Friday, April 04, 2014

Мафиоманија


Зборот „мафија“ има повеќе толкувања. Според едни означува „мое чедо“ т.е. „моја ќерка“(симболика за создавање на потомство кое се одгледува грижливо, се заштитува додека расте и подоцна го поврзува семејството со друго семејство создавајќи заедничко потомство). Според други е кратенка од паролата на Сицилијанското движење на отпор кон Француските освојувачи (13 век) - „Morte alla Francia Italia anela! (Смрт за Французите од Италијаните!).“ Инаку, многу популарен израз за истиов поим е и „Cosa Nostra“ кој значи „наша работа“ т.е. затворен круг од дејствија за сите кои не се членови на организацијата. А самата организација делува во поглед на сопствено развивање, стекнување на материјални добра на секој можен начин, без оглед на законските прописи. Организиран криминал кој е поврзан со сите клетки на институционалниот систем и ги моделира правилата според сопствените потреби.
Во нашето секојдневие се почесто го сретнуваме поимот „мафија“. Како да не фатила некоја мафиоманија. Така, си имаме Урбана мафија, Медицинска мафија, Архео мафија, Бизнис мафија, Нарко мафија, Шверцерска мафија, Политичка мафија.....ма, мафиозно мафијирано мафијачење. Речиси насекаде. Велам речиси, оти, има некои полиња кои не се опфатени од овој успешен принцип на организираност и делотворност. Кога веќе толку не бива со ова мафииве, дајте нека се формира мафија за економски развој која со оглед на законите кои го кочат економскиот развој ќе делува противзаконски и ќе овозможи напредок на полето на економијата. Може да се формира и мафија за вработување која организирано ќе делува при создавањето услови за зголемување на вработеноста и покрај сите ограничувачки фактори. Па потоа, мафија за евроинтегрирање која нема да потклекне пред ниедни правила за непроширување на унијата, туку ќе делува во насока на изнаоѓање заеднички елементи за поврзување со тоа европско семејство.
Ние од секогаш сме знаеле да ги следиме светските трендови. Ама, тоа го правиме на погрешни начини. Треба напредокот да го забраниме, па белки тогаш ќе ни тргне. Во илегала. Подобро ни оди со забраните отколку со дозволите. Дајте, да почнеме да се организираме како што треба. Па, нека биде тоа и мафијашки , кога веќе тој тип на организираност ни е најуспешно совладан ;)

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 27 Октомври, 2006 - 11:08

Коментари:
  • Знаеш Окси,
    Македонија баш сеа поминува низ она што се случуваше у 30-тите години на минатиот век у Ес-А-Де; токму затоа, како по навика ние касниме и со негативните, и со позитивните процеси. Не знам, да не е Македонија земја на неонот, што толку касно (ко неонки) палиме?
    Што се однесува до нашите мафии, постои еден позитивен принцип: единствено тие во државава делуваат организирано
    Laughing out loud
    (iacovibus 27 Октомври, 2006 - 18:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во мојот блог имам неколку ... море многу постови во врска со мафијата ....
    ** За Албанската мафија - која го спроведува крвното убиство ... но сега по нарачка .... платиш да се спроведе крвноубиство ... не е како порано - се бира член на фамилијата да ја изврши крвната одмазда ..
    ** За Економската мафија - мафијата во порите на општествено економските односи, па и политичките .... па таму дојдов до заклучок дека ние сме единствена држава во Европа - каде Мафијата си има своја држава ... можеби Албанија беше пример за ова порано ... а Косово сеуште не е држава ...
    ** Во последно време пишував за таканаречената “АрхеоМафија“ ... каде за грст долари ... организирано си го продаваме идентитетот и историјата (сериалот постови уште трае)
    Карактеристика на нашите мафии (од сите видови) дека имаат потпора во:
    - Политичките партии
    - Владините естаблишменти
    - Високите структури на државната администрација
    - Судството (во високите истанци)- и
    - Полицијата
    Погледните го само случајот на кој се е купец на станови кај Фиком - Линк Тука
    Неколку судии и други високи структури од власта.
    Зарем не е индикативно зошто ЕУ - ни го обвини судството и бара реформи - зошто немаме странски и домашни инвестиции - зошто ЕУ бараат реформи во полицијата ??!!
    (волан 27 Октомври, 2006 - 19:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • iacovibus,
    баш поради тој позитивен принцип т.е. вештината за организираност кога станува збор за недозволени дејствија - добро би било економскиот развој, вработувањата и евроинтегрирањето да ги прогласиме за против законски, па белким конечно ќе поченеме да напредуваме на тие полиња Eye-wink
    волан,
    „...Зарем не е индикативно зошто ЕУ - ни го обвини судството и бара реформи - зошто немаме странски и домашни инвестиции - зошто ЕУ бараат реформи во полицијата ??!!...“
    Очигледно ни треба и реформска мафија Eye-wink Smiling
    (oksimoron 27 Октомври, 2006 - 19:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ваквите текстови по блогов и весниците каснат десетина години, бељата е направена, историја.
    (Бунка 27 Октомври, 2006 - 20:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    збунка. Smiling
    Не каснат текстовите, туку дејствијата Eye-wink
    А бељите...они се секогаш напред у времето, нив ништо не ги стасува Smiling
    Инаку, теријата и праксата често ни се разминуваат во времето и просторот. Законите на физиката не важат овде, ама затоа пак Марфиевите кулуминираат Eye-wink
    (oksimoron 27 Октомври, 2006 - 21:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • зошто ЕУ бараат реформи во полицијата ??!!...
    можеби затоа што веќе 2 месеца ме маткаат за еден записник без кој не може да се започнат судски постапки по 3 основи..
    и плус..
    малку ни се мафии..
    па и имаме дури и разни команданти..
    и плус..
    малку ни е..
    кога сето тоа го дозволуваме..
    (anaveno 27 Октомври, 2006 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси-Мокси Smiling
    Законите на физиката не важат, Марфи на Мон Блан се качил, но зошто не важат ни законите на опстанокот, на логиката? Има многу повеќе конкретни факти од ова што го пишуваме... реалност е.
    (Бунка 27 Октомври, 2006 - 22:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нема те....има те...па те нема. А......мафија, НЕМА. Ова се само лоши глумци од некаков шпагети-гангстерски филм. Поздрав, (sirano 28 Октомври, 2006 - 16:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • anaveno,
    а бе, за се не бидува - и за мафијачење, и за командување,и за зборување, и за ќутење, и за заботување...за шо не не бива се вадиме на маленкост Eye-wink
    бунка,
    реална виртуелност е Eye-wink
    сирано,
    ме има, ме нема, ме има....се движам, де Smiling
    А глуциве изгледа сериозно си ја сфатиле улогата. Мафија може нема, ама филмање колку сакаш Eye-wink
    (oksimoron 28 Октомври, 2006 - 19:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • МАФИЈА?
    хмм
    Не би јас рекол мафија...
    БАГРА?
    Да.
    Кога бев во Италија, ми дадоа жабарите точна дефиниција за мафија....
    Безпрекорно функционална организација (Сицилија) која не страда од мито и корупција,нема преваранти,нема лопови....Грешниците плакаат со глава...Затоа се беспрекорни
    Тоа е мафија..
    Се е друго ФИЛМ...или глумење на мафија
    п.с. Во Италија најопасна организација е КАМОРАТА...
    Ама за тоа покасно
    Smiling
    (sting EYE 29 Октомври, 2006 - 16:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Око абе не ја вреѓај БАГРАТА! Smiling
    Инаку и тука се плаќа со глава врати си го филмот малку наназад, самоубиство со 6 куршуми во глава???
    Окси не знам веќе што е виртуелно што не е, исто ми се фаќа, збунка...
    За мафијата зборам Окси, за мафијата.
    Smiling
    (Бунка 29 Октомври, 2006 - 22:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе не ти е лоша идејава, единствено нешто што си пропуштил е да сугерираш и формирање на Стопанска комора на мафијашките организации, што неминовно ќе бара и Синдикат на мафијашките работници и тука некаде би бил крајот!!!
    (macmeto 6 Ноември, 2006 - 00:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • macmeto,
    Smiling))))))
    во право си - крајот е таму некаде со почетокот на преговорите и договорите помеѓу организационите единици , поточно помеѓу застапниците на нечии права и одредувачите на принципите за работа во согласност со истите.
    Е сеа, знаеш што е добро во мафијашката организираност (?) Smiling - тоа што нема простор за недоразбирања т.е. тоа е празен, мртов простор Eye-wink Sticking out tongue Значи, не смее да има недоразбирања Smiling
    А за разбирањето...сите имаат подеднакви шанси. 50% . Или ќе те биде или нема да те биде. Јасно, недвосмислено, без нијанси Smiling
    (oksimoron 6 Ноември, 2006 - 12:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • О.К. Мафија?! Деветнаесет пара очи, деветнаесет пара раце за никаде, деветнаесет општоградски тресачи на глупости!? Окси, нов текст се чека од тебе. Оти времето е такво, каа шо е. Поминуе, вит да го витоса... А и некоа песна не ќе е лошо да туриш. Продужи нешто каа INXS или како ти мислиш дека треба! (marjantod 8 Ноември, 2006 - 01:08 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,
    Сеа ми текна на една поинаква позадина на мафијата - она, фанатично-религиозна, да не речам масонска. Шпекулативно, од повеќе книги што ги имам прочитано (не само белетристика, туку и она - полито-социолошки), мафијата ти е еден вид на секта. Светскиот пример за тоа е италијанската мафија, која го користи католичкото учење, додава неколку пагански ритуали (не знам, се пресекува дланката, и крвта се поросува на слика на некој светец или светица), и на тој начин суптилно и засекогаш владее со луѓето.
    Која психоделија???
    (iacovibus 8 Ноември, 2006 - 16:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сега пред малку ја гледав сцената со Сани брат му на Мајкл, сцената кога му го гаснат светлото.
    (Бунка 10 Ноември, 2006 - 22:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: