Органите на власта во една држава се избор на народот во таа држава. Значи, инструмент на народот за исполнување на симфонијата државно уредување. Парламентот е инструмент кој носи закони, владата инструмент кој ги спроведува а судот инструмент кој ги санкционира прекршителите на истите. Има и инструмент претседател на држава, ама кај нас ретко се користи. А и тогаш, ретко кој го слуша. За да биде нашиов оркестар комплетен, има и инструменти опозиција, инструменти синдикални организации, почесен инструмент Бадинтер, инструмент невладин сектор, бројни инструменти за јавно иформирање (богами и за дезинформирање) .... ма, цел инструментален асортиман. Инструменти од сите профили. Дувачки, жичани и ударни.
Со целиов оркестар диригира палката аспирација за влез во ЕУ. Сите инструменти гледаат во таа палка, ама нејзиното движење секој си го интерпретира на различен начин. Ги читаат нотите на малата ноќна музика, а свират голема дневно-политичка симфонија. Со протестна нота како такт пауза. Не е лесно да се биде публика на неусогласениов оркестар. Секој инструмен си има мислење за себе дека е најталентиран и најуспешно функционира. Па прави обид да ги натсвири другите. Или барем исвирка.
Наштимајте ги инструментите, господа. Шкрипат.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Декември, 2006 - 13:44
Коментари:
велат дека успешноста е само 1% талент и 99% труд. Треба да вежбаат, да вежбаат.....а им треба и некој ко тебе да им ги наштима инструментите, де
(oksimoron 23 Декември, 2006 - 18:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
Штета што не го видов твојов пост порано за да го линкам ...
(волан 23 Декември, 2006 - 19:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
а бе последнава недела ептен до израз дојде раштиманоста на оркестарот. Ама, ај...белки ќе се управат,де... може не им бил денот, т.е. неделата
(oksimoron 23 Декември, 2006 - 19:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
(iacovibus 24 Декември, 2006 - 14:49 | логирај се за да пишуваш коментари)
шо знам дали филозофирам...се зависи од екстензијата во која се читаат постовите....и личната перцепција Фала
iacovibus,
а бе, првата виолина почна сосем солидно, ама упаднаа избрзано трубите и фанфарите....пијаното никако да се снајде со скорашното прераспределување на сопствените клавиши, па накриво типува - не како пијано туку како клавир(затоа и никој не го слуша,де)..... трианглите тропкаат со своите колумни помеѓу тактовите .... грмнаа и тапаните со својот подземен екот....од некаде се појави и дајре (?!) кое самозадоволно дава шмек на виолончелото кое никако да се справи со забеганоста на сопственото гудало.....
Ама, ќе извежбаат со тек на време, ќе ги совладаат инструментите и ќе ги научат нотите Па коа ќе не подберат после , онака сихронизирано......којзнае дали ќе ни биде до музика тогаш
туку, ај да не кобам....ќе си ја потпевнувам одата на радоста
(oksimoron 24 Декември, 2006 - 15:27 | логирај се за да пишуваш коментари)
Може тоа е проблемот, место да сме публика која секоја вечер незадоволна си оди од концертот, но пак сабајлето се нацртува во салата... може треба и ние да земеме инструменти?
(mе 2 Април, 2007 - 01:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
а бе, многу инструменти ќе има така. Ќе нема публика за која да се свири
Нека, со тек на време ќе извежбаат
(oksimoron 2 Април, 2007 - 20:01 | логирај се за да пишуваш коментари)
Ама, музикава почна да пробива и ушни тапанчиња, па тешко е и глув да бидеш, ќе чуеш.
Среќа што публиката се враќа и слуша секогаш, мислејќи дека ќе чуе конечно, наштимано,
добро е што оптимизмот не не напуштил, и повторно и повторно...
(ЧИТАЧ 2 Април, 2007 - 20:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment