На крајот од секоја годишна сезона, се организираат распродажби. Преостанатите парчиња гардероба и обувки се нудат со попуст. Демек, по набавна цена. Сето тоа за да се испразнат магацините, да се врати вложениот капитал и да се направи негов обрт со инвестирање во артикли за новата сезона.
Е, нешто слично се случува и на политичката сцена кај нас. Завршува четиригодишната сезона на досегашната власт. Потребно е да се направи обрт на капиталот, за да се дочека спремно новата сезона. Се продаваат преостанатите државни акции во Телеком, се продава ПИОМ, се продаваат државни институции и државно земјиште. Бидејќи се наследени од некои претходни државни уредувања (затекнати), истите немаат набавна цена. Но, тоа и не е некој проблем изгледа. Дури, баш е згодно - се нудат без најниска одредена цена. Кој колку ќе даде. Може попустот да се сведе на провизијата. Сал побрзо , оти иде нова сезона, де.
Но, покрај акциите и недвижностите, се забележува и друг вид на берзански трансакции овде, на истава сцена. Пазар со човечки ресурси. Се нудат експерти од разни области по ниски цени, стручни соработници речиси беспари. Се нудат сосем чисти примероци бескруполозност, исфилтрирани низ ситото кое не пропушта гордост и достоинство. А најмалку чесност. Специјални филтри за полтрони се тоа. И никогаш не им минува сезоната изгледа. Како украсни детали се. Брошеви, шноли, игли за вратоврски, часовници ....бижутерија од луѓе. Е, овие се провлекуваат во секоја сезона. Со значителен попуст. Човечките вредности се сведени на минимум, баш по набавна цена. Мајмунска работа.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 29 Мај, 2006 - 19:27
Коментари:
(oksimoron 29 Мај, 2006 - 21:28 | логирај се за да пишуваш коментари)
1. Да биде канибал.
4. Да има јак желудник.
5. Да не е гадлив.
Точките 2. и 3. исчезнаа при преглед на тендерските понуди.
(GoodBytes 30 Мај, 2006 - 00:14 | логирај се за да пишуваш коментари)
(oksimoron 30 Мај, 2006 - 18:42 | логирај се за да пишуваш коментари)
А за бришењето-избираш опција администрација и најдоле имаш едно копче на кое пише „избриши блог“. Но, размисли сепак уште еднаш
(oksimoron 23 Јуни, 2006 - 20:28 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment