Во својот пост „Избори-не гласај!“ Насти повикува на апстиненција и бара контра став зошто би гласал. Мојот коментар таму го приложувам тука како почеток на постов - „....Ајде ја јавно барам да изнесе некој спротивен став, сакам причина која би ме разубедила.Зошто на наредниве избори да гласам?, за кого да гласам за кретени или за идиоти?! ....“ Еве ти даам контра став Ако не излезеш на гласање и не се обидеш да дадеш свој допринос кон креирањето на државната власт, значи залудно критикуваш дека истата не чини. Зашто, со што би допринел ти да се смени она што не чини?! Со плукање?! Ја мислам дека им е доста и на ВМРО и на СДСМ да освојуваат мнозинства од пратеници. Сеа треба да се гласа масовно за помалите партии и да се добие досеа сал декларираниот плурализам(а уствари беше дуализам). Видовме дека немаше многу аир и од „владата на СДСМ“ и од „владата на ВМРО“. Затоа сеа да се погрижиме идната влада да биде народна влада, т.е. формирана од повеќе мали партии, при што секоја од нив ќе се грижи за одреден сектор. Секоја од нив да си се труди да даде максимум во секторот за кој одговара, а премиерот сал да ја координира нивната меѓусебна усогласеност на дејствијата. Еве, ја лично ќе гласам за Земјоделската Народна Партија. И сакам таа партија да раководи со секторот за земјоделие у РМ. Секоја партија да се сконцентрира и професионализира кон одредена област, со што би дала најдобри резултати. А не, ко шо иаме сеа - сезнајковци од сите области распраснати на сите страни , а никаде резултати. ....“ Сметам дека времето за доверба на само една мнозинска партија за формирање на влада, досега се покажа како неуспешно и нефункционално. Се остава простор така за малвезации и организиран криминал. Прејака концентрација на моќ е тоа. Да се има контрола врз сите значајни сектори во институциите на системот од само една гарнитура. Тоа не е демократско туку партиско владеење. Овие 15 транзициони години имаме искуство на ваквото владение и гледаме до каде тоа не доведе. Станавме партиски поделена држава, која транзитира помеѓу желбата за власт и неспособноста за практикување на истата од двете најголеми партии. Наместо плурализам имаме дуализам. За да излеземе од овој транзиционен круг, потребни ни се радикални мерки. Не сметам дека апстинирањето од избори е таа радикална мерка. Така само ќе покажеме незаинтересираност за иднината на нашата држава и чист, бришан простор за манипулација од партиите кои имаат цврста организациона структура. Потребно ни е масовно гласање за помалите партии. Да се создадат услови за формирање на влада во која ќе партиципираат повеќе учесници. Секој во одредена област, за која нуди најдобри решенија за проблемите. И секоја партија ќе си носи одговорност за успешноста на својот сектор. Кога ќе бидат тие насочени кон усовршување на една област, ќе постигнеме резултати во сите сфери на општеството. Сите на кои им е доста од едните или од другите, не е Македонија црно-бел свет. Си имаме многу бои, многу нијанси, многу идеи и програми. Ајде да ја обоиме нашава држава во боите на виножитото. Повикувам на гласање за новите, мали партии. Жал ми е што не го забележав порано постот на Панта Реи со една интересна теорија која на многу добар начин ја опишува мојата идеа за децентрализација на владата и зошто мислам дека учеството на повеќе мали партии во истата е добро за нас. |
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Јуни, 2006 - 16:05
Коментари:
Исто, староримската изрека вели - „По дождот сонце“. Ја би додала и виножито
(oksimoron 4 Јуни, 2006 - 16:32 | логирај се за да пишуваш коментари)
Демократијата најлесно може да се воочи преку избирање на трета страна во диаграмот. Нешто како философијата на „неврзаните“ на дедо Тито.
(iacovibus 4 Јуни, 2006 - 21:24 | логирај се за да пишуваш коментари)
Наместо да се апстинира, да се излезе во што поголем % и на изборното ливче да се заокружи било која партија освен СДСМ и ВМРО
(oksimoron 5 Јуни, 2006 - 13:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Shepard 6 Јуни, 2006 - 08:58 | логирај се за да пишуваш коментари)
У ствари...коа може СДСМ-КУЈНА, оти да не ?!
А бе, убаво предложи Жаре да си формираме ние блогерска партија. Бар немаше сеа да бидеме у дилема дали и за кого да гласаме
(oksimoron 6 Јуни, 2006 - 09:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
Вакви вулгарности обично бришам, ама еве тебе ќе те остаам за пример
Знам дека уште си дете и немаш право на глас, затоа - не се трти многу за џабе
(oksimoron 6 Јуни, 2006 - 18:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
точно е дека и апстинирањето од избори е демократско право, се согласувам. Во Македонија редовно апстинираат околу 30% од населението. Што од незаинтересираност, што од незадоволство.
Но, јас верувам дека кога тие би излегле да гласаат, битно би се сменила политичката карта на Македонија. Зашто, тоа се луѓе кои мислат со своја глава, не ги заведува популизмот. И знаат да изберат личности, а не да бидат понесени од предизборната бура. Затоа и апелирам за поголема излезеност на гласачите.
Големите политички партии како СДСМ и ВМРО си имаат стандардно гласачко тело. Ако не излезат неопределените и не го дадат својот глас за некоја од помалите партии - повторно ќе надвладеат овие двете со своите востановени структури. Дури и ако се гласа како шо предлага Насти - со трансформирањее на гласачкото ливче како невалидно (оти коа ќе допишеш и заокружиш по автоматизам станува неважечко), тие изборни ливчиња ќе се поништат и ќе останат само оние кои уредно се заокружени. Како што гласаат партиските структури. Плус, ќе им се овозможи % на излезеност дури иако самите немаат доволно гласачи, за сето тоа да биде најрегуларно Не го дозволувајте тоа.
Гласањето на избори е единствениот момент кога народот има прилика сам да одлучи. Ако не го стори тоа - ќе ги трпи „благодетите“ од својата неодлучност следните 4 години. И никој нема да му биде крив, зашто самиот „одлучил“ така.
Што се однесува до кредибилитетот на личностите кои формираа нови партии...точно е дека тие веќе имаат искуство во политиката. Но, имаат и храброст да дејствуваат кога мислат спротивно од партијата на која и припаѓале. Најсвеж пример е Поповска со своето делување за референдумот, а исто и Петковски. Што се однесува до Марјан Ѓорчев - тој е единствениот министер за земјоделие на кој се сеќава народот дека бил министер за земјоделие во последниве 15 години!!! Тоа кажува дека тој работел, допринел за развој на својот сектор, бил успешен. Дали ти сега знаеш кој е министер за земјоделие, како се вика и што работи, кои проекти?! Или, се сеќаваш на друг мин.за земјоделие у последниве 15 години? Ај, подумај и кажи ми име - речи тој и тој направи тоа и тоа за земјоделието. Верувај, од сето мислење ќе ти се вртат низ глава субвенциите кои ги додели Ѓорчев како министер, каналите за наводнување, минихидроцентралите, хидросистемите, Фондот за земјоделие кој го формира, бесплатните лозови насади, премиите за млеко и тутун, премијата од 2 денари по килограм грозје, пласманот на раноградинарските култури и јагнешкото на пазарите низ Европа.... Можеби сум пристрасна во поглед на состојбите во земјоделието, но верувај одамна ги следам состојбите зашто живеам и работам во регион каде од земјоделието зависи егзистенцијата на голем % од населението. Затоа и јавно си кажав за кого јас ќе гласам.
(oksimoron 7 Јуни, 2006 - 00:03 | логирај се за да пишуваш коментари)
каква и да биде делбата...у секој случај сметам дека ќе биде тоа благ
колач наместо солен ко досеа
Мене ми е жал што не го забележав постов порано, но
Good Bytes има
изнесено една теорија која во целост се поклопува со мојата замисла за
идна влада создадена од повече помали партии кои ќе работат сите
заедно, независни една од друга а сихронизирани.
Прочитај го тој текст, многу добро е аргументирана потребата од
децентрализација во повеќе сфери, па зошто да не ја децентрализираме и
владата?! Министерство по министерство. Верувам дека така ќе биде подобро за сите нас.
(oksimoron 7 Јуни, 2006 - 03:27 | логирај се за да пишуваш коментари)
што се однесува до министрите за земјоделие- потполно си во право- не памтам никој друг освен Марјан Ѓорчев, ама искрено, ниту пак него не го памтам по нешто позитивно (немој да ме разбереш погрешно, не велам дека правел нешто лошо, туку или јас не сум бил доволно заинтересиран за земјоделието во тој период, или пак тој во мои очи не постигнал ништо до толку вредно за да го запаметам по тоа), туку едноставно го паметам како човек кој често се појавуваше на телевизија, а за волја на вистината, во таа влада на ВМРО ДПМНЕ ретко кој министер не го знаев најмногу поради војната во Македонија, и пост воената состојба- па по цели денови сите министри ги имаше на сите вести. Значи зборувам само за перцептивна меморија, паметење по видување, а не по дела, не по нешто посебно. Ја спомнуваш Лилјана Поповска со нејзиниот став за референдумот, и ги нарекуваш луѓе кои имаа смелост да се кренат против своите матични партии- јас тоа го нарекувам политички трик- не мислам дека Тито Петковски се има басш одвоено од СДСМ, ниту пак Ѓорчев од ВМРО- ама на Љубчо, она народното- она што особено ме иритира е тоа што на сите нив им требаше повеќе од еден мандат за да увидат дека нивните партии не се во право, и да сватат дека разликите кои ги имаат со раководството и со идеологијата на тие партии се толку големи што веќе не можат да бидат ни фракционери во самите партии (кое го сметам како многу поздрава клима за разво на идеи, токолку потолно отцепување од матичната партија) туку чувствуваат неопходност да формираат свои партии и да ја спасат Македонија до големите. Зборувам во свое име- едноставно, не можам да верувам во тоа, многу повеќе би му дал шанса на некој човек кој до сега не бил на власт, па макар не бил воопшто ни во политика- отколку на политичари од типот на Тито, Лилјана или Ѓорчев (за Бранко, Никола, Бучко воопшто не ни помислувам) кои имаат и тоа каков товар на себе, кој јас го сметам за претежок за да можам да им прогледам низ прсти.
А кога сме кај апстиненцијата- не се согласувам дека партиите имаат толку големо гласачко тело за можат да добијат процент на излезеност на избори за да изборите се прогласат за важечки- оној принцип на излегување на гласање и поништување на гласачкото ливче е најлош- затоа што така тоа ливче влегува во вкупниот број на излезени граѓани, иако самото ливче е неважечко- тука веќе стапува на сцена сценариото кое ти го спомна- но доколку сите тие луѓе кои не мислат дека имаат за кого да гласаат, едноставно воопшто не излезат на избори- шансите за манипулација и валкани игри се многу помали. Мислам дека е време да престанеме да гласаме за помалото зло, ако некој не е сигурен дека има некој кандидат вреден навистна да го добие неговиот глас- според мене, апстиненцијата е вистинскиот избор- треба да се покаже дека нашите гласови се премногу вредни за да ги дадеме на било кого и само поради тоа шо мислиме дека некој друг е помалку лош (а не подобар) од другиот.
(Dzandarot 7 Јуни, 2006 - 08:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
Апстиненцијата не е начин. Ако не се излезе на гласање, изборите ќе мора да се повторат. Така да „кучињата ќе лаат, караванот ќе врви“ Имавме пример за неизлезеност на гласачите пред некоја година у Србија. Сетете се на случајот.
Освен тоа... македонскиот народ еднаш послуша повик за апстиненција од гласање. За референдумот (кога се носеше законот за територијална поделба). Видовме со што резултираше таа апстиненција. Не дозволувајте некои грешки да ни се повторуваат. Секој човек греши еднаш за нешто, но ако двапати згреши за иста работа .... тогаш...не е проблемот во проблемот, туку во обидот за неговото решавање
А гласачкото право на секој од нас е граѓанско право за формирање на граѓанско општество и можност за директно учество во неговото креирање. Самите ја создаваме државата и нејзиното уредување. Преку избори, преку гласања. Верувајте, иако цело време се труби за Евроинтегрирање, нема од Европа да дојдат и да ни изгласаат влада, ние самите мора да го сториме тоа, а тие да го прифатат нашиот избор. А со апстиненција и олеснуваме на досегашната олигархија и сите промашени досегашни избори.
(oksimoron 9 Јуни, 2006 - 13:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment