Friday, April 04, 2014

И тој не сака


Претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, на неодамнешниот 7ми Конгрес на нивната партија исповедно признава :
Погрешивме. Немаме програма за работа. Немаме концепт. Арогантни сме. Се расправаме т.е. дебатираме само кога станува збор за кадровски прашања, а за прашањата од државен интерес прифаќаме со акламација се што некој ќе понуди (не им е гајле,де). Не го исполнивме тоа што го ветивме. Немаме единство. Немаме доверба. Имаме најнизок рејтинг досега. Можеме да им се лутиме на тие што не напуштија, но не можеме да ги побиеме нивните аргументи.
Со други зборови - признание дека се за никаде. Ама, и покрај наведените карактеристики, зачудени се зошто актуелната позиција т.е. Владата не сака да игра со нив.
Има еден виц :
- Перо, а бе играте ли по некоја партија шах со твојот комшија Ристо ?
- Не. (отсечно)
- Зошто, бе?
- Слушај сеа, ако некој цело време ти збори ко навиен додека играте, те деконцентрира, те навредува, влече потези па се премислува и ги враќа по трипати, плус ти краде фигури а не признава туку те обвинува тебе.....ти би играл ли со него?
- Искрено, не би. Никако.
- Е па, и тој не сака.



п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 26 Февруари, 2007 - 19:47

Коментари:
  • Шахот е игра за умни и чесни луѓе. Вистинските шахисти не ги крадат фигурите и го признават поразот. (marjantod 27 Февруари, 2007 - 14:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вицот е одличен...ме изнасме да си ибеш. Туку треба ли да земам страна (опозиција/позиција)? Најобјективен (ваљда и најсреќен) си кога се држиш далеку од дуалистичките концепции. Особено во контекст кога тие квази дуалистички концепции се пресликуваат во исти курац во два примерока. (femgerila 27 Февруари, 2007 - 14:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Марјан,
    вистинските играчи не играат со манипулатори Eye-wink
    ---------------------------------
    Femgerila,
    мило ми е ако те насмеав, значи постов ја постигнал целта Smiling
    Инаку за примерот „исти курац два примерка“ сите генерализации паѓаат во вода ако се примени приказната за Авел и Каин Eye-wink
    А дуализмот е секогаш присутен и неопходен - ако нема подобро за пример, нема да знаеме што е лошо....или ако нема поубаво за споредба, никогаш нема да знаеме дека нешто е грдо....ако нема тага, нема да ја спознаеме ни среќата ....Единственоста е монотона и ни ги затупува сетилата. Неопходни се спротивностите за да се дефинираме себе си Eye-wink Smiling
    Објективноста во суштина е баланс помеѓу субјективностите Eye-wink
    (oksimoron 27 Февруари, 2007 - 18:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вицов е јак нема што (alexx 27 Февруари, 2007 - 23:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вицот е екстра. Инаку, играта е многу подобра со манипулатор, но ако си подобар играч од него. Колку и да манипулира, му ги откриваш потезите, и пак го матираш. Така е многу посатко. Во суштина сласта е во нервозата на манипулаторот после изгубената игра Smiling Ова нема никаква врска со политиката, за таквите прашања сум индиферентен.
    (dr. Max 28 Февруари, 2007 - 00:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • alexx,
    и мене ми се допадна, а ми се виде и соодветен за споредба Eye-wink
    ---------------------------
    dr. Max,
    зависи.... чесните играчи сакаат фер игра.
    Само манипулатор може да ужива во надмудрување со друг манипулатор. И тогаш веќе станува неважна играта, се губи суштината и самата вештина на надмудрување станува игра сама по себе Eye-wink
    И, коментаров нема врска со политика - сал со твојот коментар, де Smiling
    (oksimoron 28 Февруари, 2007 - 21:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Што значи дека јас сум Манипулатор Smiling))))
    (dr. Max 28 Февруари, 2007 - 22:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не мора да значи, де... ама имаш потенцијал Eye-wink Smiling
    (oksimoron 1 Март, 2007 - 18:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еве ми го потенцијалот: http://kopriva.blog.com.mk/node/68141 те има и тебе тамо, хихихихихи
    (dr. Max 1 Март, 2007 - 21:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • хе хе абе вероника, ме насмеа, знам од каде иде овој пост, ок де, мора така да е. Ама не беше баш така со исказите на Радмила, али нормално и ја слично би напишала. Може ќе ти текне која сум, али ако не ке ти кажам подоцна. Ај кога ќе се видеме . А вицот јак е. Како и да е шахот има политички димензии. Вечната кралска игра... Поздрав (sandraa 2 Март, 2007 - 17:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • sandraa,
    очигледно се познаваме, но не би избрзувала со нагодување Smiling
    Сепак, ќе оставам сама да ми кажеш Eye-wink
    Поздрав и до тебе Smiling
    (oksimoron 2 Март, 2007 - 22:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • :) точно е дека се познаваме,уште многу одамна ај ќе ти текне,но сепак ке ти пуштам маил. Поздрав п.с. супер ти е новата поезија. (sandraa 3 Март, 2007 - 00:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Значи, поетското друштво повторно се екипира. Овојпат онлине. Smiling
    Одамна не сме се виделе. Дури, кога ќе подразмислам... јас тогаш уште бев плавуша! Леле, ама време поминало! Smiling)))))
    Добредојде на блогерајов.
    Ќе те читам Eye-wink
    (oksimoron 3 Март, 2007 - 13:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Да тогаш беше плавуша. Времнето трча, ама мислам пред нас, никако да фатиме чекор заедно со времето. Јас уште си лутам овде по блогов, ама кај да е ке се средам набрзо хе хе ... Фала, ке се читаме (sandraa 3 Март, 2007 - 15:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: