Една секунда политички маркетинг на националните телевизии чини 8 евра. Во зависност од локацијата и површината која ја опфаќа, се одредува и цената на билбордите. Капите, маичките, знаменцата, запалките, приврзоците... се плаќаат од парче. Секој според потребите и можностите. Е сега, оние кои ќе бидат најзастапени во медиумите, на билбордите...оние кои ќе поделат најмногу парчиња рекламен материјал...не значи дека се најдобри. Значи само дека имаат најмногу пари. Значи дека ним политиката им се исплатила, т.е. таа е профитабилен бизнис за нив. Обично маркетингот се користи за да се продаде подобро некој производ. Се вложува за да се заработи. У случајов - гласот на народот. Дали изборот ќе ја покаже моќта и исплатливоста на маркетингот или квалитетот на понуденото?! Дали ќе се подлегне на сугестивниот, заводлив рекламен штос или ќе се одлучи објективно, непристрасно според личниот резон базиран на индивидуалните, ненашминкани рационални анализи? Човечкиот мозок во просек тежи 1 400 грама. Научните испитувања укажуваат дека го користеме 7-10%. Значи, само 100-140 грама функционалност. Ако ги споредиме вложените средства за заведување на нашите сиви ќелии - колку чини еден грам памет?! У добивка сме или у загуба ? |
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Јуни, 2006 - 17:19
Коментари:
(волан 9 Јуни, 2006 - 18:20 | логирај се за да пишуваш коментари)
Дал ќе се стаи разумната концентрација врз грамажата, па помножено со цената на маркетингот....или...ќе се подели грамажата со понудената цена па ќе се множи со неискористениот % од мозокот ... или... ќе се множат сите параметри кои се дадени на располагање а делбата ќе биде по изборите....или...ќе се дели се и ќе се вади корен од глупоста...или.... ма, има безброј варијации за пресметки !
Премерени сме ние во сите мерки , неизмерливи ни се капацитетите за мерливост сал
(oksimoron 9 Јуни, 2006 - 23:16 | логирај се за да пишуваш коментари)
избор и воопшто немаше потреба од мислење! У ствари, и не смееше да се
мисли, немаше таква опција
Не е проблемот у идеологијата Анти, туку во резонот на луѓето кој е
подложен на моделирање у зависност од маркетингот
(oksimoron 11 Јуни, 2006 - 03:28 | логирај се за да пишуваш коментари)
Патриота2
(patriota2 11 Јуни, 2006 - 03:33 | логирај се за да пишуваш коментари)
е дека во комунизмот имаше само една партија, и дека немаше општи
избори. Тоа директно значи ограничување на демократијата. Ама прашај
се, дали сега НАВИСТИНА ИЗБИРАМЕ? Ни се подметнуваат готови листи на
луѓе ставени на листите по партиска заслуга. Јас пишав за ова
веќе.
(.аНТИ 11 Јуни, 2006 - 09:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
Мислам, нешто као шо рече аНТИ, имаме плурализам само de iure.
@ Патриот: Аман веќе, не го спомнувај тој збор...
Не сум сигурен, но изглеа сум алергичен на зборот
НАРОД. Па сите веќе, „народот ова...“, „народот
она...“. Ја не глеам народ у Македонија. Никаде.
(-- плус, ако си патриот, ќе користиш user Патриот, а не патриотА, од проста причина што е српска форма--)
iacovibus
(iacovibus_ 11 Јуни, 2006 - 18:36 | логирај се за да пишуваш коментари)
А оној мал дел кој резонира без влијание на маркетингот и избира рационално ... сосем ирационално - секогаш останува мал дел на маргините од централните глупости, на ивицата од паметот.
Некој сфатил дека избирачите се ко потрошувачи - треба да ги анимираш со неверојатни, илузионистички па и нереални рекламни спотови за да „купат“. Наместо содржина и квалитет, се оди на маркетиншка хипноза која предизвикува психоза, ама со постизборен ефект.
(oksimoron 12 Јуни, 2006 - 09:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
А бе, затрупана сум со работа, неам време сеа да се сконцентрирам на пишување...а колку сал теми има деновиве!
Ама, не сакам да стаам нешто сал ради реда, ради квантитет, да ми се броат постови, де
Ај, вечерва ако имам енергија (напорен ми е денов, верувај) ќе стаам нешто
Баш пријатно ме изненади со барањево за постови Мило ми е шо ти се допаѓаат моиве пишувања и очекуваш ново
(oksimoron 13 Јуни, 2006 - 13:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment