По се изгледа имаме сериозен проблем со еден префикс во нашиот општествено-политички дијалект. Да тргнеме со ред....
ПРЕИМЕНУВАЊЕ - горлив проблем со кој се соочуваме подолг временски период. Не ни викаат по име, ама извикани сме. Безгласна, безимена викотница. .
ПРЕБРОЈУВАЊЕ - избирачките списоци за ниедни избори не ни се целосно ажурирани. Или има вишок, или мањак. Битно, никогаш не сме токму.
ПРЕМЕРУВАЊЕ - ни за границата не сме баш сигурни. Секакви карти се цртаат и секое ново прецртување на Балканот завршува со нас. Подебелиот крај е наш.
Ако на ова се додадат и
пренемагањето на јавните личности,
препредноста на политичките елити,
претензиите на екстремистите,
прегрупирањата во коалициите,
премислувањето на електоратот,
превртливоста, преформулациите, претумбациите.....
Одамна веќе не се задоволуваме ни со малку ни со многу. Прифатливо е или премалку или премногу. Претерувањето ни е прелиминарно. Предуслов за преобразба.
Префиксани сме.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Мај, 2006 - 20:47
Коментари:
Оти изгледа имаш право кога велиш дека "...не сме токму"
(globus 9 Мај, 2006 - 20:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
(ASN 9 Мај, 2006 - 21:32 | логирај се за да пишуваш коментари)
Преврат, глобус, преврат.
(oksimoron 9 Мај, 2006 - 22:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
Или сме пре-варанти или пре-немагачи....Пре-дели на пре-пре-дени..
Пре-дадени на вечната и не-пре-мостлива глу-пост
(ASN 9 Мај, 2006 - 22:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
(tv-set on blue 9 Мај, 2006 - 22:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Црнориз 9 Мај, 2006 - 23:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
(oksimoron 10 Мај, 2006 - 15:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment