Friday, April 04, 2014

Рамнотежа


Сврти ја наопаку сликата за ѕидот.
Стави го столот на плафонот, седни и почувствувај ја рамнотежата во просторот.
Не мери го времето. Заеби. Имаме премалку минути, а премногу години.
Навади го виножитото со водата во која ги изми мислите. Нека потечат боите по ѕидот на неотсонуваното.
Едно двоумење падна на бетонските плочки во окото и се искрши во безброј џамлии.....никогаш не научив да играм со нив. Ниту ги разбрав украсните фигури во внатрешноста на стаклените топчиња..
Понекогаш ноќта е подолга од растојанието помеѓу стрелките на часовникот....
Во средиштето на апсурдот се наоѓа логиката. Каде што никој не ја бара. Жонглира чекорејќи по јаже под шаторот на патувачките двосмислености. Зборот е акробат на трапез.

Ако не можеш да ја прескокнеш препреката – сруши ја! И помини преку урнатините пред да падне правта на подот. Не оставај стапалки зад себе.
И...не сум дволична. Не. Само, често спротивна на самата себе.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 5 Февруари, 2007 - 01:46

Коментари:
  • Типично оксиморонски во секоја смисла Smiling Браво!
    (RIBARO 5 Февруари, 2007 - 02:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • незнам каде гледаш рамнотежа..
    ова бре се наопаку..
    со 2-те раце типкаше или моно?..
    (vasiot sosed 5 Февруари, 2007 - 03:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Неурамнотежена рамнотежа...убаво.Поздрав. (lucija 5 Февруари, 2007 - 10:47 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • И јас сум во последно време во потрага по рамнотежа, нова рамнотежа, моја рамнотежа.
    Се те разбрав! Smiling
    (Natka 5 Февруари, 2007 - 10:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Рибару,
    типично атипично е, де ... ама во секој смисол намерно Eye-wink Поздрав
    ----------------------------------
    Соседу,
    какви раце, бе - пишував со домалиот прст на левото стапало Smiling
    -----------------------------------
    Луција,
    не е финта кога некој човек ќе оди од една крајност во друга, туку кога ќе ги допре и двете истовремено - рекол некој мудар човек Eye-wink
    -----------------------------------
    Натке,
    кога на некој човек едната нога му е во печка, а другата во фрижидер за замрзнување - статистиката би рекла дека неговата просечна температура е сосем угодна Smiling
    Батали статистики, биди своја и барај своја рамнотежа Eye-wink
    Ма, се разбираме ние...
    (oksimoron 5 Февруари, 2007 - 11:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ако неможеш да ја прескокнеш препреката, заобиколи ја. Знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, но обиди се да најдеш друга патека.
    Длабок текст. Биди ми поздравена пријателелке спротивна самата на себе Smiling
    И не заборавај, спротивностите не движат.
    (Леонова 5 Февруари, 2007 - 12:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • екселент ...
    (ХулаХопа 5 Февруари, 2007 - 13:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Леонова,
    премногу често ја заобиколувам
    сега рушам и не се секирам Eye-wink
    А за спротивностите сосема се согласувам
    Поздрав Smiling
    ----------------------------
    Хулахопа,
    ексел или ворд...битно е да се пише, де Eye-wink
    фала Smiling
    (oksimoron 5 Февруари, 2007 - 15:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И ја никад не научив да си играм со џамлии:)
    Башка, многу пати сум се фатила у контрадикции и сум се мрзела шо неам поцврст став. Научив да се снаоѓам со мојата нерамнотежа и лабилност. Т.е. некој ми помогна да се снајдам...едноставно веруваше во мене.
    Да, патетична сум, шо да праам...
    (Gothic-hauzwife 5 Февруари, 2007 - 18:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Gothic-hauzwife ,
    секој обид да се биде во рамнотежа со спротивностите во себе, е умствена акробација која бара напор. Мило ми е што си нашла начин, макар и со помош, т.е. со некој верувал во тебе дека можеш Smiling
    Понекогаш, кога ти се чини дека е се наопаку, треба да пробаш да се справиш на тој начин - баш наопаку Eye-wink
    (oksimoron 5 Февруари, 2007 - 20:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • рамнотежата постигни ја само во себеси, никогаш немој да се урамнотежуваш за другите. веруј не вреди. мисли само на себе, само ти си важна. позз (Natashka 6 Февруари, 2007 - 07:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Natashka,
    рамнотежата во нас со нас делува на рамнотежата на нас околу нас Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 6 Февруари, 2007 - 16:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • баланс
    (нема што да се коментира)
    (all_is_half 6 Февруари, 2007 - 16:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уште еден од многуте бисери на Окси. Браво аген!
    (dr. Max 6 Февруари, 2007 - 18:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: