Кога правото дивее, дали правната држава се трансформира во дива држава, а нејзините гражани се етикетираат како дивјаци? Ако претставниците на партиите се однесуваат ко претставници на некое племе, тогаш парламентарниот дом станува репрезент на племенско уредување. Собраниската говорница пак, тотем за обожување околу кој се одвиваат разните обредни ритуали. Со играње, неартикулирани извици, мантрање, тропање... Се бара дожд, се бара сонце, се принесуваат жртви на богот Бадинтер.
Како дете многу ја сакав емисијата „Опстанок“. Научив многу од нејзините разновидни содржини за нештата кои се просторно и временски далеку од нас. Се прашувам дали на децата од западните земји им пуштаат ТВ преноси од нашите парламентарни седници, спакувани во образовни емисии.
Упорно аплицираме за колонизација. Ама...веројатно вака сме поинтересни. Служиме за пример. И едукација. ;)
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Октомври, 2006 - 10:13
Коментари:
море ко нема онај птичјион грип да мутира во грип убиец на политичари и корумпирани елементи во општеството , одма лек ќе му најдат за два дена хахаха (Ronin 4 Октомври, 2006 - 10:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
Имаше едно време на телевизија една серија која се викаше судница или пак така некако, во која се прикажуваа настаните во судницата за време на различни судски процеси. Е, она што е поента беше во нејзината најавна шпица во која доминираше мотото „Правдата можеби е слепа, ама гледа и во темница“.
Значи, можеби ова што ни се случува изгледа премногу неартикулирано, но сепак е легитимно. Но, поважно е да има смисла, а верувам дека некој му дал таква, по што кај и да, правдата ќе „прогледа“.
(macmeto 4 Октомври, 2006 - 10:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
сепак сите тие луѓе произлегоја од нас од нашато опкружување , верувам дека има и луѓе кои сакаат да бидат чесни, само таа чесност би ги коштала работата, бизнисот, па дури и животот можеби , успеаја нашиве да створат ламја која полека и сигурно се ќе проголта дури и творците нејзини нема да се спасат. (Ronin 4 Октомври, 2006 - 10:50 |логирај се за да пишуваш коментари)
сепак сите тие луѓе произлегоја од нас од нашато опкружување , верувам дека има и луѓе кои сакаат да бидат чесни, само таа чесност би ги коштала работата, бизнисот, па дури и животот можеби , успеаја нашиве да створат ламја која полека и сигурно се ќе проголта дури и творците нејзини нема да се спасат. (Ronin 4 Октомври, 2006 - 10:51 |логирај се за да пишуваш коментари)
Во "Опстанок" имаше една епизода на која и ден денес се сеќавам... мајка и татко ноеви имаат неколку деца и тргаат према некој дел, во пустината... уште еднаш погледнуваат према последното што доцни позади нив, ако не тргне и не се снајде само, осудено е да умре.. тие одат напред со другите деца... Тажно.. точно? Веројатно да. Поздрав, убав ден!(Natka 4 Октомври, 2006 - 10:58 | логирај се за да пишуваш коментари)
Верувај децата први ги прочитаа парламентарците - тие не ги гледаат ... но затоа сеуште гледаат емисии од типот на „Опстанок“. Има неколку прекрасни канали на сателитскиот избор на канали од тој тип ...
Инаку по мене - подобро е да тропаат во парламентот - одколку да пукаат по планините и низ градот - ко свадбари де ...
(волан 4 Октомври, 2006 - 11:11 | логирај се за да пишуваш коментари)
Е,па нели Европа и Америка ни кажува кои се нашите права... и сега истите треба да ги илустрираме...на разни места. (nesonija 4 Октомври, 2006 - 12:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
Покрај толку права, на сила е правото доколку не е по твое да им сметаш на сите и да не биде по ничие.
Па, макар тоа го девалвирало целиот институционален систем на државата. Тешко е да се биде сериозен покрај несериозно опкружување.
(oksimoron 4 Октомври, 2006 - 16:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
И јас се согласувам со Волан.......поарно во парламент отколку по планини да дивеат...иако фотељиве ептем им се уарниле инаку до сега оддамна ќе беа герила:) (katika5 Октомври, 2006 - 03:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
дур не падне масовна тепачка у парламент, нема вистинска демократија... сепак, надежно е. ќе ја биде работата кај и да е.
(Црнориз 5 Октомври, 2006 - 03:16 | логирај се за да пишуваш коментари)
Викаш, ќотек му е мајката?!
Онака, демократски, умерен, аргументиран, изцрпен, правно издржан, пропорционално застапен ќотек
(oksimoron 5 Октомври, 2006 - 15:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
а ти волонтираш?
(br 5 Октомври, 2006 - 15:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
Не.
Неам толку добра волја и вишок ентузијазам за да работам волонтерски
(oksimoron 5 Октомври, 2006 - 16:19 | логирај се за да пишуваш коментари)
Според тоа како ПРОСЕЧНИОТ македонец е платен, тој ВОЛ - ОН - ТИРА трипати дневно, ЗА ДОРУЧЕК, РУЧЕК и ВЕЧЕРА. (POPEK 5 Октомври, 2006 - 16:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
Кулминацијата не е достигната сеуште. Чекај, оваа прикаска има уште да се развива. Замисли како оди време, а малцинството ќе тежнее кон мнозинство. Па ИВЗ ќе се претопи постепено во Ел Муџахедин како тргнала. Опааа, шеријатски закон во библиската земја. ХАХАХАХА (kumasin 6 Октомври, 2006 - 17:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
popek,
од толку ВОЛ-онтирање, духот кра(х=в)ира и се оТЕЛЕтворува во топено сирење на млечна пареа
кумашине,
велиш ова е сал почеток....ќе има цел серијал?
(oksimoron 6 Октомври, 2006 - 18:01 | логирај се за да пишуваш коментари)
Филмот тука го гледам у живо. Денес добив интересна статија. Се фалел локалниов шеријат џандар дека најбезболно камшикувале. Си има и тука ред, не е само удри. Еден метар плака, 10м дистанца, врвот не помал од 0,7цм... Плус доктор те прегледува по секој удар и кажува дали можеш доволно да патиш. Ако не си способен (слабо поднесувас камшик) се одложува до утре и така додека не си добиеш следовање. До тогаш се киселиш у зандана. Абе рај за Талибанците. Најинтересно е што ова ти следува доколку држиш спротивен пол за рака. Бујрум шваљери тука. (kumasin 6 Октомври, 2006 - 19:16 |логирај се за да пишуваш коментари)
од Опстанок..
и Анимал планет се научивме..
да не ги убиваме дивите..
(anaveno 11 Октомври, 2006 - 20:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
Вон контекст или е можеби:А да ставаш почесто добра музика? (marjantod 11 Октомври, 2006 - 21:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
anaveno,
Е, тука згрешивме. Научиме и што треба и што не треба.
Со дивото треба диво. За да разбере, де
Марјан,
мило ми е што ти се допаѓа изборот на музика. Ќе има уште
(oksimoron 11 Октомври, 2006 - 22:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
И без да сакам изгледа згрешив. Не е во прашање музиката како музика. Текстовите и на место кажаниот збор се битните работи. Добрата музика е дел од малите нешта кои се повеќе ги забораваме... (marjantod 12 Октомври, 2006 - 15:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
јас гледав „Случки од животот“ со Мите Грозданов... тоа ти е парламент в куќи... да не ја вратив темата назад, а? поздрав! (prezviterkozma 12 Октомври, 2006 - 18:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
prezviterkozma,
Интересна беше и „Случки од животот“, ама мене состојбата во нашево собрание, посебно епизодата со дивјачкото барање на права повеќе ми асоцираат на „Опстанок“
(oksimoron 12 Октомври, 2006 - 20:42 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment