Friday, April 04, 2014

Супермаркет



Од 15 јуни влегуваме во еден голем, шарен супермаркет. Ќе разгледуваме по рафтовите богати понуди на разни артикли во примамливи амбалажи. Оддел за млечни производи. Оддел за тестенини. За сувомеснати производи. За зачини. За пијалоци. За средства за хигиена. За колачи и чоколада. За козметика. За макробиотика..... Изобилство од изборни програми и листи. За секого има по нешто. За сите вкусови. Па и за оние без вкус (нив ги привлекува или амбалажата или цената, а најчесто се загледуваат и во изборот на другите).

Ќе лутаме 20денови помеѓу рафтовите разгледувајќи ги детално. Одвреме-навреме ќе бидеме во тешка дилема, зашто еден ист производ се нуди во повеќе верзии. Што наши, што странски. Различен производител, различна амбалажа, различна грамажа - а сосем иста содржина. Дали ќе се избере вистинскиот?! Ќе ги читаме декларациите за состав и квалитет. Овој е здрав, оној не е. Овој е диетален другиот не е. За рок на траење не ни прашуваме. Си знаеме. 4 години. Иако, многу често се расипуваат пред истекот на рокот. Ама, се тешиме со правото на потрошувачки поплаки. Као, не завел маркетингот и погрешно сме избрале. Што е право, право е. Некои производители вложуваат огромни суми во маркетинг и рекламен (пропаганден) материјал. Без никој да ги праша од каде, зошто и како. Се водат од макијавелистичката девиза-целта ги оправдува сретствата. Па, според средствата .... скапа цел сме. А сепак - се продаваме ефтино. Апсурдно.

Гумите за џвакање и цигарите се секогаш пред самата каса. Значи, оралните занимации (и здрави и штетни) се пред самиот крај. Жвакаат и димат во ТВ дуели. Пред да ни се откуца изборот. Добиваме и фискална сметка со сите 120 одбрани продукти. И пресметан ДДВ (Данок за Доверба на Влада). Е дури тука, гледајќи ја сметката, размислуваме дали навистина ни требаат сите тие продукти, или сме одбирале онака, без многу размислување. Зашто, цехот го плаќаме сами.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 1 Јуни, 2006 - 17:25

Коментари:
  • Оваа година ќе биде опасно пошо главните адути, се тотално скапани, и длабоко засмрдени конзерви, од кои има огромни шанси да добиеме ботулизам.Живо ме интересира кој производ ќе го избереме на крајот. (nasty69 1 Јуни, 2006 - 18:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еј алал ти вера за коментарот! Браос (T-0-D 1 Јуни, 2006 - 18:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Затоа ја се снабдив од фри-шоп, не купувам македонски производи Eye-wink
    Шега на страна, ќе тркнам само набрзина да зеам фискална, да не купи некој со мои пари; шо ќе купам? Од сите по едно, за на крај ништо да не испадне
    iacovibus
    (iacovibus 1 Јуни, 2006 - 18:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Некои во овој супермаркет пазаруваат на вересија. Ги користат погодностите на одложеното плаќање.
    А каматата им ја плаќаат другите.... Eye-wink
    (oksimoron 2 Јуни, 2006 - 09:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е, точно, цехот секогаш го плаќаме сами. Затоа, памет во глава. (e-diary 2 Јуни, 2006 - 12:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • цехот е платен многу одамна, откако се одвоивме и судбината се дефинира таква каква Што е. Сите не залажуваат со производите? Мене во школо кога ме просветуваа ми велеа дека треба да изнесуваме тоа што произведуваме а да внесуваме тоа што го немаме, а кај нас е обратно, а впрочем и тоа сакав да го кажам. Така и бучко го просветуваше Влатко, ама спротивно, како тоа се прави во 4 очи. Премиерот е ОБРАТЕН. (blogenius 2 Јуни, 2006 - 13:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еден од проблемите кај нас е што не функционира законот за заштита на потрошувачите- па тоа старите конзерви на време ќе се фрлеа во депонија. Вака ни останува само да одиме на Бит пазар и да купуваме евтина шверцана роба. И онака кај нас ситните шверцери ги прават шефови на продавници. (Dzandarot 2 Јуни, 2006 - 20:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • како и секогаш окси погодуваш во сржта...се прашувам дали некој ќе ја погоди целта на овие избори или 4 години ќе лута со промашена цел... Eye-wink
    (Аrwena 2 Јуни, 2006 - 21:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Супермаркет“Македониум„,повелете не срамете се,и не брзајте...за сите има.Ова не ни се случува првпат,а ни последен...Само се чудам до кога ќе купуваме наслепо без да ја провериме датата на производство,рокот на траење,квалитетот,потеклото,туку како слепци ке ги полниме торбите и ќе (им) ги бацуваме (на) продавачите ... (lucija 3 Јуни, 2006 - 17:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон, иако не е моја омилена тема, одличен текст, а супермаркетот и продуктите на полиците ти се метафора на место. Ѕирни го последниот пост на Вклучи_се - "Прекинувач" http//try_km.blog.com.mk . (Beauty 3 Јуни, 2006 - 21:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Велиш ; Оралните занимации се сосема на крај; Па не би рекол. Зависи како ке ги подредиш. (OGI SINKO 4 Јуни, 2006 - 14:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Smiling
    А бе, за оралните занимации овде мислев на напразно движење на усните, без ништо хранливо вредно да се внесува.(т.е. напразно зборување)
    Инаку, за подредувањето у право си. Секој си има различен распоред на занимациите Eye-winkТуа иде до израз креативноста
    (oksimoron 4 Јуни, 2006 - 15:01 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: