Култура е... |
Култура е - насловна страна на секое општество. Култура е - консумирање на културни вредности. Култура е - одраз на ментална состојба на секој субјект Култура е.... тоа што го немаме ние! Култура е тоа што нам ни треба, култура е тоа што го бараме ние.... ....... Културата не е цел само за себе туку се јавува како потреба во развојот на свеста кај човекот хуманист, активен градител на општеството. Секоја тенденција на затворање на културата значи и узурпација на културните вредности, што во крајна линија може да значи стагнација на општествениот развој..... Па, за таква една култура неопходна е слобода на творештвото! Да, Да - слобода на творештвото! Песнава е стара барем дваесетина години. Во изведба е на групата Токму Така од Кавадарци , а вокалот е Бубо Каров. Клипчето го правев сама (мој прв обид, де... нуму одма да критикувате, дајте елан да продолжам да „клипувам“) ;) Голема благодарност до Струмјан што беше другар и ја ископа од архивите, а благодарност и до Рибаро кој беше посредник. :) |
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 1 Ноември, 2007 - 01:07
Коментари:
1.Зошто нема култура и сл.?
(наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 01:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
2.Зошто најголемите уметнци живет во сиромаштија - за после смртта нивното дело да се величи, а некој кретени да заработуваат пари?
П.С: Поддршката е многу битен сегмент од сечие живеење; и Њутон рекол: дајте ми поддршка, кје ја измерам целата земја.И ја измерил...
(наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 01:49 | логирај се за да пишуваш коментари)
колку убава апстрактна именка...
(gersanina 1 Ноември, 2007 - 08:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
сликите во самиот клип се прашања
Другото е сал текстот од песната на Токму Така, стара музичка тема која сакав да ја извадам од нафталин и да ја актуелизирам пак
Станува збор за културата на однесување, за нашиот пристап кон културните вредности, а не за самите нив
А, за просветните работници..... затоа што нема воспоставено таков систем при обучувањето и продуцирањето на кадри во образовниот процес, па да знаат и да пренесат такви знаења
Иначе, за тоа со уметниците што стануваат славни дури по нивната смрт и дека некој друг после печали од нивното име - сосема се согласувам. Такви извртен вредносен систем имаме изгледа кога станува збор за уметноста
Во однос на Њутн - не е финта да се премери земјата, туку да се помести од лежиштето во кое е зацементирана. Затоа посоодветен би бил Архимед со лостот - дајте ми доволно долг лост и цврста потпора и ќе ја поместам земјата
Ех... коа и турбо фоклот доби статус на културна дејност.... дефинитивно ни треба лостот, ако не за поместување - за по грб мавање!
Gersanina,
апстрактноста е убава - остава простор за имагинација и различни, произволни перцепции
Струмјан,
а бе, ја ич не ја сакам жолтата боја. Ако даваш веќе, давај црвен картон па да завршиме работа (црвена боја сакам) И да знам сеа дека кога ќе ми треба некоја стара, заборавена тема - ти си тука да помогнеш. Уште еднаш фала
(oksimoron 1 Ноември, 2007 - 13:46 | логирај се за да пишуваш коментари)
П.С.
Добар ти е клипот
(KLIKER 1 Ноември, 2007 - 14:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
Поздрави
(наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 16:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
би бил опозит на културата, пример за некултура
Кликер,
за да изградиме однос кон културата, треба прво да ја имаме културата во нас. Не велам дека немаме културни вредности кај нас, имаме и талентирани културни дејци, но ни фали онаа општочовечката култура
Мило ми е што ти се допадна клипот
Поздрав
Ненад,
ова ко ситуацијата со Фрукталот - праските и јаболката од нас по багателни цени, а тетрапак сокот пак кај нас ама по изгор цени. Плус и ајвар со наши пиперки прават, и името си го лиценцираат. Тоа ти е, создадени сме за експлоатирање изгледа. Шампиони у категоријата Си имаат култура бре Словенците, гледаш како културтно не прават блесави
(oksimoron 1 Ноември, 2007 - 20:21 | логирај се за да пишуваш коментари)
И, Окси, повели и другпат, ај сега менувај го и линкот десно во пријатели
(strumjan 2 Ноември, 2007 - 00:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
на југот врие постојано, ама никако да испари. Изглеа имаме многу ефикасен систем за кондензација - ирационалноста
А бе, ај шо ми даде жолт картон, туку сеа се мислам... многу картони ќе ми се соберат - плав имам, зелен имам, еве сеа и жолт, а во најава црвен..... шо ќе им правам, бе! Ете, го сменив линкот
Поздрав
(oksimoron 2 Ноември, 2007 - 23:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Црнориз 4 Ноември, 2007 - 02:12 | логирај се за да пишуваш коментари)
Фала
Иначе, темата е evergreen, ама и ние не заостануваме - остануваме секоаш зелени у однос на културата
(oksimoron 4 Ноември, 2007 - 14:09 | логирај се за да пишуваш коментари)
(istoчna 6 Ноември, 2007 - 21:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
знаеш ти што да те „занима“
Занимации од субкултурата
(oksimoron 9 Ноември, 2007 - 08:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
културните работнички..
и..
културниот простор..
(anaveno nelogiran 9 Ноември, 2007 - 10:24 | логирај се за да пишуваш коментари)
(freestyle 9 Ноември, 2007 - 17:19 | логирај се за да пишуваш коментари)
Ти лиииииии.... море шо си ти
А културен неработник во некултурен простор не те интересира, а?
freestyle,
филмовите се дел од културата, бе. Уметнички израз. Ама, тука не станува збор за изразот, туку за одразот
(oksimoron 9 Ноември, 2007 - 18:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
Драга блог-пријателке, задоволство ми е да те поканам на промоцијата на книгата МАШКО ПИСМО, инспирирана од мојот блог www.prodavnica natajni.blog.mк. Ќе бидам радосен ако ме почестиш со своето присуство, особено што во книгата си застапена со свои коментари кои си ги оставила под моите текстови. Со тоа си, на извесен начин, коавтор на МАШКО ПИСМО.
Книгата ќе ја промовира доајенот на македонската блог-сцена, Ивица Боцевски.
Промоцијата ќе се одржи на 22 ноември 2007 година (четврток), во Книжарницата ИЛИ-ИЛИ, во МАЛА СТАНИЦА, во 19 часот.
Организатори на промоцијата се македонските издавачи ИЛИ-ИЛИ и ЃУРЃА.
Срдечно!
Никола Костески
P.S.
Поканава, иако лична, ти ја испраќам на овој начин бидејќи не знам како тоа да го направам со опцијата ПП.
Срдечно!
(encyclopedia ga… 19 Ноември, 2007 - 14:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
ма не сал препукувањето, туку и пукањето стана културна вредност кај нас
Никола,
ПП одамна ми се исклучени како опција, затоа не си можел да испратиш.
Благодарам за поканата, се гледаме во четврток
(oksimoron 19 Ноември, 2007 - 19:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
„Култура е.... тоа што го немаме ние!“
поздрав окси...
(и смени ме во пријатели, старо е да стои кристинче )
(Ki 6 Декември, 2007 - 02:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Natka 27 Декември, 2007 - 16:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
ма, не е дека до толку немаме, туку што не знаеме колку имаме и не го вреднуваме тоа
п.с.сменето е твоето ИД на листата пријатели
Crystal castle,
многу прецизно
Треба да си ги преиспитаме приоритетите
Поздрав мила
Достоевски девојко,
не е до имањето и немањето..... до стремежот е Кога ќе се интензивира, ќе дојде и до реализацијата
Натка,
Благодарам за убавите желби мила моја
Ти посакувам и јас тебе се најубаво, не само за празниците - туку секогаш и секаде
(oksimoron 28 Декември, 2007 - 14:08 | логирај се за да пишуваш коментари)
Срдечно!
(encyclopedia ga… 31 Декември, 2007 - 14:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
(dr. Max 1 Јануари, 2008 - 21:12 | логирај се за да пишуваш коментари)
Благодарам dr. Max
Ви посакувам се најубаво
(oksimoron 2 Јануари, 2008 - 12:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
КАДЕ Е?!?!?!
Рандом дигресија, слобода на творештвото(цитирам: ,,А ДОТОГАШ ЗБОР-ДВА ЗА ТОА ШТО не ПРОАЃА")? И неизбежното:
,,Култура е -
насловна страна- http://blog.com.mk/node?from=1
на секое општество."
Можеби грешам, но недостатокот од култура е поради тоа што културолошките предводници ни се ,,wanna be" писатели.
Толстој не бил писател затоа што пишувал, туку затоа што е квалитет! Читан квалитет
Ps. Да, клипувај Мене ми се допадна.
(херој 2 Јануари, 2008 - 14:25 | логирај се за да пишуваш коментари)
во случајов со културата, „слепата точка“ лесно се трансформира во општествена „црна дупка“ во која се губи целиот креативен потенцијал.
Изместен е вредносниот систем при перцептирањето на културата, па се добива некоја чудна, искривена слика која секој ја толкува на различен (свој) начин. Лесно му било на Толстој да пишува (и опишува) за човековата психа додека сеуште ја имало.....
Фала
(oksimoron 2 Јануари, 2008 - 20:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment