Saturday, April 05, 2014

24/7

Согласно законот за работни односи во РМ, за полна плата вработените  работат 40 часа неделно а до 180 часа месечно. Истиот тој закон утврдува и дека ниеден работник не смее да биде прекувремено работно ангажиран повеќе од 40 часа месечно, ниту пак повеќе од 180 часа годишно. Доколку некоја институција или фирма имаат поголем обем на работа кој бара повеќечасовен ангажман - би требало да вработи повеќе луѓе. Не да ги експолоатира постоечките вработени преку предвидениот максиум од работни часови. Предвидени се и законски казни за работодавците кои ќе го прекршат овој закон.
Промовираме семејни вредности. Но и работно време кое не предвидува време за семејство.  
Со слоганот 24/7 Владата пропагира кршење на законите во државава.
А нејзин работодавец сме сите ние. Дури и невработените од нас.  Казната ја плаќаме во реклами.

Лесно е да се правиш на 3,5 кога работиш 24 часа 7 дена неделно. Научно е оправдано. Математички докажано.
24/7=3,5. 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 24 Декември, 2008 - 11:36

Коментари:
  • Да се потпишам само Eye-wink
    Продуктивноста во 24/7 е мислена именка.
    Те гушкам драга моја
    (Леонова 24 Декември, 2008 - 12:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Конечно некој да се заложи и за НАПАТЕНИТЕ НИ ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ.
    Стварно доста е со фразите НАПАТЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД.
    БРАВО за оксиморон-ката!!!
    п.с.Белки после оваа „интервенција“ ќе успорат малку па НАПАТЕНИОТ НАРОД ќе можи да здивне.
    Поздрав
    (...ХРИСТОВ-Мир… 24 Декември, 2008 - 12:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нека работив и 366 дна X 25 саата на дн,ама резултати нема па нема
    (interpreter 24 Декември, 2008 - 12:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • „Доколку некоја институција или фирма имаат поголем обем на работа кој бара повеќечасовен ангажман - би требало да вработи повеќе луѓе.“
    Значи народот како работодавец на владата,треба да вработи повеќе луѓе за овие сиротите да не мораат да работат 24/7 Eye-wink
    (novajlija 24 Декември, 2008 - 13:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • еве го и мојот потпис ...
    (волан 24 Декември, 2008 - 13:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добра математика, добра основа да им се закачи тужба? :) (RIBARO 24 Декември, 2008 - 13:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • потпишувам :/ (istoчna 24 Декември, 2008 - 15:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • не ти верував , земав калкулатор и ... види стварно Evil
    (hemicarot 24 Декември, 2008 - 18:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • По една доза 24/7, оваа седмица, кога спаднав на 20/7 се чувствувам како на годишен домор.
    Немам време за себе, не пак за блиските.
    Тоа ти е.
    П.с. не сечија математика дава
    24/7=3,5
    Колку и да се трудам-кај мене не иде Smiling
    П.с. за посот=5
    (nadezna 24 Декември, 2008 - 18:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Leonova,
    ИЗ-мислена именка е тоа драга моја..... измислена да замислува Eye-wink
    Прегратки и од мене Smiling
    Христов Мирко,
    а бе, многу си ја сакам оваа влада. Млади, паметни, енергични, неизвалкани.... навистина се трудат да променат нешто, да направат пресврт во досегашната 17годишна „мижи асан да ти баам“ политичка практика во државава. Внесоа свежина и енергија.
    Ама, некако ми забегуваат со ова медиумска парада во желбата да ни покажат колку многу работат. Ако продолжат вака на ова поле - ќе изгинат во самопрегор. Едноставно, не можев да одолеам а да не „интервенирам“ Smiling Smiling Smiling
    interpreter,
    други пак „работат“ 17 години без престан, де премиери, де претседатели, де вработувачи на по еден од фамилија.... и резултати ги гледаме тука пред нас - се спрепнуваме од нив Eye-wink Smiling
    новајлија,
    јес дабоме! Па, греота е бе!
    (море, шо си мустра тииииии! одма најде пукнатина да се луфтираш Smiling ако, ако ) Eye-wink
    волан,
    источна,
    автограми немам собирано, ама еве - никогаш не е доцна! Значи, повеќемина не има со слично мислење. Ви благодарам Smiling
    Рибаро,
    пуста математика вода ја однела.....
    џабе, имам разбрано дека на Правен не се учела математиката. Така ни велеа нас коа се запишувавме во гимназија - ако те бива за математика оди природно-математички смер, ако не... оди на правен! Smiling
    хемичару,
    тоа ти е добар хемичар - секогаш испитува и проверува Eye-wink
    надежна,
    ух, како добро иде слободен ден по напорен период......
    иначе, во пресметката фали 0,07 за прецизност. Квантум утеха ете Eye-wink Smiling
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 24 Декември, 2008 - 21:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ама 3.5 не е цел број.
    А нели е цело кога има сѐ Smiling
    (Miladinoski 24 Декември, 2008 - 21:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...Предвидени се и законски казни за работодавците кои ќе го прекршат овој закон...
    ...А нејзин работодавец сме сите ние...
    На крај казнети ние?!
    Како год окренеш, ду** ти је позади, така му доаѓа. Eye-wink
    Ма добри се дечките, само многу има за поправка и исправка, а одеднаш не може се.
    (Маат 24 Декември, 2008 - 21:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не е толку страшно, сеуште имаме неколку десетинки време просечно за едно дете на три фамилии, но тежнееме кон три и пол. Кај и да е...
    (seelenluft 25 Декември, 2008 - 17:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Има само една корекција у математикава. 24/7 знаци дека од 24 работни дена у месецот они изработуваат едва квалитетни 7, останатото им се одбива на ручеци, приеми, патувања, управни одбори, надзорни одбори и сл. заебанции. Исто и за нас важи, со платата добиена за 24 ИЗРАБОТАНИ дена моземе да ПРЕЖИВЕЕМЕ едва 7. Благодарам.(POPEK 25 Декември, 2008 - 19:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Miladinoski,
    3,5 не е цел број, ама ние сме целосно во елемент само кога се правиме на триипол Eye-wink
    Маат,
    тоа со дупето ти е вториот Њутнов закон според Марфи Smiling
    Има, има за исправка и поправка... ама мајсторите нешто забушаваат Smiling
    seelenluft,
    ех мила, тежнеењето тежи.... а времето као релативна категорија - релативизира до максиум Eye-wink
    Поздрав Smiling
    Попек,
    е, ова ти е пример за математичка логика. Издржана теорема. Докажана преку секојдневни примери.
    За тебе благодарам. Поздрав пријателе Smiling
    (oksimoron 27 Декември, 2008 - 01:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се' најубаво во Новата Година! Smiling
    Се читаме!
    (Natka 31 Декември, 2008 - 11:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Да не ви правеле ревизија на прекувремени часови.
    (zobl 3 Јануари, 2009 - 00:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Среќна Нова 2009 и благословени Божиќни празници!!! А зошто те нема во оваа година? А и ,,Венера,, не ти е активна (marjantod 4 Јануари, 2009 - 03:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Натка,
    благодарам мила, ти посакувам се најубаво во новава а и во сите нови кои следуваат Eye-wink
    zobl,
    ма, се‘ ни правеа.... ревизии на прекувремени, и навремени, и современи, ма стасавме до безвремени часови веќе! Smiling
    Марјан,
    благодарам за честитките, ти посакувам и јас тебе се најдобро.
    Ме има, ме има.... ама исклучен ми е механизмот за „активизмот“ Smiling
    Ујгун ми дојде да не се замарам со ниш Eye-wink
    (oksimoron 4 Јануари, 2009 - 13:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И покрај снегот и покрај празниците, животот тече и мора да се работе (иако вторник и среда се неработни). На 8 јануари, во четврток е традиционалниот Божиќен концерт во Салата при Домот на културата, а на 19 јануар, понеделник (на Водици) е отваранје на изложба на кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков, во Градската галерија при Домот на културата... (marjantod 4 Јануари, 2009 - 21:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Закон! (кнсис 7 Јануари, 2009 - 22:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Smiling Мала забелешка. Во законот постојат дупки (овозможени од нејасни алинеи/членови кои се однесуваат на ургентни бизнис потреби) кои им овозможуваат на работодавачите да ги задржат вработените и повеќе од овие 180h.
    Инаку, апропо бунењето околу прекувремената работа, ми се чини дека гневот е на погрешно место насочен. Владата и онака се идиоти. Треба да се лутиш на сите оние кои ги знаеш и кои се бунат дека работат прекувремено, а не прават ништо околу тоа.
    В.
    (Viktor Vojnovski 3 Март, 2009 - 22:28 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: