18 години градиме држава. Притоа користиме различен градежен материјал - суверени темели, независни цигли, унитарна арматура, правен бетон, демократска фасада. Претрпевме штета со покривот (пропушташе), па моравме да употребиме нова, специјална рамковна кровна конструкција. Се претворивме во вистинско градилиште. Градежен плац заграден со визен режим. Зашто, оградата е задолжителна околу сите објекти во изградба. Доаѓаа разни архитекти и сите тие правеа одредени корекции, наречени реформски. Те балкон, те прозор, те скалила, те задна врата, па внатрешни распореди..... ехеј, низ секакви перипетии минавме. Тамам си рековме добро е, изградивме - се смени Деталниот Урбанистичкиот План и согласно новите измени би требало да се преименуваме во друг објект! За да се вклопиме, де. Иначе, ќе не сметале за дивоградба. Пу, јазк! Сега од станбена зграда ќе станеме угостителски објект! Услужни работници. И официјално ќе ни важи девизата - гостинот е секогаш во право!
Сепак, сеуште трае периодот на приговори и жалби... ќе видиме како ќе заврши. Во меѓувреме... тука сме, градиме. Доградуваме. Преградуваме. КонГрад(ч)улејшн!
Сепак, сеуште трае периодот на приговори и жалби... ќе видиме како ќе заврши. Во меѓувреме... тука сме, градиме. Доградуваме. Преградуваме. КонГрад(ч)улејшн!
Пред некое време дојдоа на плацов и некои луѓе кои тврдеа дека нивниот прадедо имал куќа токму на тоа место. Ама заминал во туѓина и тие (неговите потомци) останале таму. Го зачувале споменот за локацијава низ приказни пренесени од колено на колено. Нема сомнеж - слабоста кон колената ни е заедничка. А и приказните. Па срипаа тука куп прикаскари да расправаат гласно кој е „кој“ и што е „што“. Дур едни во гостољубив делириум почнаа да „препознаваат“ очи, уши, нос од нашите претци, други пак изглеа помислија дека дојдениве ќе бараат право на сопственост - почнаа да се мрштат и караат. Чекај, нели живееме во слободен свет каде секој има право да се изјасни како сака? Ако луѓево се чувствуваат како „нашинци“, тоа е НИВНО право. Мое сочувство до нив. Оти.... не е лесно да си нашинец кога нашиве сеуште немаат право да бидат „наши“. Се чекаат измените во ДУП.
А дури се чека разврската од ДУПенисувањето, колку да не ни биде здодевно, се поработи малце на системот за вентилација. И пак проблеми. Едни тврдат дека со спроведувањето на цевките се оштетувала демократската фасада, паизлегоа надвор да гребат по истата и на тој начин укажат на оштетувањето. Демек, ако системот ја оштетува одвнатре - тие ќе ја докрајчат однадвор. Се одбива да се учествува при формирањето на куќниот совет, ама се бара одговорност од него. Се смислуваат дури и нови методи - договор за договарање договори како одговор за одговарање одговори. Алтернативни прашања.
Во цела гужва, одредени станари си обезбедија повеќе средства за опрема, па сеа така технички опремени со ТВ, лап-топи, брз интернет, клими, обувки, скапи тапети и лустери.... предизвикуваат страв кај преостанатите. Колку ли канали фаќа нивниот ТВ приемник? Што ли симнуваат од нет? Дали цената на обувките зависи од висината на потпетиците? Кој им ги лепи тапетите? И, колку силно ќе им светат лустерите? А? Врти климата и удира во врат, па неболи главата..... параноична главоболка. Ма, нека другото - заразна е! Еве, дур се думам дал да стиснам ентер, притиснал некој на ѕвончето. Ауууу, па овие купиле и опрема што чита мисли! Реагираат уште пред човек да каже нешто, чувај да напише. Еве ги, на врата ми се! Брзо да стиснам ентер, па шо биде нека биде... знам да пливам ја во кофа вода....
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Јули, 2008 - 21:19
Коментари:
не е лесно да си нашинец кога нашиве сеуште немаат право да бидат „наши“
(виолетова 23 Јули, 2008 - 21:27 | логирај се за да пишуваш коментари)
Браво за идејата-прекрасна компарација.
(nadezna 23 Јули, 2008 - 21:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
кажи оти јас сум ти рекол...
поздрав...
(prezviterkozma 23 Јули, 2008 - 22:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
(orkaoki 23 Јули, 2008 - 23:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
(istokakonormalen 23 Јули, 2008 - 23:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
(molika 24 Јули, 2008 - 00:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
туѓите на туѓо полесно се снаоѓаат отколку нашите на наше....
Prezviterkozma,
а бе, уредниците се цел месец на насловна, тоа е дел од работата. Нема потреба од дополнителни „ставки“.
надежна, оркаоки, истокаконормален, молика.... фала
(oksimoron 24 Јули, 2008 - 17:46 | логирај се за да пишуваш коментари)
(aleks.bukarski 25 Јули, 2008 - 14:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
уредникот е многу зафатен, нема време да чита се’ и сешто (ко постов), де
Башка, разбра дека денес му било именден (замисли, еј!) па збунет поради откритието - реши да слави одеднаш за сите 33 пропуштени имендени досеа
Алекс Букарски,
се мислев дали да ставам линкови до темите кои се третираат во постов... и ќе ставам, заради „конкретизирање“
Фала
(oksimoron 25 Јули, 2008 - 20:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
“ Света Вероника 25/07/2008
Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.“
Да си научиш ова наизуст
Но друго нешто сакав да пишам, ама денов се совпадна па...
а сакав да пишам, дека сепак гледам "прекидачот" повторно го држиш цврство. Се избалансира и со насловната, а и сега со овој навистина прекрасен пост.
п.с. се ближам полека кон нашата ни мила државичка, кога ќе пристигнам, здравје таму некаде во август, ќе напишам некоја критика, читам се "убавини" се случуваат, a тек утре...
Поздрав
(М.И. 25 Јули, 2008 - 21:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
а бе, секакви имиња да се ставало за светци... А ја Вероника. Аја Вероника. Не ми лепи некако, ама... ете
Иначе, прекинувачот сеуште функционира. За среќа.
Ај, кога ќе се вратиш, имаш покана за муабет
Поздрав
(oksimoron 26 Јули, 2008 - 12:19 | логирај се за да пишуваш коментари)
(волан 3 Август, 2008 - 09:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
ма, не го прифатив читањето како обврска - ми беше задоволство
Затоа ми дојде (ко што велиш ти ) „фрај“
(oksimoron 3 Август, 2008 - 16:59 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment