Friday, April 04, 2014

Прислушкување


Тито Петковски вчера изнесе во јавноста информација дека четирите поголеми партии во Македонија имале сопствена опрема за прислушкување. Сега, тој како долгогодишен член на потесното партиско раководство на СДСМ, со сигурност може да ЗНАЕ информации единствено за поседувањето таква опрема од страна на СДСМ. За сите други партии може само да ПРЕТПОСТАВУВА. Знаете, по логиката - демек, ако СДСМ има, зошто да немаат и тие?!
Додека сите други партии со своите изјави се оградија од можноста да поседуваат таква опрема, единствено СДСМ не ја исклучи оваа опција. Ја проголта фрлената јадица од Петковски. Као, има партиски централи за прислушкување, ама во ДПМНЕ. Кога една партија, која 10 години била во извршната власт на државата, ја остава отворена солуцијата за вонинституционално поседување на софистицирана опрема за прислушкување...логично се поставува прашањето дали истите поседуваат таква опрема.
Изгледа дека полека се одмотува клопчето за аферата прислушкување 2001 година. Ќе излезе на виделина потеклото на стенограмите и касетата со кои мафташе Црвенковски во парламентарното собрание. Тој тогаш обвини дека прислушкувала владата, и со оглед на тоа што јавноста знаеше дека единствено МВР има опрема за прислушкување - логично звучеше. Покасно се испостави дека немало врска тоа. Сеа, со новите моменти, самиот случај добива друга димензија. Се наѕираат контурите на прислушкувачот....изглеа Црвенковски (како лидер на СДСМ тогаш) стенограмите и касетите ги добил од сопствената, ПАРТИСКА централа за прислушкување ;)

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 25 Октомври, 2006 - 13:52

Коментари:
  • Се си има цена пријателе па и оваа изјава на Петковски.Не случајно сега излегуваат на видело овие работи.Играч е Тито не е заебанција (kire_mkd 25 Октомври, 2006 - 14:13 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мене цело време ме прислушкуваат.
    Ама јас ги заебавам и цело време си чутам.
    (Vinetu 25 Октомври, 2006 - 14:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Импичмент
    (некој 25 Октомври, 2006 - 15:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Прислушкувањето не е новитет во Македонија
    Тито збира некои си политички поени во моментов, кој најверојатно сака да ги искористи во блиска иднина (ке видиме како)
    Се секаваме на времето кога БАНЕ мафташе со стенограмите во парламент....Тоа беше класичен хакерски упад во телекомот...а не како што тврдеа тогаш некој поседува ШО ЗНАМ ЈАС КАКВА ОПРЕМА...
    Според мене кривицата лежи во Македонски телекумуникации....Не го заштитуваат системот од упади
    (sting EYE 25 Октомври, 2006 - 16:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бане (ко шо милуваш да го нарекуваш) никогаш не објасни од каде му беа стенограмите. Ниту пак ја достави касетата со снимени разговори. Ненадејно таа аудио касета исчезна. Но постигна ефективен удар врз тогашната влада и овозможи серија удари врз истата. Потоа, никогаш не се појави на судските распити за случајот. Иако тој ја промовираше аферата во јавност, вешто избегна секакво понатамошно повикување на неговото име во контекст на аферата.
    Се разгледуваа тогаш сите опции за случајот прислушкување, се истражуваше во МВР и во Телеком како единствени институции кои јавно (и легално) поседуваат таква опрема и се бараше виновник таму. Очигледно се барало на погрешно место. Smiling
    Сеа, кога Тито обзнани дека некои партии поседуваат опрема за прислушкување....се поврзуваат многу делчиња. Станува појасна сликата за настанот Eye-wink
    (oksimoron 25 Октомври, 2006 - 17:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Види - колку што се сеќавам Петковски во изјавата нагласи дека “таа партија“ тогаш била во опозиција ...
    Ако тогаш била во Опозиција сега е во власта ...
    На јадицата се фати ВМРО - која упорно тврди дека таква опрема нема ....
    Предпоставувам дека се работи за некакво ценкање на стариот волк со ДПМНЕ ... нешто не му е по воља ... и вака најавува дека ако треба и коалицијата ке ја раскине ....
    Многумина и мислат дека Петковски коалицијата ке ја раскине на почетокот на третата година .... Ако тогаш не ја раскине - тој политички е мртов на слените избори ... но ке видиме да сем живи и здрави ...
    (волан 25 Октомври, 2006 - 19:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Муабетот ми беше
    Постојат личности (сигурно не се од Македонија) кои во ское време за одредена сума на пари и одредени услови на дилот можат да извршат упад во Македонски телекумуникации...
    Дури во некои кругови се шушкаше дека во времето на Аферата Бане имаше ангажирано дете од Финска кое ја среди работата....нормално профи и за добра лова
    Верувам дека и другите го возвракаат ударот (као-империја возврача ударац)
    (sting EYE 25 Октомври, 2006 - 19:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • цитат..
    ...логично се поставува прашањето дали истите поседуваат таква опрема...
    не да поседуваат..
    туку..
    за неколку илјади евра денес..
    Џемс Бонд може вода да ни носи..
    најинтересно парче за мене е она..
    ти типкаш на тастатура..
    на екранот кај шпионот излегува текстот..
    инаку..
    општо е познато дека МК е плодна почва за шпиони..
    и ретко кој одговарал за тоа..
    (anaveno 25 Октомври, 2006 - 22:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Шо знам... мене целава Вотергејт работа ми е смешна некако
    Треба да ја бараме Доста, она да ни каже што е и како е; или барем што беше, и како беше
    Cool
    (iacovibus 26 Октомври, 2006 - 09:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • волан,
    тогашна опозиција...се мисли на аферата прислушкување која пукна во јануари 2001 година. Ај, подумај кој беше опозиција тогаш Eye-wink
    Јас не мислам дека Тито ќе ја раскине коалицијата со ДПМНЕ. Тоа за него би значело уназадување од програмската определба за следење на модерните реформски процеси внатрепартиски. А од друга страна, би делувало крајно несериозно и неодговорно.Тито сепак е сериозна личност и држи до себе и својот интегритет Smiling
    Стинг и анавено,
    а бе, технологијата се развива со светлосна брзина. Не велам дека нема 007 финти, ама поентата ми беше дека постои можност истрагата за аферата прислушкување 2001 да добие нов правец. Досега беа обвинувани легалните институции кои легално поседуваат таква опрема. А сега се испоставува дека таква опрема може да има секој кој ќе пројави интерес за прислушкување Eye-wink
    iacovibus,
    мене ми текнува на еден постар скеч од К-15.....кога едниот збори на телефон и му вели на соговорникот да пази што збори, оти може ги прислушкуваат. Па потоа му звони пак телефонот и од другата страна некој вика, се кара - „кој, бе вас ќе ве прислушкува?! Немаме ние друга работа - вас ќе ве слушаме! Не се занесувајте, не си земајте такво значење....Они нас брадичките....И вади ја таа сликата од ѕидот! Слушна?!“
    Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling
    А за Доста....ниеден вработен во тие служби не смее никогаш да зборува за својата работа. Етички кодекс на професијата. Јас сепак сметам дека таа беше неправедно обвинета, но премолча во интерес на општо добро. Eye-wink
    (oksimoron 26 Октомври, 2006 - 11:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • многу Вести гледаш.:) (Шанкуре Блог 26 Октомври, 2006 - 14:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Шани,
    А бе, тоа оти не глеам шпански серии. Затоа гледам вести. А, и подобар заплет имаат, де Sticking out tongueSmiling
    (oksimoron 26 Октомври, 2006 - 16:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments: