Знам дека со текстов ќе предизвикам гнев кај добар дел од вас, но одредена доза на гнев е сепак добра како движечка сила. Гневот е една од фазите, веднаш после неверувањето, а пред тагата во процесот на прифаќање и надминување на немилите случувања.
Денес славиме 18 години од одлуката за независност на граѓаните на Република Македонија. Претходните 46 години, пред таа одлука, бевме во федерација со уште шест други републики. Периодот пред таа федерација е исполнет со потчинетост на бројни окупатори, со повремени искри од неколкудневни прогласувања на независност како резултат на востанија во обид за ослободување. Треба да копаме навистина длабоко низ историјата за да наидеме на артефакти за слободата и независноста на овие простори и овој народ. Но, вештината за ископување не ни е доволно совладана, па со секое копање земјата си ја фрламе на грб и истовремено се закопуваме себе си. Не, не станува збор за прашање на техниката туку на логистиката. Процесот е комплексен а ние искомплексирани.
Значи, денес славиме независност. Точно е - имаме сопствена држава со сопствен парламент и влада, сопствена војска и полиција, сопствена валута, сопствено образование, сопствена царина, сопствена економска политика (хм...), сопствени закони, сопствен суд.... но, дали и покрај толкава сопственост сме навистина независни?
Излеговме од една федерација која имаше заедничка валута, заедничка војска и полиција, заедничка царина, заедничко судство, заедничко образование (предавано на соодветен јазик во соодветните републики), заедничка економска политика, заеднички парламент и влада во чиј состав беа претставници од засебните (сопствени) влади..... и се стремиме кон влез во унија со друга заедничка валута, заеднички воен сојуз, заедничка меѓусебна бесцаринска политика, заеднички закони и принципи на образование, заедничка економска политика, заеднички европарламент.... А таа аспирација за влез во новото заедништво не прави толку многу зависни, до степен што почнуваме сите НАШИ одлуки да ги правдаме со НИВНИТЕ стандарди. А ваму, независни сме...
Во првото заедништво бевме секогаш потценети и искористени, а во второво уште не влезени самите си го правиме истото. Копнееме за интегрирање како употребена гума за џвакање фрлена на улица што копнее да се интегрира во нечиј ѓон.
Знам, ќе речете - не можат да се споредуваат овие два вида на заедништво, различен принцип на организираност имаат. Точно е. Но заедништво е заедништво – обврзува и одредува заеднички правила!
Единствена независност на која можеме да се повикаме е периодот помеѓу излезот од едно заедништво и влезот во друго. Нашето „сега“. Минатото нека го зад нас, иднината уште не е дојдена. Сегашноста е наша. Но апсурдно, и таа независност е исполнета со куп зависности – зависни сме од мислењето на соседите, зависни од дневно-политички настани, зависни од партиската поделеност, зависни од невладините пари, зависни од фондовите и грантовите, зависни од бенчмаркови, зависни од преплатените медиуми, зависни од мислењето на евро претставиците, зависни од аспирацијата за влез во унијата, зависни од модерните перачи на мозоци, зависни од.... ма, зависно независни сме од независноста!
Каква-таква, наша си е независноста која ја имаме и нека ни е честита!
П.С.Дали ако еден ден станеме дел од таа унија и истата по одреден период се распадне ќе славиме нов ден на независноста?
До следната независност – среќно!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Септември, 2009 - 19:16
Коментари:
(Внукот 8 Септември, 2009 - 19:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
и
среќен ти роденден/личен/
(hemicarot 8 Септември, 2009 - 19:25 | логирај се за да пишуваш коментари)
Поздрав и нека ти е честит празникот и среќен роденден
(INSOMNIA... 8 Септември, 2009 - 19:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
``Дали ако еден ден станеме дел од таа унија и истата по одреден период се распадне ќе славиме нов ден на независноста? ``
Нема да славиме нов ден на независноста,ама барем ќефот ќе ми се направи ако до тоа дојде.Европската куртизана и нејзините дволични критериуми ми се веќе одвратни.Позз
(Effo 8 Септември, 2009 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
(seelenluft 8 Септември, 2009 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
Мојот омилен политичар(ова мора да го истакнам затоа што всушност не почитувам ниту еден политичар...тоа е најлошата професија после адвокатската)Хенри Кисинџер има кажано во една своја книга(сега не ми текнува насловот).
Парафразирам...ќе го распаднеме источниот блок со кока кола мики маус и левис фармерки. Тоа и се случи!!!
Додека овие продаваа филозофија за комунистичка независниост и праведност...империјалистите ја протнаа нивната илузија за независност и слобода.
Така иде тоа од векови па наваму.
Или што би рекол за крај ... и во рајот историјата се повторува.
Поздрав и секое добро.
П.С
Заврши ли гроздоберот ... дај некоја фото сторија.
(Meceto Usko 8 Септември, 2009 - 21:13 | логирај се за да пишуваш коментари)
(leonastefani 8 Септември, 2009 - 21:35 | логирај се за да пишуваш коментари)
(leonastefani 8 Септември, 2009 - 21:37 | логирај се за да пишуваш коментари)
Риспект за мислава. Ја испечатив на лист со големи букви и ја закачив на ѕид.
П.С: Среќен роденден
(Нено Богдан 8 Септември, 2009 - 21:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
(interpreter 8 Септември, 2009 - 21:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
Сепак битно е да славиме,да имаме причина да наздравиме,дали ќе биде за независност,за независност од независност или зависност од независност,независно...
Оние кои не ни дозволуваат да бидеме тотално незавсни се зависни од тоа...
Најважното го кажав на друго место!
(novajlija 8 Септември, 2009 - 22:37 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Virtuella 8 Септември, 2009 - 22:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
... Оксичка ... катастрофа анализава ... веќе не е празник ниту време на премолчување ...
... Да бевме во „ ДРУГ СИСТЕМ НА ВРЕДНОСТИ “ во кој интелигенцијата заврши на голи оток ...
... оттаму излеговме со радост ... се сеќавам ...
... Да ... трагаме во историјата и воопшто не се закопуваме , туку откопуваме факти и сведоштва од минатото ...
... и да ... на многумина од соседите тоа не им се допаѓа , но нивното мислење си е нивно право А МОЈАТА СЛОБОДА НЕМА ЦЕНА !!! ...
...за минатиот систем во кој не тепаа имаш право ... тие србијанците на секој можен начин не омаловажуваа ...
... но ... за ЕУ и НАТО ... освен поединци кои се немакедонци ... негледам САМОПОНИЖУВАЊЕ ...
... ЈАС СУМ МАКЕДОНКА ОД МАКЕДОНИЈА ... без разлика дали тоа им се допаѓа на соседи и обединети држави ...
... жално ... што некои поединци сакаат да ме понижат со ваков пост за МОЈОТ ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ...
... дали твојата размисла предизвика гнев кај мене ...
... дали мојот коментар предизвика СРАМ КАЈ ТЕБЕ !? ...
(gocajaska 9 Септември, 2009 - 07:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
“... но, дали и покрај толкава сопственост сме навистина независни?“ - тука го постави прашањето кое сите си го поставуваме ...
„... зависни сме од мислењето на соседите, зависни од дневно-политички настани, зависни од партиската поделеност, зависни од невладините пари, зависни од фондовите и грантовите, зависни од бенчмаркови, зависни од преплатените медиуми, зависни од мислењето на евро претставиците, зависни од аспирацијата за влез во унијата, зависни од модерните перачи на мозоци, зависни од....“ - тука ги даде дел од одговорите на горното веќе поставено прашање во истиот пост ...
Како и да е честита “зависна-независност“ ... “транзициона-независност„ ... или “контролирана-независност“ ... ако има потреба ке ги образложам поседните два термина ...
(Моја Македонија 9 Септември, 2009 - 11:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
(partik1 9 Септември, 2009 - 12:08 | логирај се за да пишуваш коментари)
Во време кога цветот се повеќе се испреплетува економски, културно и на многу други начини оригиналната односно теоретската замисла за независност на една држава е невозможна. Во светот не постои целосно независна држава. Како и да е се согласувам дека можеме и требаме (а со Господ напред)и ќе бидеме помалку зависни од некои организации и од други држави.
(SLaCk 9 Септември, 2009 - 12:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
Ни тежи независноста ептен, незнаеме што со неа па бараме чаре
А пакувањето денес има поголема улога од содржината
Хемичару,
Благодарам, честито и тебе
Insomnia,
Турбо фолкот кој ечи од секој агол не остава впелаток дека сме ослободени од српските канџи баш.... физичкото ослободување нема некој голем ефект доколку психички сеуште сме во кафезот
А и европските фондови имаат улога на сиренцето кое мами внатре во стапицата.
Изгледа дека и народот не гледа подалеку од власта, сиве овие 18 години....
Благодарам за честитките, поздрав и се најдобро
Ефо,
Можат да ни бидат одвратни нејзините критериуми, ама сепак не не одвратуваат – упорно ги исполнуваме
Поздрав
Sееленлуфт,
ѕидовите во нас ги претвораме во зидови околу нас
Мечето Ушко,
Создади им илузија на сонувачите, мало парче стакленце кое светка да ја разгори фантазијата... и потоа можеш да го насочиш пламенот на нивниот сон во правец кој ќе го избереш, без оглед дали се тоа куќите на истите тие сонувачи...
Историјата постојано ни се повторува, само географијата постојано ни се менува – имаше еден афоризам
п.с. заврши Гроздоберот, фото сториите чекаат на ред
Поздрав Мече
Леона Стефани,
и јас не верувам во мрачни сценарија мила, посебно кога мракот трае толку долго. Сценаријата во главно се прават пократки
Благодарам за убавите желби, прегратки од мене
Нено,
Чекаме некој да не згазне и така да не понесе со себе
Благодарам, се најдобро
Интерпретер,
Незнам зошто така.... поздрав
новајлија,
Од слава преку слава, до слава за слава
Да, знаеш ти да го погодиш местото
Поздрав
Виртуела,
Благодарам
Гоцајаска,
Криво ми е што токму ти се се најде „погодена“ од текстов кој најмалку имаше намера да вознемири луѓе со ставови како твоите (досега толкупати јавно изразени на блог). Очекував да реагираат оние на кои членувањето во ЕУ им е врвен приоритет, поради кој се подготвени на разединување заради владеење, оние кои ја фрлаат земјата од ископувањата врз грбот на ископувачите, кои го прифаќаат мислењето на соседите како аксиома при пресметката на задачите за исполнување на приоритетот (ЕУ), оние кои ја отфрлаат Македонија зашто поставуваат лажна дилема „или Македонија или Европа“, зависниците од потчинетост, ..... Гебелсовите ученици кои во сите други го гледаат него, како во свет на огледала.....
Не, не ме засрами твојот коментар. Само ме замисли дали јас лошо се имам изразено, или ти лошо ме имаш разбрано.... може да се и двете по малку
Сека и (лавам,
Ова се потпишуваш со разни никови свесно заради создавање на впечаток дека сте повеќемина или навистина станува збор за повеќекратна личност?
Кога изборот се сведува на селска фаца или градски паразит, за мене е комплимент твоето восприемање. Благодарам
Другпат, кога вака несебично делиш комплименти – потпиши се со своето блогерско ИД. Не е белким дека се срамиш од сопственото мислење?!
Вака - јас знам кој пишува, ти знаеш дека јас знам ама ќе си играме рингишпил за да не дознаат и другите
Моја Македонија;
одлична сублимација
додади и „манипулирана зависност“ и терминологијата ќе биде комплетна
поздрав
Партик;
благодарам за честитките
slack,
зависноста е економска точно е
но, наместо да работиме на економијата – ние работиме на зависноста. Тука е проблемот
поздрав
(oksimoron 9 Септември, 2009 - 18:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment