Пратениците бараат слободен ден во неделата. Петок или понеделник. Да можеле да го поврзат со викендот. Поефикасни ќе биле така. Ќе имале повеќе време за комуникација со избирачите кои ги застапуваат. Оние кои им дадоа подршка да носат закони за подобар и поорганизиран живот во државава. Оние за кои тие работат секој ден. И од чии даноци земаат плата. И дневници за патувања. Секојдневно. Па, зошто тогаш се мислат дали петок или понеделник?! Нека си ги земат и двата дена. Ионака самите одлучуваат за тоа. Имаат мандат за тоа. Како не им текна на ова пред некоја година кога си ги ставија во закон и си ги изгласаа бенефициите?!
Ми се чини дека почнува да се реализира еден стар виц од ЈУ историјата. Кога федеративните држави одлучувале за работните денови. Прво се договориле, освен викендот, слободен ден да биде и петок, па понеделник, потоа вторник и четврток. Останал сал среда работен ден. Па, се поставило прашањето дали да се работи секоја среда или само првата во месецот....
Напорен е пратеничкиот живот. Секојдневно носење на закони за се и сешто. Па, закони за измена на донесените закони. Закони за дополнување на законите. Закони за закони, закони во закони, закони по законите, подзакони, надзакони, меѓузакони.... како да не се измори човек од цела таа законитост?! Ма имаат целосно законско право да бидат изморени. У цел тој хаос губат осет за околината и почнуваат да забегуваат надвор од законите. Ја губат линијата на разграничување. А имаат имунитет. Со закон. Ризично е, бе .
Туку, пред да донесат закон за своите законодавни работни и слободни денови, дајте нека донесат и едно упатство за употреба на законите. Во стандардна форма - со состав, индикации, контраиндикации, начин на дозирање, несакани ефекти, рок на траење.... и задолжителното предупредување „ ДА СЕ ЧУВА НАДВОР ОД ДОФАТ НА ДЕЦАТА“ . Би било фер. Бар да знаеме што и зошто користеме. И на каква терапија сме.
|
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 25 Април, 2007 - 12:28
Коментари:
... и како беше она со крстот: - да се одземе
(RIBARO 25 Април, 2007 - 12:46 | логирај се за да пишуваш коментари)
Методологијата ми е ... прво пишувам она што ми е во глава (и пишав ....) после проверувам дали има нешто на нет на темата и по блоговите ... и налетав на твојот текст - кој е сосема доволен да го изрази она што и самиот сакав да го кажам ...
Во светот има безброј случаи кога многу луѓе доаѓаат во исто време да слични или исти пронајдоци или сеедно идеи ... Па бидејки ти пред мене си го пронашла овој текст ... јас се откажувам од мојот напис ... за да не ме обвиниш ти и другите за плагијат ...
Поздрав.
п.с.
Нешто утрово не поврзувало ...
(волан 25 Април, 2007 - 13:33 | логирај се за да пишуваш коментари)
А за упатството.. ... еее НЕ МОЖЕ ! Па после ние да сватиме што сакале ТИЕ да озаконат. Па ќе бараме и НИЕ да ги уживаме привилегиите од дупките. во законите, секако...
(Daljinsko 25 Април, 2007 - 13:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
запад си е запад, па макар и див
Сал правото тешко владее. Ама, отрпнати сме ние. Ништо веќе не ни е тешко
Рибаро,
кога се има имунитет се има за се, па и за разумот
А, незнам дали има што да се одземе на тоа поле.... греота е, бе.
Јаков,
идејата за поинтензивна комуникација со граѓаните е добра, но за тоа не им требаат слободни денови туку подобра организација. Одредување на прецизни термини кога имаат седници, а кога прием на странки. Самиот израз „слободен ден “ за комуникација со народот е смешен. Нив тоа им е работа. (покрај носењето закони).
волан,
често слично размислуваме.
Различни ни се сал методологиите. Ама, се усогласуваме, де Немој да се откажуваш од својот напис, пиши и ти свое мислење за темава
даљинско,
не барал слободна среда претставникот од Црна Гора, туку прашал дали ќе се работи секоја или сал првата у месецот
А бе, од толку многу закони, може да се случи да ги измешаме или да користеме некои погрешни. А имаме право да добиеме и упатство за нивна употреба, де. Да не се чувствуваме како експериментални заморчиња.
(oksimoron 25 Април, 2007 - 16:20 | логирај се за да пишуваш коментари)
изгледа ние сме точката на прекршување, кај нас сите системи на владеење добиваат девијантен правец.
А за монархија... а бе, сме го минале тоа, сеа може да направиме нов микс - монократија
(oksimoron 26 Април, 2007 - 16:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
И вака законодавниот дом ни е доста неефикасен, па со непосредната демократија нема да ни недостасува брзината во донесувањето на законите и одлуките. Друга придобивка би била што нема воопшто да дојде до расправа за тоа дали пон. или пет. Секој ден ќе биде за граѓаните.
Само се шалам, иако и најутопиското решение кај нас би можело да се преточи во практика и да профункционира. Нашиов народ е доволно наивен да истрпи се.
За пратенициве само еден “принуден (на неопределено време) одмор“ Power to the people!
(Аминта 1 Мај, 2007 - 13:12 | логирај се за да пишуваш коментари)
подршка без задршка но со издршка, а? На крај ќе остане сал дршката
Ама, сепак, пред да почнат со слободните денови нека изготват едно упатство за користење на законите, де. Неопходно е
--------------------------------------------
Аминта,
непосредната демократија е бајка за мали деца. Нашиве парламентарци веројатно заспивале со неа, па сеа преку посредство ја земаа непосредноста во свои раце. Најдемократски ова
(oksimoron 2 Мај, 2007 - 16:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
Трипати на ден пред јадење.
(Opal 4 Мај, 2007 - 22:09 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment