Парламентарната опозиција во РМ поднесе 2 800 амандамани против еден предлог за измена на еден член од деловникот за работа на собранието, поднесен од пратеничката Лилјана Поповска.
Се прашувам дали спорниот предлог за измена содржи во себе 2 800 зборови. Па, да имаат забелешка за секој од нив поединечно. Не верувам. Претпоставувам дека во приложените амандмани се прават комбинации на варијации. Веројатно се вклучени тука и запирките, точките ... некоја виша математика за да се стигне до цифрата 2 800. Сирот предлагач - мораше да го повлече предлогот за да го доработи , да допише уште карактери (и букви и интерпукциски симболи), за да може да ги издржи опозициските амандмани.Заради рамнотежа.
2 800 амандмани за само еден член!
Јас сум восхитена. Луѓе мои, па ова е опозиција! Вака се оневозможува власта да ги исполни своите ветувања, својата програма за подобрување на општествените и економски услови во државата. Ете, вака се втурнува државата во криза. Оти, мора да се создаде прво кризата, за да потоа се понуди решение за истата, де. Школски пример како да се опструира работата на институциите на сосем легален начин. Преку „дијалози“ и преку амандмани. Дур беа на власт, не ги биваше волку. Ни за дијалози ни за амандмани. Изгледа опозиционерството им годи. Дајте, да ги оставеме засекогаш да бидат опозиција. Едноставно – незаменливи се !
п.с. исправка - не биле 2 300 туку 2 800 :)
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Февруари, 2007 - 16:35
Коментари:
http://vasiotsosed.blog.com.mk/node/68747
(vasiot sosed 13 Февруари, 2007 - 16:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Мечето Ушко 13 Февруари, 2007 - 16:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Бунка 13 Февруари, 2007 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
Он рече
“Демократијтата нема цена“. И во право е. Нема цена која нема да се плати за да се сопре демократијата. Безвредни се сите купишта хартија и сите евра кои биле и ќе бидат дадени да се сопре се она што ги плаши и не им одоговара а го именуваат како демократија.
Зарем да дозволат и кај нас да се воведуваат нормални правила на демократската игра како во цел свет. Па луѓе мои за нив таа борба нема цена. За нив тоа е бесценето. По цена на нашата целосна пропаст и по цена на одење во сите можни амбиси тие нема да се откажат од одбрана на нивната матрица, а таа на сите ни е добро дури предобро позната.
(Константин 13 Февруари, 2007 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Бунка 13 Февруари, 2007 - 20:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
шшшшшшш....
------------------------
Мече,
има, има некоја дубиоза....некој сигурно го полни џебот во ситуацијава
------------------------
константин,
СДСМ многу ја сака демократијата - никому не ја дава ! Посесивно си ја чуваат за себе и ја користат коа ќе им притреба
------------------------
Бунка,
а бе...Макијавели не ти е рамен у објаснувањево
Држи вода диктаторската идеологија вака ко шо ја презентираш - за „повластени“ третмани на „одредени“ структури
(oksimoron 13 Февруари, 2007 - 22:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
токму така - додека беа на власт сета ја наредија беспрекорно, сеа е на ред да се зезаат троа
А за текнувањето...ма, си имаат веројатно партиска комисија за текнувала
(oksimoron 14 Февруари, 2007 - 12:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
Баба ми, бог да ја прости, на ваква вест ќе кажеше: "Што да речам ќе згрешам!"
Поздрав
(Natka 14 Февруари, 2007 - 18:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
Сакам да сум постојано во движење. Подобро се чувствувам така
Вода стои јас не
Инаку... речи си шо си мислиш - и да се згреши понекогаш, па што?! Има еден афоризам:
„Искуството е збор со кој ги именуваме сопствените грешки“
А, нашиве политичари многу сакаат да се повикуваат на своето искуство
(oksimoron 14 Февруари, 2007 - 19:08 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment