Деновиве се дебатира за ставката во кривичниот закон која се однесува на службените злоупотреби. Дали треба да постои или не. Шекспировско прашање.
Да утврдиме прво што е службена должност и каде е линијата преку која се поминува во злоупотреба.
Собранието на Република Македонија е највисоко тело во државата. Има законодавна функција. Значи, негова должност е да носи закони кои се од интерес на државата. Закони кои ќе носат напредок, услови за интеграција и кои ќе овозможат регулирање и санирање на сите општествени девијации. Донесен е законот за територијална поделба. Законот за пратеници. Законот за двојазичност и употреба на знамиња. Закон за локална самоуправа. Закон за верски заедници. Закони за сузбивање на криминал и корупција. Закон за судство. Закон за царина. Закон за образование. Закон за здравство. Закон за работни односи...
Владата на Република Македонија има функција на извршна власт. Нејзина должност е да се спроведуваат законите. Да раководи со институциите на системот со цел владеење на правото на целата териториторија, безбедност на граѓаните и овозможување на услови за економска благосостојба.
Народот во Република Македонија има функција на изборен електорат кој избира свои претставници во државната власт. Законодавна, а преку неа и извршна. Значи, негова е одговорноста за изборот.
Кога ќе погледнеме какви се закони се носат во државава, со какви подзакони и амандмани......па после да удриме поглед во функционалноста на институциите при нивно спроведување....па регуларноста на изборите........
Мрак пред очи излегува. Тап поглед у празно.
Каде е пустата линија?! Излегува дека сите одамна сме поминале од другата страна. Ма, здраво сме загазиле. Веќе и не се гледа таа линија зад нас.
Премногу злоупотребители има. Парламентот, владата, народот. За да се опфатат сите потребно е да се стават решетки на државната граница.
Ех...Шекспир е крив! Секогаш кога ќе постави прашање настанува драма. И сите гинат на крај. Кога се правиме енглези у сопствена држава....
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Мај, 2006 - 20:49
Коментари:
(Црнориз 23 Мај, 2006 - 21:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
Нормално дека треба да има! Инаку секој ќе си прави што сака(као досега)
Е сеа, шо било тоа злоупотреба...не можело јасно да се дефинира...
Злоупотреба е се она што ни прават сиве овие 15 години.
У ствари, сами си го правиме зашто секогаш погрешно избираме...
(oksimoron 23 Мај, 2006 - 21:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
Државна власт.....Законодавство.......Изборен електорат......Народ.
Кој од кој подржавотворни термини. Еднаш еден паметен професор на факултет ми рече...“Треба да поминат децении и децении за да кај Народот се развие вистинското државотворно чувство, преку кое ќе може да изгради правилен взаемен однос со својата држава“.
Ако го сретнам наскоро ќе го прашам во која од децениите сме моментално и уште колку време ни треба.?
(Jakov 24 Мај, 2006 - 09:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
-дали изгласувањето на законот за пратеници со енормни бенефиции од нив (и за нив)самите не е злоупотреба на службената должност?!
-дали несигурната безбедносна состојба, економската слабост на државата и не правење ништо за подобрување на сето тоа не е злоупотреба на службена должност од страна на владата како надлежна?!
-дали подложноста на манипулации на избирачкото тело и гласање за вреќа брашно, пакет масло или слично не е злоупотреба на должноста на гласачите да изберат претставници според квалитетот на личноста?!
Затоа велам дека премногу злоупотребители има.
Законот нема да ни биде потребен кога ќе почнат да важат моралните и духовните вредности на сите нас. Дотогаш....ќе си правиме драми.
(oksimoron 24 Мај, 2006 - 16:27 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment