе малку да се преиспитаме.
    (dr. Max 26 Јануари, 2007 - 01:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Баш би ме интересирало мислењето на новиот блогер и бивш конзул. Ако ништо друго да видам дали ќе има храброст „во очи“ да ти каже дека трескаш зелени и покажуваш елементарно непознавање на меѓународните односи и историски искуства.
    Убаво е да се биде партиски војник: се надеваш на напредување у кариерата, мислиш дека, ако ништо друго, барем ќе ти фрлат да глодаш некое ситно коскиче. Ама со усул. Од претерано политичко фелацио постои опасност од интелектуално задушување.
    (кибицер 26 Јануари, 2007 - 02:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • GoodBytes,
    е, таа фаза ... помеѓу јагнето и овцата ... никако да ја надминиме - праќаме јагниња, ни враќаат овци Smiling Ама, за бачила сме цареви, де Eye-wink
    --------------------------------------------
    затоа соседу, затоа....
    --------------------------------------------
    Струмикс,
    ќе не возат дур оставаме отворен пат за рели Smiling
    А за штафетата, фала ти, но....хм...не ме бидува мене со штафетите...ама, ќе се обидам,де ....понатаму Eye-wink
    -----------------------------------------------
    dr. Max,
    бараме секаде освен таму кај што треба Smiling
    -----------------------------------------------
    Кобицер,
    знам дека посочениот Глигоров ти е идол, знам и за твојата Ју-носталгичност, знам и дека имаш солидни познавања од историја(твој терен), а...сега дознав и како се задушила твојата интелектуалност. Мислев дека споделувањето на вакви интимни искуства е резервирано за штафетните постови, ама сепак...мило ми е што се „отвори“ кај мене на пост. Благодарам за предупредувањето. Ќе го имам на ум. Не рекле за џабе постарите - слушај паталец, не гаталец Eye-wink
    (oksimoron 26 Јануари, 2007 - 03:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • оксиморон, жити сфе, ги пратиш вестите а?
    (Alex_Bukarski 26 Јануари, 2007 - 03:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Букарски,
    како сенки на ѕидот Smiling
    (oksimoron 26 Јануари, 2007 - 03:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • а да ви дадам ја на сите македоци од два милиона народ по 500евра,кје се викате ли магариња? (Шанкуре Блог 26 Јануари, 2007 - 04:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Аааа Шанкуре, не може така !
    Тоа ти се вика мито и корупција Sticking out tongue Laughing out loud
    башка...знаеш колку е кај нас распространета таа болест... нуму вакви работи Smiling
    (oksimoron 26 Јануари, 2007 - 04:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вистината е дека за се треба договор/преговор...
    Замисли читав во весник Рене Зелвегер чекала 4 години за да ја добие улогата за "Госпоѓица Потер" и изјавила: "Во оваа професија треба да си стрплив!". Веројатно имала време да почека и се занимавала со нешто друго, но во секоја професија (за се) треба трпение.
    Треба да се бори ... да постои координација... да се бутка напред...и да се чека/трпение...
    Кад тад... Smiling
    Убав помин цел викенд! Smiling
    (Natka 26 Јануари, 2007 - 10:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хула
    просто ја обожава окси...
    Хопа ...
    баш сеа праевме муабет за тебе колку си ...
    фина ...
    знаеш ja t.e. Вклучи се и Хула пингвинов ...
    а Хопа дреме од позади спие ...
    Smiling
    (ХулаХопа 26 Јануари, 2007 - 11:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморонче,
    Мене до сега никој партиски не ме вработи. А тебе?
    (кибицер 26 Јануари, 2007 - 12:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Натка,
    тпение спасение, душо.
    Ама, шо е ногу ногу е!
    И премногу трпеливост не бива, де Eye-wink
    Поздрав Smiling
    ----------------------------------------
    Хула,
    и Окси те обожава Smiling
    Хопа, оговарачу еден Sticking out tongue
    Вклучи се и Хула - ловете риби, знаете вие...
    а Хопа нека дреме, знае он дека ќе уловите и за него нешто Smiling
    ------------------------------------------
    Кибицер,
    ниту мене.
    Прави разлика помеѓу информации и дезинформации, а посебно меѓу шпекулации Eye-wink
    Ова онака, најпријателски Smiling
    (oksimoron 26 Јануари, 2007 - 16:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон,
    Без никаква навреда. се извинувам ако поинаку бев разбран. Се во жарот на дискусијата Smiling
    Сепак,
    стојам на ставот дека Времената спогодба е пенал во наша корист кој ни го наместија Американците. американската дипломатија ни ја намести Спогодбата за да можеме долгорочно да профитираме во спорот со Грција. Долгорочно гледано Спогодбата е целосно во наша корист. Времето ќе го направи спорот со името толку ирационален што межѓународната заедница ќе и каже „два збора на Грција“. Тоа веќе го сторија САД.
    биди ми поздравена и во добро здравје.
    (кибицер 26 Јануари, 2007 - 18:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кибицер, има и нещо друго. Всеобща "тайна" е защо САЩ ви признаха с това име. Не, не защото са убедени, че сте македонци, а САМО защото Бушчо - идиота искаше да накаже Гърция. НО.... молете се следващият президент на САЩ да не е от женски пол. Молете се!!
    (банскo 26 Јануари, 2007 - 19:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еее Банско, во овие моменти ми е криво што си кукавица и што немаш оставено и-мејл адреса. Малку да те изненадам. Можеби и да те разочарам.
    Вака ќе останеш неинформиран.
    (cibalia 26 Јануари, 2007 - 19:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • “..НИЕ треба да бараме ревидирање на таа спогодба..“
    Моето скромно познавање на меѓународнот право ми вели дека без взаемна согласност не можат да се менуваат меѓународните договори и спогодби .... Smiling
    Преговорите теоретски може и вечно да трајат ... Smiling
    На ова требало да размислуваат креаторите на “Спогодбата ... “ и нивните советници ...
    (волан 26 Јануари, 2007 - 20:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Къв ти е проблема бе цибалиа? Моят мейл го знаят всички тук - komunist@mail.bg. Ние кукавиците имаме и Skype, icq и "все остальное добро" за разлика от вас югокуките Smiling:)Smiling:)Smiling:)Smiling
    (банскo 26 Јануари, 2007 - 21:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Верно ,че нещо мнго "фили" имате покрай Вардаро - сърбофили , българофили....
    Е , аз пък съм МАКЕДОНОФИЛ!!!Smiling
    (rustcukMK 26 Јануари, 2007 - 21:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Комунист ти е мејлот???
    Со кого тоа јас разговарам, Боже драги!?
    (cibalia 26 Јануари, 2007 - 21:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ц ц ц ц ц, цибалиа получи мозъчен удар. Удари го там където е ...празно, вакуум, Боже драги????
    (банскo 26 Јануари, 2007 - 22:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кибицер,
    во ред е Smiling
    можеби спогодбата беше пенал во наша корист, ама ние никако да шутираме. Инаку, за времето....ма, од почеток е проблемот ирационален, само сега и другите го увидуваат тоа Smiling И, редни се два-трите збора Eye-wink
    Поздрав
    ----------------------------------------
    волан,
    со Грција изгледа имаме взаемна согласност за неразбирање и одолговлечување Smiling
    И, пуста теорија.... Smiling
    ----------------------------------------
    вие другите..... иш!
    (oksimoron 27 Јануари, 2007 - 21:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Овие денови, нормален човек не може да коментира и пласира свои ставови од неколку типчиња кои преферираат себеси да се нарекуваат бугари. Еве гледам ги напаѓат и твојте постови. Не дека нешто ногу-ногу ме тангират, ама стварат некоја чудна клима на мрежата, која ич не ми се бендисуе. И шо е најинтересно, не можиш да ги игнорираш, оти се полни со лаги, навреди, глупости, простотилок... И те терат да им возвратиш, ма колку и да тоа изгледа безполезно. Којзнае, можеби ти си најблиску до најдобриот одговор: (те цитирам) вие другите....иш! (marjantod 28 Јануари, 2007 - 16:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: