Friday, April 04, 2014

Сума сумарум


Пред крајот на секоја година, едни исти прашања ми ги окупираат мислите. Одѕвонуваат со новогодишните ѕвончиња, се огледуваат во отсјајот на секој лампион, трепкаат со украсните ламбички на навогодишните елки и ми ги врзуваат мислите како машничка од сјајна украсна лента на спакуван новогодишен подарок.
Од каде доаѓа целава еуфорија на крајот од годината? Дали се слави завршувањето на тековната или се слави почетокот на следната година? Што менува промената на последната цифра во бројот кој означува изминато време (од кога се решило да се брои,де)? Ја славиме ли сопствената издржливост, опстанокот и покрај сите потешкотии, борбата со секојдневието, поминувањето на препреките денови, години, заокружувањето на еден изминат период? Или, пак, ја славиме сопствената вештина да сонуваме, онаа чудесна особеност наречена „надеж“ во подобро утре, вербата дека можеме подобро и повеќе и дека баш следната година е „наша“ ? И, зошто се што ни се случува го ставаме во директна причинско-последична релација со времето? Затоа што нашето битисување како човечки суштества, на некој начин е ограничено токму од него?
Времето е чудесна категорија. Бесконечна. Фасцинантна. Дали се обидуваме да го измериме немерливото? Бескрајот? Правиме калапи во кои собираме делчиња време. Временски тегови. Ги правиме во различни величини, но стандарден тег ни е годината. Па вагаме. Од едната страна тие, теговите, од другата страна ние, нашиот живот. Го мериме сопственото постоење во бескрајот. Со секој нов додаден тег на вагата, чувствуваме дека земаме за себе еден мал дел од тој бескрај. Се додека успеваме да ја одржиме рамнотежата . Понекогаш желбите ни тежат повеќе од годините, другпат годините ги надминуваат желбите. Но балансираме. Вагата се претвора во лулка. Па, уживаме во играта. Важно, минува времето.
Ви посакувам среќни новогодишни празници на сите Вас, драги мои блогерки и блогери. Внимателно со желбите - се остваруваат. А тогаш, треба да бидете спремни да уживате во тоа што сте го посакувале. И, не е до времето. До нас е ;)


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 29 Декември, 2006 - 22:56

Коментари:
  • Драга ОКси ...
    Хула ти посакува бањање во северните мориња и многу рипки ...
    да уловиш ...
    а Хопа ... ти посакува
    ..
    вљубени нежни очи погледи ...
    милни зборови
    и
    бакнеж во усните ...
    твои ...
    негови
    .
    .
    ХулаХопа ...
    (ХулаХопа 30 Декември, 2006 - 00:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • можеби се само мигови кога се станува сеедно, можеби и тоа зависи од тие проклети тегови...
    можеби како круг, спирала..
    можеби само линија,
    или линија повеќе на нашето лице...
    како и да е,
    се најдобро,окси и
    среќна нова
    (istok 30 Декември, 2006 - 03:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се' најдобро и тебе Окси. Балансирај!
    (GoodBytes 30 Декември, 2006 - 03:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ние само чекориме низ времето како низ сон ... низ бесконечноста ...
    Среќа и за тебе во новата година на личен и професионален план.
    (волан 30 Декември, 2006 - 12:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одлично, 5 :) (jurak OT petrof 30 Декември, 2006 - 15:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • .:Понекогаш желбите ни тежат повеќе од годините, другпат годините ги надминуваат желбите:. Сакам...да сакаш. Сакам...да имаш се што сакаш. Сакам...да бидеш исто толку сакана. Сакам...да сакаат сите...за да можеме слободно да се сакаме. Сакам светот да се сака. Ти посакувам да имаш срекна, здрава, стабилна, богата, мирна, нежна, топла, и пред се СЛОБОДНА 2007. (POPEK 30 Декември, 2006 - 15:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Годината што доаѓа нека ти биде посреќна, поуспешна и поубава од минатата..поздрав.(lucija 30 Декември, 2006 - 15:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хула,
    а бе, какви северни мориња, сакаш да станам коцка мраз?! Sticking out tongue
    Хопа, ова е веќе нешто друго...топло, нежно, убаво Eye-wink
    исток,
    неможе да биде сеедно,теговите се тука и мерат....
    круг, спирала, линија - геометрија на мислите Smiling
    GoodBytes,
    успевам со избалансирана нестабилност Eye-wink
    волан,
    чекорите низ бескрајот одекнуваат во звукот на нашите соништа Smiling
    јурак от,
    петка или глава?!! изборот е тежок Smiling Eye-wink
    попек,
    љубовта е таа која го верифицира нашето постоење во бескрајот Smiling
    луција,
    ги градираме желбите и соништата секоја година - убаво, поубаво, најубаво....грациозна градација Eye-wink
    Кога наоѓате место во Вашите срца за да некому посакате убави нешта - значи дека имате големи срца, богати со љубов Smiling Ви благодарам на сите Вас
    (oksimoron 30 Декември, 2006 - 22:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси - имаш право, желбите се остваруваат, а работите се случуваат, и тоа се случуваат брзо. Имај убава година
    (Леонова 30 Декември, 2006 - 23:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Браво бе многу добри текстови пишуваш.Али и мене ме замисли по прашањето зашто ја сакаме Нпвата година толку,дали мислиме дека,дали се надеваме дека во таа ке надоместиме нешто.Дали ќе успееме да си ги оствариме желбите.Можеби затоа со честитањето сите желби да ти се исполнат некако потсвесно мислиме дека ваа година има шанси?Во секој случај Среќна Нова Година и на тебе и да ти се исполнат желбите)(dostoevskigirl 31 Декември, 2006 - 19:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Леонова,
    dostoevskigirl,
    На вашите убави желби ги додавам и сопствените упатени до вас, па нека заиграат заедно, сплотено и исполнително - сите години кои следат Smiling
    (oksimoron 31 Декември, 2006 - 19:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, ќе ми извиниш ама не го прочитав постов. Само да ти посакам: здравје, љубов и се‘
    пс: в година го читам обавезно Smiling
    (RIBARO 31 Декември, 2006 - 21:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Фала, Рибару, за убавите желби.
    Јас ја нашминкав ќерка ми, го испеглав син ми, им направив фризури, ги изгушкав и избакнав, и ги испратив да прославуваат со другарките и другарите. Сеа ќе се туширам и ќе си легнам да спијам. Утре рано станувам за на работа, ми се „падна“ таква смена, де Smiling
    Глеам дел од блогерајов прославува онлајн, Вуна е во елемент, Окото набљудува, Ерор лови грешки, Боцевски анализира, Ундо ја погреба старата година....а бе се е ко шо треба, може мирно да спијам Eye-wink
    Убава вечер на сите, се читаме в година Sticking out tongue Smiling
    (oksimoron 31 Декември, 2006 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Точно во 23:59... (Окото 31 Декември, 2006 - 22:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имај убава година, сонувај, осмелувај се да гледаш во небото... и со разум! Eye-wink Smiling
    (Natka 1 Јануари, 2007 - 15:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нате,
    погледот кон небескиот бескрај знае да ти ги изгуби мислите....и да направи да сонуваш буден.....а разумот не помага баш у такви неразумни мигови Smiling
    Ти благодарам, имај и ти се најубаво, се што ќе помислиш и посакаш Eye-wink
    (oksimoron 1 Јануари, 2007 - 16:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments: