Friday, April 04, 2014

Едукација


Во организација на ОБСЕ/ОДИХР, во простории на Штуловиот универзитет вчера имаше едукативна работилница за обука на млади политичари на тема родова рамноправност. Беа презентирани повеќе проекти за интегрирање на жената во политиката и нејзината улога во унапредувањето на политичките процеси. Истотака се говореше и за значењето од вклучувањето на жените во процесите на одлучување, со акцент на потребата од повеќе млади жени во политиката. И, неизбежниот, многу често артикулиран проект „Жените го можат тоа“ на Македонското женско лоби. На еднодневниов семинар присувствуваа претставници од сите политички партии, а предавачи беа Лилјана Поповска, Даниела Димитриевска, Катерина Колозова и Јована Тренчевска. Беше најавена и Теута Арифи, ама не дојде.
Сум учествувала досега на еден куп вакви работилници и искрено, не слушнав ништо ново. Да не бидам погрешно сфатена - се беше во ред. И предавањата и презентациите и темите за кои се дебатираше. Но, тоа се веќе максимално експлоатирани теми, елаборирани на сите можни начини и аргументирани со цврсти, рационални ставови и факти. Речиси сите жени во Македонија веќе знаат дека доколку имаат афинитети, пожелно е да се вклучат во политичките процеси. Имаат еднакво право на тоа како и мажите. Како и сите граѓани на РМ. Таа едуцираност и разбудена самосвест се илустрира со се поголемиот % на жени на сите нивоа на државната и локалната власт. Но, бесмислено ми беше да се соберат куп жени и дискутираат колку тие се потребни на општеството, меѓусебно подржувајќи се во дискусиите водени од идеологијата за „женски права“, без притоа некој да спомне дека правата не се делат на машки и женски, туку станува збор за човекови права кои би требало да бидат исти за сите. Како да е битна само застапеноста на полот, наспроти квалитетите кои личноста ги поседува.
Мене нешто друго ми остави впечаток вчера. Една третина од учесниците беа мажи. И беа најактивни во дебатите. Изнесуваа спротивставени тези за политичките активности и одговорности, и во своите дискусии го апсолвираа значењето на жената за семејството како основна клетка на општеството. Начелно се согласуваа со потребата од вклучување на повеќе жени во политичкиот живот. Начелно. Едноставно имаше тези и контратези. Имаше поинаков поглед на иста ситуација. Имаше можност за согледување на состојбите од повеќе различни аспекти. Изразуваа оптимизам дека жените имаат вештини да го подобрат општеството, и истовремено загриженост од перманентниот пораст на % на нивното инволвирање и интегрирање во општествените процеси. Очигледно беше дека ним им беше потребна оваа едукативна работилница за да им се разјаснат многу дилеми. А допринесоа и другите учесници да се оттргнат од феминистичкиот калап.
И, одеднаш овие работилници повторно ми добија смисол! Едукацијата на жените по ова прашање е веќе на солидно ниво - потребно е и мажите да се доведат до тоа ниво пред да се продолжи понатаму. Неопходно е да се вклучат мажите во процесот на едукација за правата на жените.Предлагам понатаму вакви семинари да се одржуваат исклучиво со учесници од машкиот пол. Да се едуцираат, да бидат во тек. Да знаат што дебатираат жените на вакви семинари. Да не речат после дека никој не им кажал....


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 18 Јули, 2006 - 18:54

Коментари:
  • еј а жарко/трајаноски/ не се појави? мислев ќе предава... (Etna 19 Јули, 2006 - 07:05 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не беше тој. Организирано е цела недела да има предавања со разни целни групи. Може тој ќе предава друг ден на друга екипа Eye-wink
    Инаку, потребни се и мажи предавачи на темите за родова рамноправност . Да се слушнат и контрааргументи. Eye-wink
    Мене на ова предавање ми беа многу интересни прашањата од типот - „Ок.еве, нека учествуваат жените у политичките процеси, нека бидат рамноправно застапени....ама, кој ќе ги чува децата?!“ или „ Се согласуваме за еднаква застапеност, ама ајде да ги прошириме хоризонтите-нека бидат жените пропорционално застапени и во градежништвото, рударството...“
    На предавањата на кои порано имам учествувано присувствуваа само жени и беа конструктивни, но без критички осврт, без спротивставени тези. Затоа мислам дека овие предавања се многу пополезни кога на нив учествуваат мажи. Eye-wink
    (oksimoron 19 Јули, 2006 - 07:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вака значи, Окси
    Работилницата се одвивала во просториите на Југо-источно Европскиот Универзитет (УЈИЕ - SEEU eng.), или во неговата библиотека? Затоа што библиотеката на УЈИЕ е наречена според Mаx van-der Stull Eye-wink (демек, те замолувам за ословување на институциите онака како што се нивните имиња).
    Ме интересира и дали беше присутна и Билјана Саздановска? Затоа што знам дека таа е асистент по предметот Gender Studies на отсекот Communication Sciences, на КНТ Факултетот. Инаку, јас како изборен го имав земено тој предмет овој семестар, и можам да ти кажам дека односот m/f беше 50%-50%.
    Ај можеби ќе постирам нешто од сиот поминат материјал за родови студии. Поздрав!
    (iacovibus 19 Јули, 2006 - 09:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сосема си во право Iakovibus, но многу ретко се користи правиот назив на универзитетот, во јавноста почесто се користи називот „Штулов“, па затоа и јас го употребив. Smiling
    Не беше присутна Саздановска. Мене ми е мило што за тој предмет се подеднакво заинтересирани студентите од двата пола. Така треба. Така имаат смисол предавањата за родова рамноправност. Тоа и ми беше зборот, де. Eye-wink Оти порано овие предавања се сметаа за „женски“ или „феминистички“, што е погрешен термин.
    (oksimoron 19 Јули, 2006 - 10:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Предлагам понатаму вакви семинари да се одржуваат исклучиво со учесници од машкиот пол.
    Уште тоа фали! Па половина од муабетот да биде за фудбал и лов. Smiling
    Тоа со женски права vs. човекови права ти е сосем на место. И позитивната дискриминација е дискриминација. Решението лежи во потполното губење на сите пречки кои би довеле до полова нерамнотежа. Тие кои се преостанати треба да се идентификуваат и по нив да се дејствува.
    (GoodBytes 20 Јули, 2006 - 02:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • mislam deka e vazno da se nadmine deklarativnosta vo zalozbite, od obata pola. smetam deka seuste postoi ogromna doza na deklarativnost i neiskrenost. Лошо е што и жените се научија да употребуваат празни флоскули на таа тема, а кога ке влезат во извршна власт, добар дел од нив се однесуваат како ВИСТИНСКИ МАЖИ-во негативен смисол на терминот.(POPEK 21 Јули, 2006 - 11:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мажи и жени- едните без другите неможат! (blogenius 21 Јули, 2006 - 15:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не знам, мене некако ова со подршката на жените за влез во политиката ми е многу изнафурано. Не дека застапувам тези од типот кој ќе ни ги чува децата и сл., но да регулираш такви прашања со закон... Дури и познат светски борец за женски прашања, како Елизабет Бадинтер, се побуни во 2002 за квотите за женско учество на листите. А и некако се нарушува правото за слободно политичко делување. Што ако некој сака да стави само жени на листа? (кнсис 21 Јули, 2006 - 15:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е видиш Книсис - тоа е невозможно. Smiling
    Законските одредби се за 30% МИНИМУМ застапеност на другиот пол(без оглед кој е позастапен). Значи максимумот за еден пол на листата е 70%. (мажи или жени). Така да, ако сакаат да преовладува женскиот пол, пак мораат да внимаваат на законската одредба и да стават бар 30% мажи на листата Eye-wink
    И мене цело ова ми е безврска, ама у Македонија изглеа требаше да се случи, па да имаме повеќе жени у политиката Eye-wink
    Се надевам дека брзо ќе дојде времето кога луѓето ќе бидат растеретени од предрасудите у однос на пол, вера, раса...па да се бира според квалитет на личноста.
    (oksimoron 21 Јули, 2006 - 15:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, го знам законското решение и тоа е некако во спротивност со Уставот. Но, и да не е така, ова и тоа со пропорционална застапеност на заедниците е некој вид политичка коректност. А јас сум против политичка коректност! Еве, кај некои партии жените се ставаат на дното на листите и изиграваат зајаци за трка. Квалитет, а не квантитет! (кнсис21 Јули, 2006 - 16:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Све се тоа курчеви карики и дрмосерење.
    Мене само не ми е јасно како ве најдуваат бе за да ви го губат времето со дебилштини. Ај нив ги разбирам се КЕШИРААТ ЈАКО, ама вие специјалки зашо ојте на такви глупости.
    КУР СЕ ТРЕСЕ ВО ЛАДНА ВОДА!
    Млади политичари, жими куров!
    Абе на оваа држава и требаат млади РАБОТНИЦИ не политичари...
    И јас сум бил еднаш и ко видов шо че видам. Се трошат јаки пари за НИШТО!
    Пат под нозе и НИКООШ ПОЈЧЕ.
    (Vinetu 21 Јули, 2006 - 16:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Винету,
    Ама си накурчен, бре! Smiling
    Но...сосем те разбирам Eye-wink
    Човек треба да ги разгледа сите апекти во општествените процеси, за да може да си формира мислење за истите.
    п.с. внимавај на изразите, вулгаризирањето не е начин да се изрази револт. Сал е начин да се предизвика дополнителен револт, но во спротивна насока Eye-wink
    (oksimoron 21 Јули, 2006 - 17:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е добро де, ние вака нон-стоп во маало си зборуваме, не е ништо вулгарно...
    Една, знајш дека ми напиша да не СЕРАМ? Е то е вејче вулгарно.
    И извини на вулгарниов збор.
    (Vinetu 21 Јули, 2006 - 17:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ма не е противуставно, напротив! Се сметаше дека е противуставно кога предлогот беше фиксиран на женскиот пол; сека, кога се воспостави формулата „претставници на помалку застапениот пол“, не е противуставен. И да, демократијата е владеење на мнозинството со загарантирани права на малцинството!
    Што се однесува до тоа дека сеа машките ќе бидат запоставени, во секое време Македонија може да го следи примерот на Холандија и да основа Комисија во стилот „заштита на правата на мажите“ - тоа би бил демократски механизам и чин!
    (iacovibus 21 Јули, 2006 - 17:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: