Saturday, April 05, 2014

Геометрија на мислите


Нормала е права која заедно со друга права формира прав агол. Директност и прецизност. Формулација како формација за симболичен приказ. ┬ или ┴. Точно или неточно Веројатно и во геометријата на мислите нормала е формирањето на прав агол. Се друго е или остро или тапо. Во зависност од која страна се гледа, т.е од гледната точка.
Точките пак, се приказна сама за себе. Почеток и крај. И сето она помеѓу. Зашто, се е составено од нив. Кога се нагласени имаат чудесни дејства. Можат да припаѓаат на правите или не. Да ги насочат формирајќи вектор. Често се огранувачкиот фактор. Но, сепак, тие се координатите според кои се одредуваат местоположбата и должината на правите во системот. И нивната меѓусебна корелација. Во геометријата на мислите најсилен (и најразорен) ефект точките постигнуваат кога се во формација три една по друга...
Паралелите се прави кои воопшто не се допираат едни со други. Под ниеден агол. Тие агностицираат до бескрај без да ја допрат суштината. Но постојано се следат една со друга. Од пристојна оддалеченост. Обид за елегантно извлекување, поради хендикепот од формирање аглести ставови.
Правите, точките, аглите... ја одредуваат формата на мислите. Земени како параметри, ги пресметуваат плоштините, волумените, обиколките на сите идеи. Ги пресметуваат дилемите. Ја решаваат задачата да се биде или не.
Во тек е пресметкатата за интеграција на државава во ЕУ и НАТО. Се бара волуменот на нашата зрелост и подготвеност. Недостасуваат параметрите судски совет и јавно обвинителство. Обидот за одредување на формата на правото во нашата држава е под притисок. Од аглести дијалози и паралелни лидерски средби. Изостанува нормалата. Опозиционата неприлагоденост на густината од приоритети е неконструктивно делување кое предизвикува дисперзија од точкести договори. И векторски заговори кои се судруваат хаотично едни со други во дијапазонот на конфузноста. Непресметливи сме.
Кога формата е неодредена или непогодна за пресметка, телата се потопуваат во течност за да го истиснат волуменот. Ќе се удавиме ли барајќи ја нашата ЕУрека?!

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 17 Јули, 2007 - 17:11

Коментари:
  • Доволно ни е да знаеме да пливаме.На непливачот не му се потрбени математичко - геометриски пресметки за да се удави.Пливањето во диви води бара професионалци. Ги имаме ли? (KLIKER 17 Јули, 2007 - 18:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • оксиморон пишал:
    “.......Се бара волуменот на нашата зрелост и подготвеност. Недостасуваат параметрите судски совет и јавно обвинителство......“
    Доколку судскиот совет и јавното обвинителство ги метафоризираме како две прави во геометријата, доаѓаме до твојот логичен заклучок за паралелите:
    “Паралелите се прави кои воопшто не се допираат едни со други. Под ниеден агол. Тие агностицираат до бескрај без да ја допрат суштината. Но постојано се следат една со друга. Од пристојна оддалеченост. Обид за елегантно извлекување, поради хендикепот од формирање аглести ставови.“
    Поздрав
    З
    (zoriv 17 Јули, 2007 - 18:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не ми се допаѓаат мене многу работи, ама нели јас сум граѓанин, така што, кој мене ме праша за било што!
    Си заборавила да напоменеш една работа, многу важна, иако навидум едноставна.
    Правата е определена со минимум 2 точки!
    Ние, од друга страна, немаме ни блага претстава за точките!
    (dark Lord 17 Јули, 2007 - 18:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кликер,
    ма, не е до пливањето...пливаме ние одамна у секакви води.
    Овојпат е до нуркањето Eye-wink
    А таа вештина очигледно сеуште не ни е совладана.
    Зорив,
    велиш, паралелите не зезаат? Можно е, можно е...
    Потребна е бар една нормала која ќе ги пресече и двете паралели и ќе формира со нив прав агол Eye-wink Smiling
    Поздрав
    Dark Lord,
    да, секоја права е определена од миниум две точки. Ама, кај нас проблемот е во тоа што сите сакаат да бидат ТИЕ точки. Иако, ко шо велиш, немаме блага веза од точки - сите сакаат да бидат факторот кој ќе ја определи правата Sticking out tongue Eye-wink Smiling
    (oksimoron 17 Јули, 2007 - 21:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, најверојатно си близу до тоа да си во право Cool Ама ја сепак би се сложил со Ајнштајн. Постојат премногу скриени променливи (Hidden variables theory) за да можеме во било кој момент да се осудиме да помислиме дека ја имаме вистинската слика пред нас.
    Волуменот... волуменот бара тродимензионалност. За жал, ние сме дводимензионални. Ние сме плитки. Ни фали z.
    (iacovibus 18 Јули, 2007 - 13:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • iacovibus,
    Ех тој Ајнштајн.... пишев и за него еднаш Sticking out tongue Laughing out loud Да не се повторувам, де - ќе се скараме пак Smiling Smiling Smiling
    Иначе, за димензионалноста - затоа реков дека ни е позната плоштината, но не и волуменот Eye-wink Него ни „финтата“ на Архимед не може да го измери Smiling Велиш дека ни фали z .... ма мене и дадените х и у ми се сомнителни, ама ај...
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 18 Јули, 2007 - 16:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • секоја чест ...ми се допадна ова :
    ,,ефект точките постигнуваат кога се во формација три една по друга...“
    и нешто во продолжение ... велат нашето ЈАС е центар на координатниот систем во мозокот во мислата - а секој координатен почеток или центар се бележи со нула Smiling
    поздрав ми се допадна ... ептен Smiling
    (Martina... 18 Јули, 2007 - 17:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ЕУрекааааааа Smiling
    Само да додадам. Правите се еден од онсовните поими во геометријата (на мислите). Се друго во оваа геометрија е изведен (дефиниран) поим.
    А специјален случај на паралелни прави се правите кои се совпаѓаат (сите точки им се заеднички).
    Ме освежи Smiling
    (seelenluft 18 Јули, 2007 - 17:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Martina,
    значи, треба да се надмине ЈАС (т.е. егото) за да се помрдне од нула во координатниот систем... има смисол, макар и ако се почне од нула Eye-wink Smiling
    Поздрав
    seelenluft,
    специјалниот случај кој го споменуваш е својствен за еден изминат период (едноумието). Нас сега ни требаат правилни засеци. И точката која го означува правиот агол. Ни треба нормалата Eye-wink
    Освежувањето е со природна лимонада, полна со неправилни форми на ситно искршен мраз, се надевам Eye-wink Smiling
    (oksimoron 18 Јули, 2007 - 23:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Само да ти испратам едно:
    Бу! Smiling
    (Бунка 21 Јули, 2007 - 22:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: