Се тешка интелектуала наоколу….
Влегуваш во WC по повик на мајката природа и застануваш пред писоарот. И ете ти одма до тебе некој паметњакович. Те гледа и упатува забелешка дека накриво мочаш. Погледнуваш надоле и констатираш дека навистина има мало застранување! Ама, сепак, останува во рамките на писоарот. Типот до тебе почнува со експертиза дека треба да се насочиш правилно, да вдишуваш преку нос а издишуваш преку уста, да вовлечеш стомак, нозете раширени на прецизно растојание, да го држиш под „тој и тој“ агол…. Слушаш, слушаш и – сфаќаш дека ти треба помош. Види шо убаво објаснува човекот, сигурно знае како треба. Па логично ти доаѓа прашањето: „а да го подржиш малце?“ И, експертот интелектуално се навредува!!! Те напаѓа вербално „гони се бе педер!“ А ти само си побарал практична демонстрација на тоа што тој теоретски го образложува. Без никаква задна/предна/странична намера.
Толку многу експерти наоколу кои знаат и умеат се‘, а не сакаат да дадат поддршка на владата….. од чиста суета!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.mk на
јануари 26, 2010 22:55
Коментари:
Во врска со политиката
сега се ми е онака сатирично… )
тука во простров за коментари
така пишувам…отпролика…
ако и разговараш така како што пишуваш…
Сакаш ја да напишам пост за улошки??…со крилца!
пак… од позиција на министер за надворешни работи не умееше да го реши спорот со соседот, ама сега од позиција на експерт – се‘ знае!
хахаха, па и запршка не е грешка – ова експертите какви манџи прават, ехе!
сатирата ни го одржува духот
има еден виц за ловец и мечка… пукајќи ја промашувал а таа за казна го сексала. И тој упорно се обидувал секој ден да ја погоди, а таа го „онадуела“(троа локално изразување, де). Еден ден му рекла – „а бе, ти на лов идеш или на секс?„
така и експертиве…. колку и да ги навртуваат – пак се враќаат по уште
мило ми е што ти се допадна
во една канцеларија, под стаклото на масичката стои лист хартија на кој е испечатено:
„Во оваа просторија секој носи задоволство. Некои со своето доаѓање а други со своето заминување“
Така и ја. Некои уживаат а некои не
ами нели рамноправност, ова-она, де?!
ете, ја не замерувам – пиши ти за влошките. И со крилца и без. Самолепливи или не. И ултра тенки и ултра впивливи. Со гел или без него. Секојдневни или специјални. Со две или четири крилца. Видиш колкав избор имаш. Ајмо влошки народе!
Сепак, би ти препорачала да ги земеш во обзир и тампоните. Знаеш… современ, динамичен живот денешен. Има еден добар афоризам за нив: „кога мажите би имале менструација – би се фалеле со големината на тампонот!“
Мeсто : 40хх
Тема: Зошто писоарите се ниско поставени
Не, не дека се ниски колегите, туку многу им биле се ‘дугачки’ …
Тоа небило ништо, сега им се тооооолку дугачки сто пишкаат само ако има чучавец ))
тоа ти е „експертско“ н(и)во на комуникација.
велиш, поради трансформација на грото од колегите, писоарите се веќе надвор од употреба? Ќе треба да ги распишеме у следниот попис на инвентар