Значи, да почнеме....по ред...
1. Koја е целната група на Политичарите?
Целна група на политичарите се сите полнолетни граѓани (т.е. сите кои имаат право на глас). Понекогаш се злоупотребуваат и децата, колку да се влијае на мислењето на нивните родители. Ама ова со закон е забрането, затоа треба внимателно
2. Од кого се плашат истите,со кого имаат проблем?(со новинари,блогери,луѓе кој се на квалитетни функции-фирми и сл.)?
Плашење....хм....иако не изгледа така, ги плашат изборите. Поточно резултатите на истите. Се плашат од секој кој е повешт оратор(читај лажго) од нив. Имаат страв и од дејностите на партиите опоненти, ама почесто(и поизразито) се плашат од сопствените сопартијци - оние кои им ја загрозуваат позицијата со сопственото напредување ( овој страв го лекуваат со посебни, подли методи). Се плашат од јавното мислење, т.е. обликувачите (медиумите) негови, ама за овој страв имаат лек. Пари. Одат у шопинг на новинари Имаат и потаен страв, од оние кои им „позајмуваат“ пари повремено. Ги плаши начинот на кој треба да враќаат. А уште повеќе начинот на кој ќе им наплатат присилно, ако не успеат да се изфитат навремено. Како се наближуваат кон врвот, така им се свртува во памет па стануваат параноични, се плашат и од сопствената сенка. Па, како израз на фрустрација од паранојата - предизвикуваат страв кај другите од нив.
3. Кој се нивните механизми за создавање на власт и добивање на власт?
Е сеа, за механизмите....а бе, многу штрафови има тука....незнам дали ке умеам концизно да одговорам...Тоа ти е како часовник - има безброј делчиња кои треба да се вклопат едно со друго на начин кој ќе функционира, т.е. ќе ги движи стрелките . Ама, треба права вештина за да биде тоа движење прецизно, да не оди напред ниту да заостанува. :) Обично, прво ги решаваат сопствените стравови (читај погоре), па потоа добиваат кративна фаза во која творат популистички методи. Градат широка база, а на неа висока пирамида. Па делуваат и у хоризонтала и у вертикала. Додека не се исплете мрежата. Лов на пеперуги, де .... на Гоцевото поле
4. Зошто не се Транспарентни и зошто зборуваат Демагогија и Ветар во Магла?
Е, тука ме погоди у нерв. Поточно, ме нанервира Транспарент ти е душо, алатка за протест. Знаеш, големо парче хартија на која испишуваш навредлива порака и му шеташ на човек под прозор (на кабинетот,де) викајќи и пцуејќи. Па, им предизвикува стрес тој збор на политичарите, сироти! Немој вака. Како после да не користат Демагогија за смирување и Ветар у Магла за релаксација?! Плус, тука има голема улога и субјективизмот - секој на различен начин ги доживува нештата и си креира сопствена слика за истите. Многу луѓе, многу настани....многу слики. Мултиплекс комплекс !
5. Зошто е општествово труло,и на кого му одговара оваа целокупна Лакрдија?
А бе, не верувам дека некому одговара, никој не ја прашува неа. Лакрдијата. А трулоста е од времето. Она неискористеното. Она, изгубеното во неврат. Кога нешто не се користи - му минува рокот на траење. Одмна ние општествово го држиме на полица, без да го распакуваме и употребиме за намената. Го чуваме за ненадејни гости, де. А тоа е застојано. Ни треба отфрлање на застареното општество и одбирање ново. Некое кое ќе го употребиме за намената. Да ни држи ситост и да ни даде енергија
6. Имам многу прашалници,и барам одговори затоа што заслужувам да ги знам!
Сосема си во право Шани. Заслужуваш да ги знаеш одговорите на прашањава. Сите ние заслужуваме. Доста одговараа политичарите на Европските прашалници, треба да почнат да одговараат на нашите. Таму можат да изнапишат што сакаат, да се прават некои други, ама овде....нема бегање. Не можат да бидат други. Ги знаеме. И чекаме одговори
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 5 Јануари, 2007 - 20:13
Коментари:
Право у центар
(oksimoron 5 Јануари, 2007 - 21:21 | логирај се за да пишуваш коментари)
Инаку, за карактеристиките на политичарите - генерализираме,де . Секоја чест на исклучоците (ги има и такви)
Поздрав
(oksimoron 6 Јануари, 2007 - 15:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
Јас имам чувство дека политичарите секогаш се обраќаат само до оние 30-40% (колку што се сеќавам толку беа, не ме фаќајте за збор) политички неопределени полнолетни граѓани во земјата. За нив највеќе се борат!
Еднаш некој ми рече ако имаш повеќе трошоци, ти треба и повеќе плата да земаш, да заработуваш. Во право е.
Имајте убава Боќична вечер!
(Natka 7 Јануари, 2007 - 15:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
Во право си душо, се се враќа се се плаќа. Ама, кај некои повеќе кај некои помалку, а некои плаќаат и за другите
А, глумата кај политичарите не е прашање на талент, туку начин на опстанување
--------------------------------------
Натка,
Тие 30-40% неопределени предизвикуваат загриженост, ама борбата сепак, е за сите
А за платата и трошоците...хм....има еден виц, оди вака :
Разговараат Американец, Европјанин(сеедно од која европска држава,де) и Македонец за приходите и расходите кај себе.
Американецот вели: „Земам 10 000 долари, 2000 давам за стан, 1000 за храна, 3000 отплаќам кредит за автомобил, 1000 трошам на гардероба и...3000 појма неам кај ми одат!“
Европјанинот: „Јас земам 8000 евра, 1000 давам за кирија за станот, 1000 трошам на јадење, 2000 на гардероба, 2000 за патувања и...2000 појма неам кај ми одат“
А Македонецот: „ А бе, мојата плата е 200 евра, живеам кај моите, 100 евра давам за струја и телефон, 150 за храна, 150 за гардероба, 300 евра за одмор,100 за школување на децата и...појма неам од кај ми идат тие 600 евра!“
Поздрав, среќни празници и тебе
(oksimoron 8 Јануари, 2007 - 10:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment