Friday, April 04, 2014

Томе Арсовски


Петиот ветар донесе парадоксални раскази
во пурпурното поле
околу куќата на четирите ветра.
Убавината чекореше сама
со благиот допир на љубовта
донесе грст смеа и грст среќа
во залезот над езерската земја.
На самиот празник на птиците
стотиот чекор
како бумеранг
ги скрши обрачите
на Парадоксот на Диоген.
Непребол.
Со почит
На Томе Арсовски


Вчера почина еден вреден и креативен автор. Чест ми е што го познавав. Остави зад себе сјај кој не бледе. Слава тебе, голем човеку.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Април, 2007 - 16:45

Коментари:
  • Кога ја видов веста за Томе, ми текна на тебе. Заедно со сопругата Тамара ти беа рецензенти (иако по една застарена методологија) на твоите поетски збирки.
    Нека му е лесна земјата.
    Амин!!!
    Археолошки дневник vol.1
    (Аrwena 23 Април, 2007 - 17:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Замина човекот кој го потпали фитилот во нас.Лекарската помош која што му ја даривме во последните мигови од неговиот живот беше безуспешна, но ќе продолжиме по неговиот пат. Амин. (KLIKER 23 Април, 2007 - 17:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нека му е лесна земја. (RIBARO 23 Април, 2007 - 17:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Леле Вероника незнаев за ова. Ептен ме изненади веста. Лесна му земја. Беше фин. Се секаваш ли на времето коа идеа во клубот, скоро секогаш. Убаво беше. Интересно. Жал ми е што починал, но што е тоа е. Барем ни остави нешто преку кое нема да го заборавиме.(sandraa 23 Април, 2007 - 17:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не знаев. Лесна му земја....
    И мене ми беше рецензент, еднаш давно....
    (ASN 23 Април, 2007 - 18:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бог да го прости!
    Да му е лесна земјата!
    (encyclopedia ga… 23 Април, 2007 - 20:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нека му е лесна земја.
    (dr. Max 23 Април, 2007 - 21:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Pocina istiot den, kako i negoviot pomlad brat.
    Два дена пред да отпатува и го рекол тоа на Тамара.
    Лесен ти пат, голем човеку.
    Има кој да те пречека.
    (Opal 23 Април, 2007 - 21:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • допири на мир и самотија ...
    на патиштата на душата да се искаже ...
    не е заминат Томе ..
    тука е ..
    ..
    ветрот пирка ...
    ...
    (ХулаХопа 24 Април, 2007 - 08:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нека му е лесна земја!
    Остави човекот позади себе, за нас и за наредните генерации!
    Нека се раѓаат големи писатели!
    (Natka 30 Април, 2007 - 08:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments: