Никола Поповски би бил пресреќен да се наследи самиот себе си. Така бар изјави изнесувајќи доверливи информации (до кои јавноста, како и секогаш, немала пристап) за состојбите т.е. полноста и празноста на државната каса. Старата дилема за полупразно и полуполно уште го измачува човеков. Истата параноична дилема со вратата која ти се чини полузатворена кога сакаш да излезеш, а полуотворена кога се плашиш дека некој друг може да влезе. Додека беше во зенитот на министерување - никогаш немаше пари за ништо. Ни за стечајците, ни за земјоделците, ни за нови вработувања, ни за подобрување на условите во образованието ..... едноставно стегаше секаде кај што можеше. А сега, на заминување открива дека пари имало. Дека никогаш досега немало повеќе пари у државната каса на Р.М. Па, ние сме биле богата држава а појма сме немале. Сме немале пристап до тие информации. Зошто ни кријат вакви работи?!
Со најавата „сега ќе бидам малку искрен“ (чудесно, го фати наплив на искреност, дури по пола саат зборење?!) искажа загриженост од можноста за непосредни спогодби на новите министри без ресори задолжени за привлекување на странски инвестиции. Со оглед на досегашната практика на владата чиј дел беше и самиот...оправдан му е стравот. Непосредноста се покажа како страшна работа при посредувањето со провизиите. Наместо да поентира - се удри со свој камен по своја глава. А нишанеше веројатно на својот премиер и партиски лидер за чие место претендира и самиот. Бумеранг ефект.
Даде осврт и на најавената борба со корупцијата. Повикувајќи се на зборовите на својот сопартиец Илија Иљоски (искусен крупие на една од масите каде врти корупцијата-екс директор на царина) потенцира дека најпрво треба да се погледне назад за да се дознае тоа што е напред. Чекај сеа малку.....а шо стана со слоганот „Напред, не назад“?!! Дали сега, од позиција на опозиција се демистифицира самата парола како губитничка? Или, ко што кажа и самиот - зборовите се само зборови и не значат ништо ако не се спроведат на дело.
А делот во кој изјавува загриженост за безбедносната состојба во државава со анализата дека македонците со албанска етничка припадност се потценети и маргинализирани учесници во власта и дека не е испочитувана вољата на гласачите од одредена етничка припадност, со што постоела потенцијална опасност од ескалација.......не би го коментирала. Не сакам да коментирам малициозни забелешки со претенциозност да подбуцнуваат и дестабилизираат. Ми личеше тоа на сеирџиско долевање масло на огнот. Само се запрашав колку ниско може да се спушти човек во болната амбиција да се биде на власт. Очигледно Никола страда од поствладин синдром, кога по одреден период на практикување на власта се навикнува на истата и му доаѓа како вообичаена состојба, па губењето на позицијата и привилегиите од истата го доживува како девијација на општеството, при што запаѓа во тешка криза на сопствениот идентитет но се обидува таа криза да ја рефлектира кај другите.
Ех...Никола, Никола, нешто чудно ти се случува....
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 26 Август, 2006 - 13:28
Коментари:
нели сакаше црвени оџаци..
кога бил мал се радувал кога светеле над Железарница..
имал и црвена марама околу врат..
јас ќе те подржам во овој пост..
ќе видиш..
п.с..тука..
http://www.blog.com.mk/node/21288
(cakamtedadoides 26 Август, 2006 - 14:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
Му се случува... од коњ слезе на магаре. Ама ние другите, еве си цапкаме во калта. Па тој нека си зборува што сака, не е да го жалиме.
Qzevski, во право си.
(GoodBytes 26 Август, 2006 - 16:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
Имало пари во касата,ама ги чуваме за зимница.
Илија Илоски се врти назат,за да ја види коруптивната опашка што ја создаде во последниве 10-тина години.
Нестабилност само се насетува навидум,но по мое видување нема здрава основа за тоа.
Сепак и ДУИ и СДСМ ке се помират со фактот дека ке си одмараат некое време на МАГАРЕШКА КЛУПА.
(sting EYE 26 Август, 2006 - 16:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
"смешно излагање од човекот што се труди да изгледа сериозно."
(произволен цитат)
(Црнориз 26 Август, 2006 - 17:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
се согласувам дека највпечатлива за коментирање е баш изјавата со која се поттикнува радикализација во албанскиот етнички блок, но премногу е сериозна таа закана за да си го дозволам мојот ироничен пристап при коментирањето. Затоа реков дека не би коментирала, би му одбила од болната амбициозност на г-динот Поповски, кој со оваа изјава многу јасно и недвосмислено најави на какви се чекори се подготвени за да и наштетат на сеуште неизгласаната влада.
(oksimoron 26 Август, 2006 - 20:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
ми иде пред очи скечот од к-15 кога Тошо правеше интервју за етничките состојби во Македонија со Миле качен на рамениците на Бубо
Стинги,
кодовите допрва ќе се дешифрираат
Црнориз,
Тачи често знае да трефне у нерв
чекамтедадојдеш,
те бивало за фотошоп, бе
(oksimoron 26 Август, 2006 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)
не е..
Macromedia Fireworks 8..
од имроко е..
(cakamtedadoides 26 Август, 2006 - 22:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
(мх 26 Август, 2006 - 22:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment