Порано предизборните кампањи, за да ги истакнат разликите или нагласат сличностите, во основа ја имаа поделбата на „ние“, „вие“ и „тие“....па до „оние“.... Се бараше идентификација со одредена група, која би ги спровела идеите и заеднички би делувала во насока кон подобра иднина.
Деновиве се изнаслушавме политички маркетинг изразен во прво лице еднина:
„ЈАС ја сакам Македонија најмногу“
„ЈАС го донесов кандидатскиот статус за државата“
„ЈАС ќе се изборам за влез во НАТО веднаш по изборите“
„ЈАС ќе донесам покана за ЕУ во рок од шест месеци“
„ЈАС знам како“
„ЈАС можам“
„ЈАС ќе ти кажам Никола...“
„ЈАС!“
„ЈАС!“
„ЈАС!“
Сирота Рада, се мора сама. Па, кога ќе подразмисли човек.... еве, да се стави во нејзина ситуација.... и нема друга личност во таа партија! Бар не некој кому би можела да верува. Се само пропалици, истрошени фигури. Никој не знае, никој не може како што таа знае и може. Таа и само таа.
Во медицината има дефиниција за таквото однесување:
„ Прекумерно истакнување на сопствената личност , проценување на нештата исклучиво преку сопствената личност и став, што резултира со неспособност за објективно проценување“.
Дефиниција за егоцентричност.
Егоцентричност во женски фустан.
Од друга страна, лидерката на опозицијата многу често, посебно кога сака да звучи убедливо, го користи изразот „богами“. Тоа е израз со странско потекло (србизам). Означува колнење во бога, или пандан на македонското „жими господ“.
СДСМ се декларираат како партија со левичарска идеологија. Наследници на комунистичката партија на Македонија, која функционираше во склоп на КПЈ. Комунизмот не признава вери и цркви. Во оној 45 годишен обид за воспоставување на такво државно уредување, видовме дека највисока позиција (боговска) има претседателот на единствената дозволена партија (задолжително и претседател на државата). Е сега, левичар кој се колни во бога... создава сомнеж. Едноставно, нешто не штима. Во кој бог се колне Рада? Во оној кој не постои и не го признава, или... во оној кој има таков третман во нејзината идеолошка перцепција? Богот Б.Ц ?!
п.с. Партиите се обврзаа дека по завршувањето на изборите ќе ги отстранат сите плакати кои ќе ги залепат во времето на кампањата. Ме интересира.... дали ќе ги отстранат и блоговите кои ги отворија наменски за кампањата?!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 21 Мај, 2008 - 19:21
Коментари:
Убав пост и ми се допаѓа забелешката БОГАМИ. Доста духовито. Голем поздрав
(molika 21 Мај, 2008 - 20:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
ја само да се пријавам у портирница кај тебе...
(interpreter 21 Мај, 2008 - 21:49 | логирај се за да пишуваш коментари)
(виолетова 21 Мај, 2008 - 21:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
изглеа не се прележува егоцентричноста, туку се носи во себе и може симптомите да не се толку изразени одреден период ама во дадени моменти (зависно од условите) - се добива силен напад!
молика,
ја сепак мислам дека за парите што ги даваме (т.е. ни ги земаат), ова што го гледаме е ефтино шоу! Веќе видено! Ама, крајниот резултат ветува
Иначе, вистинско освежување беше кога првпат ја слушнав во некоја изјава да го употреби изразот „богами“ - ми беше виц на денот
Поздрав
Arschloch2,
па, блоговите кои „се залепија“ на блогерајов (од сите инволвирани во изборите), со сите банери, слогани, слики и говори - баш како изборни плакати се во виртуелниов простор
И, ако ги одлепуваат во реалноста, би било ред да го зачистат и виртуелниов простор после изборниот процес, де
(oksimoron 21 Мај, 2008 - 21:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
пази, портирот манипулира со детекторот за метал, го вклучува намерно да свири додека минуваш (ептен е љубопитен што носиш у џепови и у ташна, а „богами“ и под алишта).
Затоа, ако те гњави, барај помош од пријател (т.е. ЈАС) и одма ќе го средиме
Виолетова,
благодарам мила
Поздрав
(oksimoron 21 Мај, 2008 - 22:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
море чек да ти кажам една случка ког сме веќе на темава
у Куманово некој шиптар паркирал колата на центар и се вратил кога гледа му го нема касетофонот.И викнал увидна да направи извештај кога на задњо седиште Калашњиков.
А бре,а овој што е?
Овај ја,овај...тој пушка
Како бре пушка, па чива е?
Моја...
Аха,значи за касетофон ти е жал, а орушје илегално што носиш тој ништо!!! Ајт у станицу
Тој ти се вика Stupid criminals
(interpreter 21 Мај, 2008 - 22:09 | логирај се за да пишуваш коментари)
Ова некоја телепатија или чиста случајност на постовиве?
Шекеринска и нејзиното “ЈАС“
Поздрав
З
(zoriv 21 Мај, 2008 - 22:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
...кога ќе видам како со показалецот мафта на сите страни како со мач,право да ти кажам и мене страФ ме фаќа од неа...
...али се наоѓа за плашење деца кога се непослушни ...
(Virtuella 21 Мај, 2008 - 22:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
Добра е да плаши деца у градинку пред спање
(interpreter 21 Мај, 2008 - 22:11 | логирај се за да пишуваш коментари)
(glimpse 21 Мај, 2008 - 22:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
Еееее баш тоа сакав сеа да напишам за блоговите и партииве. Па ако сервисов е бесплатен, не треба сите ретарди да отвараат блогови. Земале будала да ме прават, отвориле блог на Јанкуловска, Ѓорчев, не знам, шекеринска или кој се не.. Демек они блогираат! Народот не е толку лесен за манипулација! Тоа ти е ко сеа ја да земам и да се претставувам како друга личност и на тој начин да собирам ефтини поени. Дај нека земе Трендо да им забрише тоа покаканите блогови, ако ништо друго нека не праи будала од себе да им отстапува бесплатен рекламен простор
(Меанџи 22 Мај, 2008 - 00:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
интересна случка кумановке
поучна
ех, вие кумановци сте полни со забавни (а поучни) анегдоти
Поздрав
Зорив,
телепатија или случајност.....и двајцата сме ја забележале истата работа. Пресилно изразената егоцентричност не испровоцирала слично да реагираме.
Поздрав
Виртуела,
показалецот у комбинација со драмските паузи во говорот, па интонацијата.... ма, не се опишува - треба да се види тоа!
glimpse,
цртаниот се викаше „Три банани“ и таму змејот кој викаше „Плаши се од мене“ ( а детето одговараше „Не се плашам“) всушност сакал да биде чучулига! Чу-Чу- лига - прва лига, еј!
Arslchoch2,
велиш - и столиците во комплет со масата?! Кој ќе наседне - наседнал, а?!
Меанџи,
нема ништо страшно во партиските блогови, кој и да блогира во име на своите претпоставени, ама да се има троа осет, де
Ко што викаш:
„...Тоа ти е ко сеа ја да земам и да се претставувам како друга личност ....“
Така е професоре! Ти тоа најдобро го знаеш.
(oksimoron 22 Мај, 2008 - 06:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
(glimpse 22 Мај, 2008 - 07:24 | логирај се за да пишуваш коментари)
е подобро она ЈАС или ЌЕ! ...
ТИЕ ќе си ја наредат (кавадаречки дијалект)
или ќе се учипат (скопски шатровачки дијалект ) , НИЕ, ВИЕ и ОНИЕ (http://sssvrk.blog.com.mk/node/158237 ) што ќе правиме?
(batadjango 22 Мај, 2008 - 08:33 | логирај се за да пишуваш коментари)
(RIBARO 22 Мај, 2008 - 09:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
поздрав.
(волан 22 Мај, 2008 - 13:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
тоа е баш поучен цртан мила
batadjango,
и ти ли, бога ти..... подзамислено, одзамислено, несмислено, измислено.... ние, вие, тие, оние..... ќе праиме шо ќе праиме, ќе си ја наредиме сами работата - ако не се суредиме сами првин (коа веќе сакаш кавдаречки лаф)
линкот ме наежи скроз..... дур ни туа си играме ластик со коментариве, некаде луѓето страдаат
Рибаро,
фала за комплиментот (мој си е!), а за критиката - не фала (не е моја, бре - не ја сакам)
Оти, не им ги давав јас улогите, сами си ги зедоа Сеа, лоши/арни - нека си го играат тоа што си го одбрале
волан,
ма, туа су ја И со мене и без мене - се е добро штом добро ќе заврши(многу глеам цртани ц,ц,ц)
Иначе, подобро ја да фалам отколку даска у глава, де
Благодарам пријателе, поздрав и до тебе
(oksimoron 22 Мај, 2008 - 19:01 | логирај се за да пишуваш коментари)
До тогаш ќе може да дишиме
(nadezna 25 Мај, 2008 - 00:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
Егоцентричност, а како ти звучи САМОБЕНДИСАНОСТ споено со КУКАВЧУЛУК. Медицинското толкување ти го оставам тебе.
БОГАМИ ти е типичен скопски израз, си залетала малку но простено ти е, гледам од Кавадарци си, а и Батко Џанго ти објасни.
СДСМ се декларираат како левичарска партија, но самото тоа не значи дека се безбожници. Во светот само десничарите ли имаат ексклузивитет на Бог. Наследници на поранешна Комунистичка партија НЕ СЕ. Читај го Статутот, од каде ли го изваде ова, или по навика ќе шпекулираме. Така да добар дел од написов ти оди во аут. А за твоја едукација, како што тогаш била одвоена државата од црквата, така е и сега, по Устав.
Оној краток коментар на Рибарот е двосмислен, го сфати ли?
п.с. преброј колку има отворено десничарски, а колку левичарски блогови, а јас можам овде да ти обеќам тебе, а не на Рада, дека мојот наменски блог ќе биде избришан на 2 Јуни и ќе ги поздравам сите што тоа ќе го направат. Тука си во право.
(programa 25 Мај, 2008 - 01:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
(istokakonormalen 1 Јуни, 2008 - 14:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Natka 3 Јуни, 2008 - 09:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
онака како што зборува кога ние не сме таму.
Заедницата која постои меѓи луѓето се одржува
исклучиво на тоа взаемно лажење.
(batadjango 6 Јуни, 2008 - 19:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
http://blog.com.mk/node/162938
(albo 10 Јуни, 2008 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
http://blog.com.mk/node/162938
(albo 10 Јуни, 2008 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
(istokakonormalen 28 Јуни, 2008 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)
(nadezna 1 Јули, 2008 - 08:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
(batadjango 1 Јули, 2008 - 09:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
(волан 1 Јули, 2008 - 09:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
Поздрав!
(cOOOklOOOk 2 Јули, 2008 - 23:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
2. Мислам дека премногу простор и време им отстапуваме на овие таканречени гопоѓи господа од политичири
3 под три искрено нема потреба да некој им ги отсрани блоговите самите по себе ке изумрат самобендисаните.
4 туку терај си ја работава како си ја започнала многу ми се допага,
5 Ај Леона без умилкување остај го уредников да работи...
Поздрав
(leonastefani 2 Јули, 2008 - 23:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Партик 6 Јули, 2008 - 22:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
(RIBARO 6 Јули, 2008 - 22:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
Патрик, јас само го правам изборот на постови кои ќе бидат објавени на насловната страна овој месец, ништо друго
А, колку што можам да забележам, проблемот ти е поради промената на линкот на блогот со кирилично внесување (веројатно си сакал да направиш промена во насловот на блогот, а не линкот, ама ... си помешал рубрики ете) и за тоа ќе го бараш Блогмастерот. Имаш маилови за помош тука
Поздрав
(oksimoron 6 Јули, 2008 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
(istokakonormalen 6 Јули, 2008 - 22:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
(oksimoron 6 Јули, 2008 - 22:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
на самиот почеток ме заебаваше дека адресата е непозната.Некако влегов преку блогер, но не ми ја препознава лозинката. Гледам промена и на адресата на блогот, а како настанала- не знам... сега е xn--aqgrgm.blog.com.mk.
Како дошло до тоа, не знам.
(Партик 6 Јули, 2008 - 22:48 | логирај се за да пишуваш коментари)
појма неам што е (сал претпоставував погоре), побарај го блогмастерот (како што предложи и Рибаро) - верувам дека тој ќе знае и ќе ти помогне (супер ни е блогмастерот)
И нум се нервирај, сета ќе биде
(oksimoron 6 Јули, 2008 - 22:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
(freestyle 8 Јули, 2008 - 19:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
ти си вистинско уредничко освежување
посебно у вруќиниве
поздрав
(Rozeta 10 Јули, 2008 - 22:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
(freestyle 12 Јули, 2008 - 12:14 | логирај се за да пишуваш коментари)
особено после Уредничкиот статус,
дефинитивно ке те пратиме во Амбасадори.
(OGI SINKO 19 Јули, 2008 - 00:14 | логирај се за да пишуваш коментари)
Јас би да си ја земам на гости
(RIBARO 19 Јули, 2008 - 00:18 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment