Од како паметам за себе, постојано сме во некаква криза. Како дете во социјализмот, кризиравме од аспект на демократијата и слободното изразување. Потоа почна да се распаѓа Југославија, па дојдоа воените кризи. Крвави, братоубиствени. Се утврдуваа меѓите на нивите. Со осамостојувањето на Македонија се соочивме со куп кризи... те економска, те внатрешно-политичка, те етничко-толерантна, па воена, па коалициски еден куп.... а покрај сите, остана најизразена кризата на идентитетот - никако да излеземе од неа до ден денешен!
Дури ние така со години се давиме во сопствените кризи, не зафати и глобалната економска. Чекајте малце, бре! Нас сеуште не тресе транзиционата криза. Ни ваму сме ни таму. Немаме време ние за оваа криза на капитализмот. Иако сме истренирани за преживување во секакви кризни ситуации.
Туку, мене деновиве ме мачи една дополнителна, незадолжителна криза. Пушачка. Е, до тука се трпи веќе! Пукна кризирачкиот дух! А бе, ни ги забранија сите места за пушење! Нема каде да запали човек цигара! Се криеме како во средно школо, стануваме принудни дисиденти, а не третираат како криминалци од најтежок вид! Си правам фишек од хартија и соучеснички се организирам со преостанатите „неподобни“ личности во своето опкружување. Си чуваме стража, се пазиме едни со други. Заговорнички. А стануваме нервозни, раздразливи, несконцентрирани... ма, сите симптоми на кризирање доаѓаат до израз! Башка чувството на граѓани од втор, трет.... последен ред! Нека тоа, ами послабите по (пушачки) дух почнаа да ја предават каузата -отпаѓаат како зрели круши еден по еден, преминуваат од другата (непушачка) линија. Се помалубројни стануваме....
Еј!
Додека цигарите се легален производ кој може да се најде на сите продажни места без никакви потрошувачки ограничувања - бесмислени стануваат вака ригидните забраните за нивна употреба. Ако државата не сака да се откаже од акцизите и даноците платени од уживателите на овој легален порок - тогаш мора да се потруди да им обезбеди барем минимални услови во вид на обележани простории за пушачи. А не, исфрлени на улица, како отпадници. Ај, ако канцелариите ти се на приземје, ами оние кои работат на 15-16 кат.... сироти они... Каде се нашите (пушачки)права, бре?!
Јас разбирам дека цигарите се штетни по здравјето, и им благодарам што се грижат за моето здравје па со ваков притисок се обидуваат да ме натераат да се откажам од нив. Но, штетни и незадолжителни (баш како и цигарите) се и гумите за џвакање, гумените бомбони, чоколатцата.... непотребни шеќери и масти.... ќе донесат ли забрани и за нивна употреба? Надополнети со насока да не се шлапка со устата додека се конзумираат? Или, прво ќе не сотрат нас пушачите, па коа ќе преминеме на овие џвакачите и шлапачите - тогаш нови забрани? Ниво по ниво. До Гаме Овер. Па кој ќе преживе ќе раскажува. Ако не биде забрането и раскажувањето, де
И, ако веќе се грижиме толку за здравјето на луѓето... што со стресот на работа од наметнати нереални темпа?! Да не го спомнувам и стресот на невработените - убиствен е!
А цените на производите? А парите за рекламите? А нерешениот проблем со името? А дупките на улиците? Расипаните семафори? Глобалното затоплување? Затемнувањето на месечината? На баба чорапите? А? А? А?
Сте ми се фатиле тука за цигарите... да ми се фатите за..... Аааааа, кризирам!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Ноември, 2008 - 15:25
Коментари:
(egej-kostur N 4 Ноември, 2008 - 15:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Бунка 4 Ноември, 2008 - 15:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
(partik1 4 Ноември, 2008 - 15:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
(egej-kostur N 4 Ноември, 2008 - 15:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
поздрав и имај здрав и убав ден без цигари ...
(волан 4 Ноември, 2008 - 15:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Бунка 4 Ноември, 2008 - 16:05 | логирај се за да пишуваш коментари)
"Пушачи, марш надвор! Курви, марш внатре!"
(наш познат блогер 4 Ноември, 2008 - 17:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
(seelenluft 4 Ноември, 2008 - 18:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Јофе 4 Ноември, 2008 - 18:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
(читателката 4 Ноември, 2008 - 20:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
(egej-kostur N 4 Ноември, 2008 - 20:37 | логирај се за да пишуваш коментари)
(partik1 4 Ноември, 2008 - 21:32 | логирај се за да пишуваш коментари)
(novajlija 4 Ноември, 2008 - 21:48 | логирај се за да пишуваш коментари)
а бе од тоа ќутење до тука втасавме....
Бунка,
Im a joker Im a smoker Im a midnight toker .....
Срничке,
не станува збор за пушење пред деца, и јас сум против тоа. Законот до некни си беше арен - пушачите имаа посебно обележани простории за пушење каде не сметаат никому. Е сеа - И НИВ ГИ УКИНАА!!!! Затоа е кризава
Партик,
се промовира нов вид на дискриминација..... стануваме жртви на никотинска дискриминација! И како после „да си го ослободиме срцето“, бе?
волан,
не престануваааам! Ќе се борам до крај, до последниот дим
george bush,
eeeee, ама и тебе те сменија.... Обама нека му ја мисли сега
Ненад,
ај макај си од крајот. Начека да пукаш сеир сеа.....
seelenluft,
хм..... мхм..... ама лесно оди паметот накај убиствени мисли кога кризира човек, нели?
Јован,
ок. лесно е кога ти е убаво. на мака се познаваат јунаците, бе!
Пере,
убав на тетка Е, шо праиме, де? Има чаре - подалеку од димовиците!
читателке,
викаш „иста сорта сме“?
е, па за тоа е и зортов - сакаме просторија каде ќе можеме на раат ЛЕГАЛНО да се труеме!
егеј костур,
м‘чи.... ептен гревче си бил па ти....
Партик,
а бе, на сите можам да им пркосам, ама пред син ми ведам глава и без приговор одам на тераса. Љуби га мајка
Новајлија,
потивко и ти, де... и да не го слушнаа, го издаде ти со тоа извичникот на крајот
(oksimoron 5 Ноември, 2008 - 19:59 | логирај се за да пишуваш коментари)
(novajlija 5 Ноември, 2008 - 20:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
гледајќи ве како се мачите и кризирате...јасно ми е дека сеуште нема да го осетам кликот во глава...АЈ ДОСТА БЕШЕ СО ПУШЕЊЕ
Рибар, да те поздравам, издржи, не ги откажувај
(Леонова 5 Ноември, 2008 - 20:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
таман ма, @#%^(*&#@%&* шо би рекол Чико,другар му на Загор
Новајлија,
и ти сеир пукаш а? а бе, вие бившите пушачи сте најопасни....
Леонова,
допрва ќе формираме ние здружение за заштита и меѓусебна подршка на пушачите Они на нас.....
(oksimoron 5 Ноември, 2008 - 22:21 | логирај се за да пишуваш коментари)
(novajlija 5 Ноември, 2008 - 22:37 | логирај се за да пишуваш коментари)
не станува збор за заедничките простории, де
одамна веќе не пушиме во присувство на непушачите (освен ако тие сами доброволно одберат да се „трујат“ дружејќи не во нашите обележани простории). И така не ни беше лесно, ама се трпеше некако. Од некни, од 1ви ноември, ги укинаа и „просториите за пушење“!!! Затоа е нервозава.....
Новајлија,
м‘чи не лафи.... стра ме фаќа.... не за друго, туку оти баш БОГ треба да не чува
(oksimoron 5 Ноември, 2008 - 22:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
(novajlija 5 Ноември, 2008 - 22:59 | логирај се за да пишуваш коментари)
Поздрав
З
(zoriv 5 Ноември, 2008 - 23:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
француските поговорки се кажуваат само во оригинал
Филипко,
а бе, таман решивме да излеземе од пубертет и да се правиме возрасни - ни го вратија чувството на пубертетските доживувања.
Зорив,
од сеа комуницираме преку димни сигнали, по индијански пронцип
(oksimoron 6 Ноември, 2008 - 07:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
Викаш стресот на невработените, ОК, не сум бил вработен, се уште сум средношколец, ама си имам и јас денови кога сум нервозен од X причини и, што да правам? Одам да играм фудбал ако најдам другари, ако не најдам се туширам дома и спијам или исфрлам нервози на интернет - што мислам ќе се согласите е многу подобар начин за исфрлање на нервози.
Друга работа, парите што ги трошиш на цигари и на слични пороци, дали може да се искористат на друг начин? Дали може да се заштедат и со нив да се купи нешто што ќе ве израдува самите себеси, или вашите блиски со што ќе постигнете среќа во душата? Јас мислам дека можат.
Последна работа, а тоа отпушоците? Тоа не те нервира кога одиш по улица? Има улици целосно чисти од „обично“ ѓубре, ама полно со отпушоци ваму во Кичево. Дали тоа изгледа добро? Колку пожари се постигнати од такви несовесни луѓе? Па добога, јас фала богу спречив еден пожар пред една година кога се искачував до Крушино и пожарот само што не се распламтил доволно за да ја изеде планината. Ај погоди од 3 пати што беше фрлено тука.
Ова се сѐ стари „финти“ ама ако ми дадеш разумен одговор на сите нив ќе бидам задоволен.
Поздрав.
пс. Не ти го сфаќам она:
Јас разбирам дека цигарите се штетни по здравјето, и им благодарам што се грижат за моето здравје па со ваков притисок се обидуваат да ме натераат да се откажам од нив. Но, штетни и незадолжителни (баш како и цигарите) се и гумите за џвакање, гумените бомбони, чоколатцата.... непотребни шеќери и масти.... ќе донесат ли забрани и за нивна употреба?
Зарем ако други работи се штетни по здравјето (за чоколадата или гумените бонбони и нема кампањи низ светот да се забранат како што има за цигарите, или има па јас не сум знаел), односно помалку штетни од здравјето, и тие не се забранети треба да претставува оправдување зошто не треба толку строго да ги забранат и цигарите?
(Miladinoski 6 Ноември, 2008 - 21:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
Знам дека џабе зборувам, само да те поздравам
(KLIKER 6 Ноември, 2008 - 23:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
Новајлија, абе не смее да ми зуцне!!! Она мене?!
(partik1 6 Ноември, 2008 - 23:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
и тие простории кои ги користевме досега за да не им пречиме на другите додека пушиме - ни ги забранија.
Немој со муабетиве, сум ги чула безброј пати.
Се ми е познато, сите аспекти се опфатени и сите финти употребени за да ми докажат колку се штетни цигарите. Ама, колку поголем е притисокот - се постигнува сосем спротивен ефект Цигарите ќе ги оставам кога ЈАС ќе посакам да ги оставам. АКО посакам.
Колку за утеха, никогаш не фрлам отпушоци зад себе, ниту на отворен простор - против тоа сум исто колку и ти, иако сум пушач. Не пушев за време на бременост ниту додека ги доев децата. Дома си имаме одредено во кои простории можеме да запалиме цигара а во кои не. Значи, правилата за заштита на другите се испочитувани. Е, сега... што е со моето право да користам легално произведен и купен производ и да не сметам никому со тоа?!
(лееј, дојдов во фаза да се правдам.... ептен лоша е состојбава)
Иначе, тоа што те буни на крајот... не се секирај, само иронична компарација е. Немој ти се вака буквално, црно-бело да глеаш - ослободи си го срцето, бре!
Кликер,
ех мила.... вие непушачите имате избор - да пиете кафе со нас во „нашите“ простории или на било кое друго место. Ние немаме таков избор. Поздрав
(oksimoron 6 Ноември, 2008 - 23:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
леееј, а бе ти многу лош си бил?!
Сепак послушај го Новајлијата... потивко малце (за секој случај, де.... нуму после она тебе па ти тажен)
(oksimoron 6 Ноември, 2008 - 23:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
(partik1 6 Ноември, 2008 - 23:58 | логирај се за да пишуваш коментари)
Се фатиле за опашот, а од глават смрди.
Поздрав, ај по едно да си запалиме.
(nadezna 7 Ноември, 2008 - 00:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
знање имање
Нешкова,
а бе.... со ова закониве почнаа да се развиваат нови болести.... на некои им паѓа притисокот, на други шеќерот, а мане - никотинот!
Ај, идам на по една интервентна доза за одржување на нивото на никотинот, де
(oksimoron 7 Ноември, 2008 - 20:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
какво кризирање
4-ти ден без цигара
ке пукнам
ајде кога ке помине ова вироза да му и*ам
(egej-kostur N 8 Ноември, 2008 - 21:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment