Да се биде свесен, буден за се што се случува околу тебе е вештина. Да се забележат сите промени, дури и најситните (интонација, поглед, гримаса, гестикулација) е извежбаност на сетилата. Тренинг на перцептивноста. Изострување на аналитичноста. Преку обработка на сите добиени податоци од сетилата се креира мислата. Рационалните заклучоци се базирани на логичките закони. Нивното поврзување создава мрежа за проток на спознанието. Систем кој функционира на чудесен начин.
Тесла тоа би го кажал отприлика вака:
По генерирањето на восприеменото, свеста создава насочен проток од мисли кои со својата раздвиженост создаваат енергија и емитираат светлина. Идеја. Демек, му текна. Или народски кажано – му светна!
Кај секоја личност посебно, самосвеста е прекинувачот преку кој се регулира протокот на енергијата. Така се овозможува процесов да има креативен ефект и да се избегне неговата злоупотреба.
Е сега, општествениот напредок бара поврзување на сите поединечни генератори на енергија во еден заеднички систем. Заради емитирање на посилна светлина. Со самото тоа прекинувачот добива поинакво значење. Треба да се одбере дали ќе се приклучиш во системот и ќе го напојуваш со сопствената енергија (делувајќи на моменти дури и како обична батерија), или ќе останеш изолиран, задоволен со сопствената светлина која е доволна за твојот личен систем. Колективна свест или несвест. За сметка на самосвеста. Изборот не е нималку едноставен. А не е ниту комплициран. Додека се држи прекинувачот во сопствените раце.
|
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Септември, 2007 - 14:10
Коментари:
Мораш да се исклучиш од системот, затоа што тогаш стануваш најрасуден и најкреативен. А потоа повторно мораш да се приклучиш на системот, да би ја дал/пренел таа апсорбирана енергија/идеја. Понекогаш се приклучуваш на системот и за обратна употреба, да исцрпиш енергија/идеја. Нечини ако самоволно се исклучиш потполно од системот, зашто кога и да е енергијата ќе ја потрошиш, па опстанокот ти е под знак прашање. А уште понечини, ако системот те отфрли, тогаш си клинички мртов, или филмски кажано зомби.
Е сега има и такви кои постојано мораат да бидат вклучени во системот, едни го надополнуваат со енергија, од време на време, а други само црпат енергија. Овие "црпачи" се најштетни, некогаш ако повлечат многу енергија, може и да го блокираат системот, а со самото тоа и сите што се закачени за него.
Јас ја претпочитам првата варијанта, со цврсто стегнат прекинувач во моите раце, со кратки или подолги исклучувања од системот, но секогаш враќање во него, без разлика дали да додадам енергија или да одземам, макар и во мали количини.
Мојот избор е едноставен
Поздрав, добро размислување, што тера на размислување.
(М.И. 23 Септември, 2007 - 15:35 | логирај се за да пишуваш коментари)
одлично надополнување на постот правиш
Е сеа, у целава ситуација неопходни се и адаптери за повременото приклучување. Да ги ставиме во таа улога медиумите Во модерново време, очигледно тие го регулираат напонот на струите во системот
(oksimoron 23 Септември, 2007 - 16:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
(светло 23 Септември, 2007 - 18:25 | логирај се за да пишуваш коментари)
си доби одговор од самото светло
Части се себе си кога ќе ти „светне“ сијаличката во главата
(oksimoron 24 Септември, 2007 - 07:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
Оф топик ти должам извинување, ако нешто ти значи моето извинување.
И ТОА ГОЛЕМО ГОЛЕМО ОГРОМНО И З В И Н У В А Њ Е.
Во мојот пост во кој има линк до твојот блог и коментар за според мене одредени промашени иницијативи на блогосферата немав намера воопшто да те посочам како блогер со неосмислен живот иако искрено според она што го напишав така изгледа. Нели? Затоа и се извинувам.
Далеку од тоа дека можам да оквалификувам за промашен и неосмислен, живот на жена, која патем е и мајка да две возрасни и прекрасни деца.
Се извинувам уште еднаш за мојата непланирана претенциозност.
Многупати моите читатели грешат и во текстовите се пронаоѓаат себеси, а не треба да биде така. Мојот збор никојпат нема намера да навреди некого иако може да биде незгоден.
Немам ништо против тебе ниту пак блогот на комуникации кои исто така е спомнат. Напротив и давата блогови ми се едни од најфејворит блогови кои редовно ги следам.
Остани ми со здравје и се читаме.
прелинкај се на
www.mecetousko.wordpress.com
(Мечето Ушко 26 Септември, 2007 - 08:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
Посебно кога се директно посочени со линк
Во ред е, го прифаќам извинувањето
п.с. честито новиот блог на wordpress, ќе те читам и таму
(oksimoron 27 Септември, 2007 - 07:33 | логирај се за да пишуваш коментари)
Медиумите и те како влијаат и регулираат напон. Медиумот..., ај другпат на оваа тема, вреди за еден пост. Верувам дека тоа ќе го направиш ти, мене некако полесно ми е само да
коментирам .
Но што и да додадеме, адаптери, спојки, разводници, отпорници..., пак прекинувачот останува главна алатка стегната во нашата рака, нормално да не заборавиме само дека од време на време треба и да го употребиме
Поздрав
п.с. прочитав за една твоја иницијатива/мислење, светска блогерска средба, добро од твоја страна, ама би рекол и си ја зеде бељата на глава, исто како јас што отворив блог
(М.И. 27 Септември, 2007 - 08:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
често поради несоодветна употреба, лоши адаптери или различен принцип на функционирање, избиваат искри и постои опасност од оштетување па дури и прегорување Тоа е ризикот на постојаната вклученост, без да се употребува прекинувачот
За п.с.-то... од самиот почеток, кога отворив блог, бев сосем свесна за тоа дека може да се соочам со критики и вербални напади. Не можеме сите исто да размислуваме, а и не би било ни интересно така Плус, ги сакам бељите, де
(oksimoron 27 Септември, 2007 - 18:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment