Saturday, April 05, 2014

Се бара... партнер за Нобелова награда :)


Сите големи откритија во науката и технологијата се во насока на поедноставување и олеснување на условите за живот на човекот. Притоа се користат сите расположиви ресурси од природата. Колку што треба и колку што не треба. А ако нема доволно ресурси – се смислуваат нови, алтернативни начини. Понекогаш и не се смислуваат туку само се замислуваат. Ако, во некои идни времиња и замисленото ќе се смисли. Од некои нови генерации.
Веќе десетина години, во сенката на моето генијално лудило се крие еден револуционерен изум. Бидејќи ние генијалците сме многу мрзеливи (ехееј, до кај би стасал светот да не бевме такви), чекав некој друг да го изуми мојот изум и заедно со останатите да уживам во благодетите од поедноставувањето на една секојдневна, рутинска активност. Си велев дека не сум јас до толку паметна за да изумувам, има куп паметни луѓе низ светов, белки некој ќе се сети, ќе дојде до идејава и ќе поработи на нејзина реализација. Ама, кога и по толку време сеуште никому не му текнува да го направи тоа – ќе морам изгледа самата да ги засукам ракавите и мрза - немрза да изумувам.
Ве заинтригирав за што станува збор? За еден многу практичен изум – машина за суво перење на алишта! Да, да. Колку едноставно звучи, нели?!
Заради сликовитост, замислете дека е тоа машина слична на микробрановата печка, но со поголеми димензии. Ги закачуваш внатре алиштата (на специјални закачалки), ја затвораш вратничката (херметичка изолација), го подесуваш тајмерот (во зависност од степенот на валканост) и вклучуваш. По неколку минути имаш чисти, суви и неизгужвани алишта. Без нивно потопување во вода, без спрострирање и сушење, без пеглање. Заштедуваш вода, електрична енергија и време. Нешта за кои постојано се жалиме дека ги немаме во доволни количини. Со ваква машина, одржувањето на гардеробата би станало наједноставната активност во домот. Секој би можел да има чиста облека за неколку минути. Освен домовите, со вакви машини би можеле да се опремат и сите локали, ресторани, фирми, аеродроми.... ма, секаде каде луѓето по некоја незгода (или трапавост, де) ќе можат за неколку минути да ги решат дамките од кафе, мастило, сок, кечап (...) и да изгледаат како ништо да не се случило. Да не комплицирам, оставам на вашата имагинација и креативност да ги согледате сите можности и практични примени на машинава.
Е сега, нешто сепак недостасува во мојов изум. Детергент кој би бил ефикасен во гасовита состојба. Да делува така што наместо да ги раствора нечистотиите во вода, би ги разградувал и претворал во прашинка која се стресува од ткаенината. Нешто како средствата за деконтаминација. Затоа барам партнер изумувач (хемичар) кој ќе поработи на тој дел од изумот. Па, да ја комплетираме машината за суво перење на алишта и го патентираме заедно пронајдокот. Гарант не ни бега Нобеловата награда. Башка заработката од овластувањето за сериско производство.
Има ли некој генијалец кој ќе ја победи својата мрзеливост и ќе го измисли детергентот за машинава? Ајде, човештвото (а посебно домаќинките) чекаат на нас!


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 29 Октомври, 2007 - 08:04

Коментари:
  • Ете јас сум доброволец. Smiling
    Доволно луда идеја за да биде предизвик за еден екцентричен инженер како мене. Smiling
    Океј.
    Може да пробаме, но за наградата НЕ ГАРАНТИРАМ!
    хахахахаха
    поздрав (добра инвенција, но треба иновација)
    Smiling
    (sting EYE 29 Октомври, 2007 - 08:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Жалам, ќе мора да смислиш некоја друга идеја. А и ќе видиме дали овие ќе ја добијат наградата.
    1. A New Kind of 'Dry' Cleaning;
    2. Singapore Students Invent Waterless Washing Machine.
    (GoodBytes 29 Октомври, 2007 - 08:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ааааа, супер штом некој поработил на идејата! Smiling
    Иначе, мене оваа идеја ми „светна“ одамна, кога се „задомаќинував“ Laughing out loud . Тогаш домашните ме зезаа дека сум мрзелива и смислувам како да не работам Eye-wink
    Гледам дека дечкиве од Сингапур работеле на машинава во 2005-та. Штета што досега не е пуштена во масовно производство. Веројатно, сепак нешто не е како што треба и не функционира баш. Sticking out tongue Laughing out loud Затоа, ние нашата машина ќе ја направиме да функционира Eye-wink
    (oksimoron 29 Октомври, 2007 - 09:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси...ако добиеш инфо одма објавувај Eye-wink
    (Леонова 29 Октомври, 2007 - 10:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси само 700 евра те делат од решението Smiling
    Ни прашок ни бутур.
    (strumjan 29 Октомври, 2007 - 11:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Леонова,
    не се трпи више, нели?! Дај ако измислуваат нека измислуваат и нека пуштат во оптек, оти ќе не нанервираат и ние ќе засукаме ракави и ќе измислиме. Вака веќе неможе Eye-wink Smiling Smiling
    Струмјан,
    глеј шо фино решение - машина која пери без никаков прашок. А бе, одсекоаш сум мислела дека физиката е појака од хемијата у секој поглед. Еве чист доказ Eye-wink За чистота! Smiling Smiling
    (oksimoron 29 Октомври, 2007 - 11:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имам извонредно решение.Без детергент,без машина,без вода (освен за пиење),без струја (освен за сушење коса),без трошок (освен за јадење-и тоа малку)...едноставно ЖЕНА МИ. Пере, пегла, суши, вади флеки...и саљбајле, додека се измиеш...баааап, на закачалка...се спремно. Додуше....нема гаранција, ама, јеби га, нема и ефтино и со гаранција. ПОЗДРАВ. (POPEK 29 Октомври, 2007 - 11:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • е тоа видиш...без прашак, шо убо. Ем штедиш, ем не ти се оштетуваат алиштата...а не коа переш темни, ако не стаиш нила блек, или неро фикс, остануваат бели флеки кои после ништо живо не ги вади.
    Окси, како почнаа да ти праќаат линкви, може и ќе се офајдиме на крај Smiling
    (Леонова 29 Октомври, 2007 - 11:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Чистење со ултразвук... нема вода, нема прашок, а алиштата чисти и суви Smiling
    (Antonio Gaudi 29 Октомври, 2007 - 13:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Инспирацијава си ја добила во недела 100% Smiling. Инаку таква „машина“ каква што има попек иам и јас, само по време почнува многу галама да крева и кога пере и кога пегла, така да не е решение дефинитивно Smiling
    (RIBARO 29 Октомври, 2007 - 14:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, не е до хемијата, до мажот е. Поработи и на таа варијанта, па кажи дали ти упали Smiling
    (KLIKER 29 Октомври, 2007 - 15:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Попек,
    брееееј, ама шовинизам! И тоа апла,бе!
    Сепак, еден пријателски совет од мене.... ако ја третираш жената како машина за перење, биди подготвен дека и таа ќе те третира соодветно - како непријатна дамка на нејзината гардероба! Eye-wink Smiling
    Леонова,
    а бе, редно беше да се спотера работава. Ако нема кој да подбуцнува, ќе нема кој и да истражува Smiling
    Како и да е, глеам дека на арно се движи, ќе се офајдиме ние со една поедноставена и олеснета обврска дома Eye-wink
    Antonio Gaudi,
    велиш, чим може да отстрани забен камен - што останало за едни обични флеки на ткаенините,а? Интересен прилог кон истражувањето даваш. Ќе не биде, бе! Smiling
    Рибаро,
    недела претпладне беше. Како погоди??! Sticking out tongue Laughing out loud
    А глеам, Попек пушта водичка и ти одма залетуваш. Нели рековме „без вода“, бре?! Нуму вака и ти....
    Ама, со оглед на тоа дека сепак изразуваш дека си заинтересиран за пронаоѓање на некое друго, трајно решение - те примаме во тимот истражувачи Eye-wink Ајде, на работа, на труд! Smiling
    Кликер,
    Добро бе душо, зошто и ти паѓаш на вакви провокации у однос на полови разлики? У грешка двор избега топката вака. Иначе, на сите варијанти ми „упалува“ кај сопругот, супер е тој Eye-wink Smiling Туку,да не забегуваме у други насоки, дај ангажирај се и кажи предлог за машинава, биди кликер у тимов Smiling
    (oksimoron 29 Октомври, 2007 - 17:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ауууу Окси! Па ти си била империјалистка! Анасана...
    Додека другите перат ти сакаш да заработиш... Sticking out tongue
    =))
    "Ми се падна" на Докажи дека си човек: peppixes - ете ти име за машината. Laughing out loud
    (Бунка 29 Октомври, 2007 - 18:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    е нееее... шо мислеше ти?! Smiling Smiling Smiling
    А името шо ти „се паднало“ по се изглеа од високо паѓало и се здробило. Sticking out tongue Laughing out loud Smiling
    peppixes.... хммм...кхм-кхм... (ако зезаш, лоша шега е, а ако не - зар стварно мислеше??! ) Sticking out tongue
    Дај малце повеќе креативност,де. Не оставај вака сериозна работа на случајноста дека си докажал на компјутерот оти си човек Eye-wink Не за друго - не им верувам ја на компјутерите до толку! Smiling
    (oksimoron 29 Октомври, 2007 - 21:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Simpsons did it..
    Има во многу СФ дела т.н http://en.wikipedia.org/wiki/Sonic_shower
    Покрај во Стар Трек истава технологија беше спомната и во серискиот Еурека.
    Врз основа на оваа технологија, која никој не знае како функционира, покрај за бањање, можеме да создадеме и машини за перење.
    (Државник 29 Октомври, 2007 - 21:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Биљана со леткум лемеше
    со Охридско радио дремеше
    оздола идат Швеѓани
    Швеѓани динамитчии
    Швеѓани динамитчии
    кротко палете фитиљот
    да не ми калај турнете
    калајот ми е отаде тилот
    Биљано моме свати не
    ако ти калај турнеме
    со Награда ќе го платиме
    и чекче со шест нули ќе ти мунеме
    (Alfred Nobel нело… 29 Октомври, 2007 - 23:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Државнику,
    да бе, коа може бањање без вода, зошто не би можело и перење без вода Smiling
    Иначе, од линковите кои ги стави Good.Butes (уништувач на забави!!!) гледам дека едната од машините сепак користи вода во минимални количини, така да најблиску до идејата за машина за перење се студентите од Сингапур. Но и нивната машина повеќе личи на сушална отколку на перална. Sticking out tongue Laughing out loud
    Кога ќе ги видам моделите со бубањ и кружна вратничка... сосем утната идеја,бе! Зошто би се вртеле алиштата во бубањ без вода?А?
    Мојата замисла е сосем поинаква - машината има правоаголна форма, слична е на плакарче во кое алиштата ги закачуваш најнормално, на закачалки. Внатре воздухот (ултразвук или гасовит детергент) струи како во микробранова печка делувајќи разградувачки на нечистотиите и тие се сронуваат на подот од машината кој ги собира како аспиратор. Најдоле има фиокичка во која се таложат разградените нечистотии и се чисти редовно. Eye-winkSmiling Алиштата се вадат сосем исти како и што се ставиле, без никакво гмечење и гужвање. Без капка вода употребено. Сосем едноставно Smiling
    Ја ќе си чекам ваков изум, оти навистина би бил многу користен. А додека некој го измисли.... ќе си фантазирам вака Smiling Smiling Smiling
    Алфред Нобел,
    а бе покрај изумувач и за поет те бивало тебе. Мултиталент Smiling
    (oksimoron 30 Октомври, 2007 - 13:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ех би сакала ама немам време,
    немам време,
    морам да живеам и да употребувам пронајдоци...
    кој ќе се мачи сега да измислува нови... Smiling
    поздрав мила Smiling
    (gersanina 30 Октомври, 2007 - 13:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Gersanina,
    имањето/немањето време е прашање на организација, душо Smiling
    Ако се сака се се може и за се се има време Eye-wink
    Поздрав и до тебе мила Smiling
    (oksimoron 30 Октомври, 2007 - 16:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси...таа пере...ама јас како ПЕГЛААААМ. Хе,хе...на раб.Ааааа...не со тие куршуми, јок шовинизам, само КОНСТАТАЦИЈА. Убавите нешта се тука некаде, крај нас...само треба да се подзавртиме, и ке ги најдеме, ха,ај сеа... Ок иам идеа. ПЕСОК. ПЕПЕЛ. ДОЖДОВНИЦА. Како нашите стари. А...ако не бива...ја...пак ке си ја барам...ЖЕНА МИ. (POPEK 31 Октомври, 2007 - 23:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Попек,
    ете така Smiling
    Гледаш како знаеш ти Eye-wink
    Поздрав
    (oksimoron 1 Ноември, 2007 - 01:12 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • 1 comment:

    Veronika said...

    http://x254.co/2017/08/28/award-winning-lgs-styler-steps-to-mitigate-health-risks-in-dry-cleaning/ ја изумиле! Баш како што ја замислував ;)