8-ми септември. Ден на независноста на Македонија. Државен празник. Ден кога македонските граѓани на референдум се изјасниле за својата независност.
17 години пред да се случи тоа, сум се родила јас. По тој повод сакам да споделам една семејна анегдота со вас.
Додека се породувала мајка ми, се породувале истовремено уште 4 жени. Баба ми (по татко) чекала надвор. Излегла некоја од сестрите и баба ми запрашала:
-Нада се породи ли?
-Нада? Да, се породи – и одговорила сестрата.
-Какво дете има?
-Машко, мислам.
-Машко?!
-Да.
Баба ми брзо, брзо се вратила дома и му ја кажала на татко ми радосната вест. А татко ми, среќен - пресреќен! Како угостител, им рекол на вработените во неговата кафана :
-Вечерва кафанава работи бесплатно за сите. Имам син! Сите нека знаат!
Примил и честитки од тие кои моментално биле внатре.
Било некаде околку 22 часот. Ја разбудил сестра ми (која е три години постара од мене) ја облекол во фустанче, и ставил машнички во косата и заедно со неа отишол и ги разбудил сопствениците на цвеќарата за да купи букети со цвеќе. Се награбал и бомбониери и правец во болницата кај мајка ми. Некако се испазарил со сестрите да го пуштат внатре. Не било тогаш како сега, да може и таткото да присуствува на породувањето, ниту пак да го види бебето пред да го пуштат од болница.
Со самото влегување во собата кај што била мајка ми, нејзе и станало јасно дека нешто не е во ред. Додека била бремена и имал кажано дека ако биде пак женско, нема воопшто да дојде на посета. А сега, ете го со огромен букет од кој одвај се гледа самиот. И пришол и, со насмевка од уво до уво, ја избакнал :
-Нека ни е здрав и жив синот.
-Коле... Никола... слушај.... Незнам кој што ти кажал, ама... имаме ќерка.
-Хехехе, не ме зафркавај сеа, знам дека е машко, мама ми кажа.
-Не е машко, женско е.
-А бе, сеа ме зезаш оти реков дека нема да дојдам ако е женско. Знам.
-Не. Навистина имаме ќерка.
Ја гледал збунето неколку минути и ја прашал:
-Ме зафркаваш, нели? Кажи дека ме зафркаваш. Мене мама ми кажа, таа беше тука и чекаше. Сестрите и кажале дека имам син. Не ми прави сега вака. Не е возможно ..... не, јас имам син..... не ти верувам, ме лажеш дека е женско....
-Не лажам. Јас го родив, знам дека е женско. Сестри!!! – викнала силно мајка ми – Донесете го детето да го види!
-Не....не, не верувам! Лажете! Сите лажете! Сте го смениле детето. Јас имам син! Каде е моето дете?! Каде е мојот син?! Сте ги замениле децата! Ќе ве тужам сите! Дајте ми го мојот син!
Се насобрале сестрите, лекарите... настанала мала збрка. Сите му објаснувале дека нема никакви шанси детето да биде сменето, дека по самото раѓање веднаш на рачето им стават пластична бележица со името на мајката. Но татко ми викал, се карал и заминал налутен со закани за тужби и медицински анализи за татковството.
Потоа, додека растев, многу често кога се расправавме за нешто со татко ми тој знаеше да ми рече:
-Не се расправај со мене. Ти не си моја ќерка. Тебе те смениле во болница. Јас имам син. Ќе видиш - ќе дојде, ќе се појави од некаде.
Во почетокот тоа ме повредуваше, но со тек на време научив да го користам во своја полза:
-Што ми викаш? Јас не сум ти ќерка. Кога ќе дојде твојот син, кој ти го замениле со мене, нему викај му. Мене остави ме на раат.
Синот не се појави никогаш. Ама, верувам дека му бев достојна замена. Бев бесно, пргаво дете кое повеќе се дружеше и играше со момчиња наместо со девојчиња. Тепав, ме тепаа, се качував по дрвја и покриви, немав кукли, крадев зелени сливи и кајсии, бев груба, дрска, правев разни вратоломии со децата на улица, често бев извалкана и со бушава коса, возев мотор, тренирав карате..... му докажував на татко ми дека ЈАС сум неговиот син.
|
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Септември, 2007 - 21:24
Коментари:
Далеку си од остарена, а за паметот, не се секирај...
Среќен Роденден драга моја.
ПС. Повторувај на глас, јас имам 20 години, и 13 години искуство
(Леонова 8 Септември, 2007 - 21:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Бунка 8 Септември, 2007 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)
Окси, среќен ти роден ден и да си здрава жива и весела, каква што си де
(RIBARO 8 Септември, 2007 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
мислиш дека има уште многу години пред мене за да се опаметам, а?!
Благодарам мила, добра финта е тоа со искуството
Бунка,
а бе, ја одвај сопрев со растењето, ти сеа ме тераш пак . Нуму така, де
Благодарам БУ
(oksimoron 8 Септември, 2007 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
велиш, во моја корист е тоа зезнувањето.... оптимистичката варијанта е таа
Благодарам за честитките драг пријателе
(oksimoron 8 Септември, 2007 - 21:58 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Леонова 8 Септември, 2007 - 22:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
Велиш “ ...Денес полнам 33 години. ТриесетИтри години. Остарев а паметот не ми дојде...“
No worry, има овде доста попристојно постари блогери од тебе, што не им дошол паметот, па повторно се е ОК. Знаеш, на тие што не им доаѓаа паметот во глава цел живот, секогаш ги следи некоја среќна ѕвезда во животот.
Ти кажува зорив од лично искуство.
Поздрав
З
(zoriv 8 Септември, 2007 - 22:24 | логирај се за да пишуваш коментари)
машкуданке..
(Даблви 8 Септември, 2007 - 22:28 | логирај се за да пишуваш коментари)
ти верувам мила моја, ама кажи ми колкугодишно искуство е тоа ( она над 20, де )
Зорив,
ме трефна у нерв - и јас мислам дека секогаш у животот сум имала повеќе среќа отколку памет
Годините не влијаат многу на тоа, ама сепак.... се вадеме на нив
Даблви,
Благодарам. Тоа машкуданестото важеше сал за детството, де. Сеа тренирам женственост
(oksimoron 8 Септември, 2007 - 22:37 | логирај се за да пишуваш коментари)
(zoriv 8 Септември, 2007 - 22:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
А паметот...негде по пат се загубил
(Леонова 8 Септември, 2007 - 22:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Леонова 8 Септември, 2007 - 22:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
Леонова одсекогаш имала вкус
Леонова,
дваесеТИНА години искуство.... хм...ќе те втасам и ја
(oksimoron 8 Септември, 2007 - 22:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Леонова 8 Септември, 2007 - 23:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
Или, смени ја границата од 20 на 30 и да си бидеме генерација по искуството
(oksimoron 8 Септември, 2007 - 23:05 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Леонова 8 Септември, 2007 - 23:14 | логирај се за да пишуваш коментари)
п.с. ме расплака со приказнава...
(виолетова 8 Септември, 2007 - 23:33 | логирај се за да пишуваш коментари)
Мислам на мене , а баш вчера оставив коментар на прошлиот пост.
Јас мислам дека таткоти во тој момент да знаел што човек ќе стане од тебе, ќе ја наполнел собата со цвеќе на твојата мајка
Нека ти е СРЕЌЕН зависно-НЕЗАВИСНИОТ роденден и знај не секогаш е до паметот, до мудроста е стекната со годините.
Поздрав
(М.И. 9 Септември, 2007 - 09:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
(кибицер 9 Септември, 2007 - 11:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
(ververickata 9 Септември, 2007 - 12:32 | логирај се за да пишуваш коментари)
Сега само што се вратив од кавадарци. Да знаев порано, можеби и пиво ќе карев од тебе. Ајт!
(tunic 9 Септември, 2007 - 13:18 | логирај се за да пишуваш коментари)
Хехе, екстра е приказнава!
Ме потсети на Фиренца, во цутот на ренесансата, кога, ако се родело машко дете, гласник шетал низ сите улици со тапан во рацете и викал силно: во таа и таа фамилија се роди ДЕТЕ! И цел град славел до три дена.
Кога ќе се родело женско дете, сите биле во жалост, никаков гласник низ градот, туку само тивок шепот по скришните ќошиња во ноќта, и сочувство кон семејството кое закачило несреќа.
(Dozgulpmus 9 Септември, 2007 - 13:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
...чинам си од малиот варош (така го нотирале Кавадарци во српските учебници по географија пред Втората светска војна) од кој е и баба ми Менка, мажана 42 за Бошка Караџа (дедо ми). Кутрата ми баба била 8 - смо женско дете поред во фамилијата на Тодо Видев (Видовци) и Невенка Видова (од Ваташа), па ја крстиле Менка, за да Смени, Мени, да Промени, да удри на машко во наредниот пород.
Па тогаш според старите кавадаречки обичаи, ако и наредното дете биде женско тогаш тоа се Менува со новороденото машко дете или на братот или на братучедот, но ако и само ако братот имал живо и здраво друго големо машко дете.
Па така по една година, по баба ми Менка се родило пак женско дете. Размената морала да следи, некој морал да ја наследи куќата. Дедото Тодо го погледнал новороденото девојче и воскликнал: НЕ МОЖЕ, не ја даваме Невено, не може.
... и така фамилијата Видовци веќе во Кавадарци не постои!
(Караџа Бошко 9 Септември, 2007 - 14:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
чекор по чекор... годините ни танцуваат
Виолетова,
благодарам мила. Приказнава немаше намера да растажи, туку да насмее. За растажување имам други приказни (тешко дека ќе ги ставам на блог некоаш)
јаснесумјас,
ех, со татко ми има уште куп антологиски дела Благодарам за честитките, а за независноста.... па постара сум 17 години од Македонија на тоа поле, искуство си е искуство, де - мора да сум и понезависна од неа
Кликер,
твојата независна зависност одлично се сложува со мојата зависност од независноста Треба да се сретнеме некој ден и да пиеме кафе заедно. И ти си во Кавадарци, нели? Благодарам за честитките
М.И.,
а бе, татко ми ја наполнил собата со цвеќе, ама тоа оти мислел дека сум машко Иначе, по долги години меѓусебно несогласување - на крај ми рече дека иако не сум машко, сум му била омиленото дете и дека се гордеел многу со мене. Ми значеше тоа многу.
Благодарам за честитките и.... зош сеа вака ми правиш, бре?! Сеа покрај паметот треба да ја чекам и мудроста да дојде... шо е ногу- ногу е, де!
Кибицер,
ти благодарам пријателе. А за паметот - па може и без него, де
Верверичке,
на твоите желби ги додавам и моите и ти посакувам и јас тебе се најубаво. Благодарам
tunic,
какво бре пиво у Кавадарци - тука можеш сал вино да добиеш! И зош си заминал толку рано, требало да останеш и вечерва за концертот на Тоше. Ајде брзо назад
Благодарам за честитките
Dozgulpmus,
имам ја уште вакви екстра приказни, еве само ќе зачнам уште една : Кога се омажив многу рано, татко ми неможеше да ја прежали таа моја одлука и јавно се откажа од мене. Не зборувавме две години поради тоа. Потоа сепак ме побара и се искаравме оти не сум отишла да побарам прошка од него - сум била инает иста ко него
Благодарам за честитките
Караџа Бошко,
моите родители, после мене, имаа уште еден обид за машко дете. Ама, повторно „неуспешен“. Три сестри сме Но, сепак, само околу моето раѓање била „нејаснотијата“ и збрката и ни е најчесто споменувана приказна дома
А Видовци во Кавадарци можеби повеќе ги нема, но Караџови истрајуваат
Благодарам за честитките
Поздрав
(oksimoron 9 Септември, 2007 - 15:58 | логирај се за да пишуваш коментари)
Среќен роденден.
(Mera 9 Септември, 2007 - 16:08 | логирај се за да пишуваш коментари)
имаме сличности
Благодарам
Синоок,
мило ми е, има малце сино колку за шмек, де
Поздрав
(oksimoron 9 Септември, 2007 - 18:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
Ми се допаѓа како раскажуваш.. а твоите уше колку пати и да се обидуваlе, секогаш би имале женско.. така одат тие работи
(seelenluft 9 Септември, 2007 - 21:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
благодарам мила
Зарем не се спрепнуваат у одењето понекогаш тие работи, де?! :)
(oksimoron 10 Септември, 2007 - 05:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
Знаеш што, мене дома секогаш ме доживувале како машко исто така. Мајак ми и ден денес ми кажува" "Сине ти си требало машко да бидеш", а кога бев мала кажувале дека за 9 деца сум вредела. Да ти кажам искрено не знам зошто!
Кој ќе се издува кога е дете, после е многу мирен!
Поздрав голем
(Natka 10 Септември, 2007 - 07:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
благодарам за честитките
Значи, и двете сме биле „синови“ дома. Можеме да оформиме и клуб на женски синови, бре
Ама, за нешто ме збуни.... велиш:
„...Кој ќе се издува кога е дете, после е многу мирен!...“
Хм... изглеа јас уште сум дете (дете со ајле години искуство, според финтата на Леонова ). Никако да станам мирна
Поздрав мила моја
(oksimoron 10 Септември, 2007 - 17:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
(femgerila 10 Септември, 2007 - 18:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
хехехе, те разбирам сосема. Од твој аспект гледано, сигурно си вложила голем напор за прошката
Благодарам
(oksimoron 10 Септември, 2007 - 18:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
(dr. Max 18 Септември, 2007 - 13:48 | логирај се за да пишуваш коментари)
(oksimoron 19 Септември, 2007 - 22:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
Еве една закаснета честитка од мене ... Во време кога првпат го читав текстот и смиот не сватив дека се работи за тебе и твојата фамилија ...
Башка вака ги скри и годините ... После 33 година од животот жените ги гријат годините како змија нозете ...
Одпосле видов уствари дека на сите им текнало - дека ти е роденден ... Секојпат коментарите ги читам одпосле одкога ке го пуштам мојот коментар ...
Е сега за годините ... си ги кажала на крај ... пак ли едитираше во постот или јас не сум го дочитал изворно пред одредено време ... Ама сепак си ги смрзнала на 33 ... Значи идната година нема пост за твојот роденден ...
(волан 26 Септември, 2007 - 14:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
од самиот почеток постов си е таков каков што е, немам едитирано ништо. Не си забележал, ама текстов е наменски баш за мојот роденден
Благодарам за честитките:)
А за годините - ја не планирам да остарам, бре! И на 60 години ќе си ги кажувам годините со гордост. Ќе бидам ко Тина Тарнер и Софија Лорен
Поздрав и се најдобро
(oksimoron 27 Септември, 2007 - 07:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
И таа требаше да биди асолна баш-држава(СИН) а испадна некаква си калпава заебанција.
За тебе се радувам што си ваква каква што си а за државата ми вечно,или барем додека не ја вистински опраиме ќе се саклдисвам како татко ти иако не е свесен дека имал мнооогу повеќе среќа и од мене и од многу други.
А мене во слична ситуација на неговата ми се роди вистински СИН со кој вечно ќе се гордеам но додека државата ми е ваква ќе бидам стално на штрек и за синот и за ќeрката и за сите нас.
(ИтарПејо-Бедуин 27 Септември, 2007 - 08:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
туф, туф... ама ми кажа сеа....
„...требаше да биди асолна баш-држава(СИН) а испадна некаква си калпава заебанција....“
Фала, фала
(oksimoron 27 Септември, 2007 - 18:48 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment