Ете, Тито речиси го воскреснавме. Уште ни виси по ѕидовите и не гледа мудро. Здружение му отворивме, кафеана разработивме, песни му пееме. И преседателот го инспириравме. По долги години монотона и неинвентивна пракса, човекот стана креативец. Кој би рекол?! Во сивилото на државничкиот кабинет светна идеа – да се изгради споменик на Маршалот. На сред Скопје. Ако. Споменик ко споменик. Белег на минатото, де. Полна е со лузни нашата историја. На места уште стојат завои, да ги прекриваат болните делови. Оние , сеуште незасушени рани. Но, коа ќе зацелат и тие ќе си добијат споменици. Еве, и на Скендер бег сакаат да му подигнат споменик. На борците од ОНА веќе им го подигнаа. Споменикот. Некои рани побрзо зацелуваат изглеа, ама природа си е природа – непредвидлива!
Парковите ни се полни со паднати борци. Никнуваат побрзо од цвеќето. Толку многу луѓе дадоа допринос за ние денес да бидеме таму кај што сме. На средина од никаде. Не сакам да ме сфатите дека го омаловажувам нивниот придонес, за мене нивната кауза е света. Ме иритира само генетската девијација , нарушувањата на ДНК и ред други биолошки неправилности (мора да е науката у прашање) кои доведоа до ваква еволуција . Веројатно порано, кога системот на вредности ни беше во параметрите на разумноста, револуционениот дух и идеолошките проблесоци, спомениците претставуваа одраз на чест и почит. Денес како да се тренд. А ние обожаваме трендови. Секакви. Само да се рече дека сме у тренд. Човек, колку тоа гордо звучи (горко е, знам). Па, уште човек у тренд – гордост до степен на самобендисаност и ароганција. Ѕвезди пред очи. А ѕвезди се гледаат само у мрак.
И, кога веќе толку копаме по минатото барајќи смисол за иднината.....се прашувам кој ден ќе осамне пред владата споменик – стилизација на мајмун кој се симнува од дрво. И под него со крупни букви „ ОНИ ПОЧНАА СЕ“.Колку да се знае кои сме и од каде сме. Ионака немаме претстава за кај сме.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Март, 2006 - 21:42
Коментари:
само едно. и-маме (ни ебат)претстава, секојдневна...за никаде сме. (Црнориз 9 Март, 2006 - 09:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
Црнориз, не сме за никаде...иако натаму не тегнат....сепак, жилави сме,де
(oksimoron 9 Март, 2006 - 15:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment