„Не е голем човек оној кој никогаш не паднал, туку тој кој после падот станал и продолжил“ – рекол Ганди.
Ама, не кажал колку пати треба да се падне пред да се „порасне“. Пред да се освои големината. Не кажал ни за „видовите“ на падот како средство. Ниту пак, за злоупотребите негови. Колку ниско може да се падне за да се биде „голем“. Не, не кажал ништо за тоа.
Тргнуваш по својот пат кон соништата. Паѓаш. Стануваш. Ја тресеш прашината од себе. Стегнуваш заби. Ја голташ болката. Продолжуваш напред. До следниот пад. А потоа пак истата постапка. По истиот редослед.
По неколку падови, повеќе не се прашуваш дали ќе боли следниот, туку... дали ќе станеш после него. Доѓаш до моментот кога стравот повеќе не е од падот, туку од станувањето. Ќе можеш ли?!
Со модринки во душата, скршеници на егото, шината идеологија и отоци во разумот.... чекорат духовни инвалиди со поглед вперен во облаците. Ја следиш траекторијата на нивниот поглед. Забележи ја прекршеноста. Забележи го изгубениот правец. И, уште нешто што недостасува. Сјајот во очите.
Застани за момент. Ајде, обиди се да ја замислиш големината. Колку е голема? Многу? Добро. Но, зарем самата мисла за неа не е исто така голема по волумен? Ја собира ли во твојата глава?
Сега си збунет. Се чувствуваш ограничен од самиот себе. Од својата глава. Точно. Таму е проблемот.
Прочитај ја повторно првата реченица. Мислата на Ганди. Помести го фокусот од „голем“ на „човек“. Да. Го имаш клучот сега.
Продолжи по патот кон облаците. Кога го имаш клучот со себе, тие ќе те досегнат тебе.
Не, не е ова цртан филм.
|
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Август, 2007 - 22:29
Коментари:
тоа е различно за секого...
зашто, никој не знае како е во туѓите чевли...
(виолетова 8 Август, 2007 - 23:01 | логирај се за да пишуваш коментари)
- Најбитно е во животот да имаш еден пријател/ка кој безрезервно ќе ти помогне кога ти е најтешко. Имаш таков?
(Бунка 8 Август, 2007 - 23:20 | логирај се за да пишуваш коментари)
Вчера бев малку растревожена, мала утеха од близок човек ми беше потребна за да продолжам. Денес сфатив дека не сум требало да се растревожувам, било сосема само во мојата глава, немало потреба за тоа. Чудно, како понекогаш лесно е да се падне, дури и кога нема дупка или камен пред тебе, а сепак можеби имало камења кои биле прескокнати, но сепак недоскокнати....
Поздрав
(Natka 9 Август, 2007 - 07:46 | логирај се за да пишуваш коментари)
да, во право си мила. Но, не само бројот, различен е и начинот на паѓање
Бунка,
имам такви пријатели Среќна сум поради тоа
Паѓањата и станувањата се фази низ која сите минуваат. Ама, сите на различен начин ја НАДминуваат
Натка,
се е во главата мила моја, таму се најголемите препреки
Ти имаш широка душа и не се сомневам дека ќе ги поминеш сите препреки.
Има еден слоган кој често се користи како совет - „отворете го умот“. Но, кај некои луѓе (не кај тебе, само мала генерализација, де) тоа „отворање“ резултира со испарување. Зависи од % на чистота на мислите
Поздрав и до тебе
Волан,
велиш, ми се мешаат ИД-ата?! Можно е, можно...
А предизвиците ја имаат онаа тежина која ние ќе им ја дадеме со нашиот избор за реакција на истите
Поздрав
(oksimoron 9 Август, 2007 - 15:49 | логирај се за да пишуваш коментари)
(seelenluft 9 Август, 2007 - 16:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
се согласувам со тебе. Кога целта не е јасно дефинирана - и самиот пат станува нејасен, магловит. А тогаш лесно се паѓа.
Кликер,
има скриена порака во твојот коментар
Умешноста да се лета тешко се совладува. А кога ќе се совлада, многу е важно да се балансира висината - превисоко воздухот е редок, а прениско постои опасност од заплеткување во гранките и грмушките
(oksimoron 10 Август, 2007 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
(dr. Max 15 Август, 2007 - 23:35 | логирај се за да пишуваш коментари)
Само држете ги умовите отворени, тие ќе ви ги санираат и претераните летови и претераните падови.
Интересен пост...
(Верверичката 18 Август, 2007 - 20:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
Окси, те следам по патот качен на најфлуидниот облак
(RIBARO 19 Август, 2007 - 14:25 | логирај се за да пишуваш коментари)
тоа „за навек“ е паѓањето со духот
Верверичке,
летањето бара друштво, додека паѓањето најчесто е осамено. А перцепцијата е променлива во зависност од висината, точно е
Рибаро,
жабја, птичја, човечка.... секоја перспектива си има свои предности и недостатоци. Важно е во секоја ситуација да се биде свој.
Фала ти, пријателско ведро облаче
(oksimoron 27 Август, 2007 - 20:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment