Ископав нова алеа во градината разумност. Грижливо ја иситнив тврдата скепса и го отстранив троскотот предрасуди. Додадов хумус интригантна литература збогатен со минерални филозофски ѓубрива. На така збогатено и обработно тло, ги садам новите идеи. Го полевам семето со разводенето двоумење. Потребно е за успешно р‘тење.
Раноградинарските идеи бараат посебни услови за развивање. Имаат потреба од топли зраци рационални резони и конструктивен дожд од преиспитување. Додека р‘тат срамежливо, несигурно го бараат својот пат кон површината. И кога конечно ќе избијат, соочени се со целата површност на невременските услови. Манипулативни ветришта и градобијни пропаганди. Мразови од недоверба или суша од приемчивост. Во цутот се предизвик за естетска употреба. Украс во коса. Или ваза. Прекинат развиток. Ако сепак останат на своето стебло, имаат шанса за развивање на плод. И тогаш се изложени на детскиот мангуплак да ги скинат зелени. Но, еден добар дел сепак останува, и покрај сите предизвици. Со тешкотија зреат , редуцирани од гладта на случајните минувачи.
Тежок е процесот на одгледување на идеите. Ги чувам под оранжерија од метафоричност. Јас, градинарот на своите мисли.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Април, 2006 - 13:05
Коментари:
Ти посакувам добар род и успешна берба. Се надевам за доброто на сите нас:))) Внимавај само во проценките. Може да се случи додека ја чекаш бербата да скапат плодовите. Не дај Боже:)))
http://www.istoricar.blogspot.com/
(кибицер 9 Април, 2006 - 01:24 | логирај се за да пишуваш коментари)
еh (cool 9 Април, 2006 - 01:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
mоzе bez serenje i reklami? (cool 9 Април, 2006 - 01:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
А бе, од градинарство не се живее, лоши се условите. Ама, онака....за сопствен ќеиф.
(oksimoron 9 Април, 2006 - 09:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
Ладен, Ај ти пробај да не сереш да видиш како е:))) Ти се дуе стомак, добиваш грчеви, ти се активисаат хемороидите.... После мораш да пиеш рицинус. (кибицер 9 Април, 2006 - 21:13 | логирај се за да пишуваш коментари)
А бе, видовте наслов „Градина“ и одма на природно ѓубрење се насочивте! ))
(oksimoron 10 Април, 2006 - 18:01 | логирај се за да пишуваш коментари)
Шо да праам, природа зове:))) (кибицер 10 Април, 2006 - 21:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
Неможе наш човек да не се покака у бавча, просто, навика. Абе за идеи стануе збор, алооооо. Ова е апла пример како се испогануваат прогресивните идеи. (POPEK 16 Април, 2006 - 19:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment