Деновиве медиумите кај нас се преплавени со текстови кои се однесуваат на „проблемот“ со името на државава. Го обработуваат, третираат, анализираат, концептираат, моделираат, перцептираат, вреднуваат, премеруваат, дискутираат, предимензионираат..... ма, се му прават. Чекајте малце, луѓе.... ние немаме никаков проблем со нашето име. Проблемот нека си го проблематизираат оние кои си го имаат. Оние кои и го создадоа. Нашите јужни соседи.Неможам да ја сфатам колективната хистерија кој се создаде поради предлозите на Нимиц. И, не ми се верува дека во јавноста веќе почнува да се шпекулира со избор на одредени предлози како „не така лоши“, демек прифатливи за нас. Па, кој што значи, на кој начин не опишува, каква порака испраќа за нас.... Еј! Зарем веќе не доведоа во фаза на двоумење? Не сме повеќе сигурни во своето име?! Или ни треба потврда на се' што досега деклариравме?Да видиме…. Хм…Демократска? Ебати демократијата кога не можеш да се викаш така како што сакаш.Независна? Ај, не зезај! Непознат поим за нас.Уставна? Премногу променливо. Значи ли тоа дека на секои 5-6 години ќе се прекрстуваме?Горна? Ако за грците бидеме горни, за бугарите сме баш леви, албанците со право не сметаат за десни, а за србите ионака секогаш сме долни. Централна глупост сме.Нова Идиотија.Бивша Македонија.
Ете, дотаму ќе не донесе претераната флескибилност во докажувањето на компромисните вештини. 15 години понижувања и шамарења не не' научија ама баш ништо. Сакаме кога не ставаат во шах-мат позиција.Не! Не прифаќам никакви придавки, никакви прилози, ни суфикси, ни префикси. Никакви граматички корекции, бре!Единствено нешто кое можеме да прифатиме е само двојната формула – за цел свет Македонија а за Грција како таа сака. Нека си го решат проблемот самите со себе. Така би ги советувал и секој добар психијатар во светов.А не, сме се уплашиле дека тие ќе стават вето за нашиот прием во НАТО. Нека стават. Па што?!Уште колку образи имаме за вртење? |
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 21 Февруари, 2008 - 21:37
Коментари:
Недостасуваш тука, почесто да плакнеш очи и разбиструваш глави.
Должност ти е тоа
(seelenluft 21 Февруари, 2008 - 21:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
така де, ја мислев и имаме некој “дипломати“ и као бошкем се договараат нешто,
а они како тргнале, ни се мешаат у пасоши, устави....
уште малку и диети и програми за прање мозга ќе ни договараат,
(naja.com 21 Февруари, 2008 - 21:52 | логирај се за да пишуваш коментари)
И немам што да кажувам освен...
имам и јас предлог:
НЕЦЕЛОСНА МАКЕДОНИЈА!
па нека му ја мислат...
горна долна ваму таму доктор дулитл
лева десна амандманска феудална
тибам сите имиња и длупата математика со двојни формули
и безвезе референтни системи
нека се викаат тие досадна грција...
еееееееее
(gersanina 21 Февруари, 2008 - 21:59 | логирај се за да пишуваш коментари)
Кавадраци како ќе го викаме Горно Неготино или пак Негоино ќе стане Долно Кавадраци?
Значи од мене: Долго и гласно Noooооооооо!
(Бунка 21 Февруари, 2008 - 22:03 | логирај се за да пишуваш коментари)
еве ме пак мила
Прво сакав сал да одморам троа, ама после ми се наарни, ме фати мрза за пишување. Ама, почнавте да ми недостасувате сите и - еве ме пак!
Поздрав
Наја,
ех.... што мислевме а што испадна,а?!
Како е тргнато, не само у диети што ќе ни се мешаат туку ќе ни забранат воопшто да јадеме нешто. А ние, како што сме научени безусловно да слушаме.... ќе си умреме од глас со самозадоволна насмевка на усните оти сме биле послушни и сме испочитувале се!
Благодарам за поздравот, биди ми поздравена и ти
Gерсанина,
мило мое,
НЕЦЕЛОСНА МАКЕДОНИЈА е највистинитиот опис на државата ни. Ама, кому му е уште до вистината у светот денес. Една досадна Грција не врти околу прст а ние ко да немаме памет да ни се сврти.
Гушка до тебе
Бунка,
протест, ами како!
И не ме чепкај за Кавадарци..... и никако за Неготино. На крај на краиштата, како се движат нештата(притисоци од сите страни), само Кавадарци и Неготино ќе останат Македонија, бре! Тиквешка Македонија!
Поздрав
arschloch,
благодарам, мило ми е што размислуваме слично
Биди ми поздравен
(oksimoron 21 Февруари, 2008 - 22:20 | логирај се за да пишуваш коментари)
Крајно сложената карта на Балканот, затекната во наследство од вековите на миграционите процеси, завојувања, од создадените религиозни односи, се покажа како плодна претпоставка за функционирање на редица стереотипи како важен фактор во односите меѓу балканските народи.
Стереотипот создава определена навика за разбирање на луѓето, ситуации, народи, религии, култури, навики, кој понекогаш и тешко се варат.
Денес на посткомунистичките балкански простори, напоредно со појавувањето на проблемот за одделни историски идентитети, јасно се оцртува и проблемот за балканскиот идентитет.
Да си мост, врата, крстопат и агол едновремено, не е завидно, претходната положба секојпат носи и слабост но и силина.
Затоа да изрецитирам нешто во твој стил.
Како сакаш. Јас тргнувам по својот пат
Без проштални солзи, без небулози.
Ќе се скријам негде ејј... далеку, далеку...
Некој друг твојата љубов нека ја проси.
Мила моја земјо, зарем уште во душава ми гледаш...
А не...не...нема во гроб да сум твој херој.
Е загубив..., Но како се нарекува победата
Кога откако ќе се сменат местата
Пак настапува бедата
Точно е, малку сме праведни, а повеќе грешни
Значи имаме иднина како и минатото тешки.
Збогум денес! А кога ќе се видиме од спротива,
Ќе наздравам со вино на изгрејното сонце.
Ејј... кој поет сум...,a...a..., нема везе.
Него што се занесуеш ти жити се.
те нема те нема па пак се губиш.
Ај, еве еден поздрав.
Поздрав
(Meceto Usko 21 Февруари, 2008 - 22:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
ние сме ПРЕКРСТЕНА Македонија..
не ми е јасно,зошто сеуште некој некрстен не се пожалил за тоа...
(anaveno nelogiran 21 Февруари, 2008 - 22:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
(KLIKER 21 Февруари, 2008 - 23:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
Одличен пост, како и секогаш.
Поздрав
(М.И. 22 Февруари, 2008 - 03:36 | логирај се за да пишуваш коментари)
Нека одберат било кое од петте имиња, сеедно ми е.
Само нека се смени, важно проблемот нека се реши - којзнае ако го промениме името и брзо влеземе во ЕУ и го напуштиме најпосле концептот нација-држава може и ќе добивам повеќе пари во месецот, ќе живеам подобро. Зошто во пакет и не бараме да направиме унија со Грција? Не ќе мора да одиме во Солун само за викендот, морето повторно ќе биде наше.
Ајде не се преправајте за во јавност, смешно е - секоја власт од македонската е подобра власт.
И српска, бугарска, југословенска а да не говорам за Брисел.
(aleks.bukarski 22 Февруари, 2008 - 03:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
на баканот долги години проблемите се сокриваа под тепихот, но почна да се разјадува паркетот под него и да крцка при секој чекор. Не се спорни уредувањата на државите кои произлегоа, туку нивното усогласување едни со други - како парчиња мебел во разни бои и дезени.... стакло - метал и дрво - текстил комбинации
Солиден поетски револт изразуваш. Никогаш не си ставил стихови на блог досеа. Мило ми е што баш кај мене у коментар напиша
Ме нема па се губам.....ама се најдов пак
Поздрав пријателе
Анавено нелогирана,
де јуре - не јурат, бре!
де факто - факат!
некрстени а прекрстени, нема како нас никаде! Единствени сме!
Кликер,
Фала мила, пробај погледни низ моиве очи и види ги различните нијанси. Ќе ти се допаднат, знам
Се гледаме мила
Читателка,
мило ми е ако сум ги погодила очекувањата. Поздрав
Slack,
ма, ние сме како трски во мочуриште - под секој налет се свиваме и пак се исправаме, но секогаш сме у калта. Флексибилноста колку е добра толку и не чини
М.И.,
и мене тоа ми звучи најлогично - целото име како у наслов, па да ги видиме Грците што ќе смислат поново, до кај им е креативноста
Благодарам пријателе, биди ми поздравен
Алекс Букарски,
да го сменат, а? Да станеме Бивша Македонија?
Ова со српско, бугарско, југословенско.... ме потсетува на баба ми, кога ни раскажуваше како било порано. Демек, вака турците, така србите, онака бугарите, па партизаните и германците, ех Тито....па заглавивме со грците и европјаните. Е, сеа, замисли што ќе им раскажуваме ние на нашите внуци. Вака некако : „ И после дојдоа комунистите, па демократите, па независните, па устав менувачите, па новите, се до бриселците.....тоа беа времиња кога бевме Македонија, внучко, ама не знаеш ти - ја нема сеа таа држава....“
(oksimoron 22 Февруари, 2008 - 07:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
(квадратуранакру… 22 Февруари, 2008 - 08:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
(квадратуранакру… 22 Февруари, 2008 - 08:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
бтњ...кој гарантира, ако прифатиме сеа ново име,дека во иднина нема да не дупчат како сакаат...
рџавом курцу и длаке сметају...така да јас сум против сите предлози!
(КIМI 22 Февруари, 2008 - 08:35 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Natka 22 Февруари, 2008 - 08:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
а бе, многу референдуми заговараш, треба секоја недела да гласаме така
„...Достоинството на една држава не доаѓа од името, името на државата станува достоинствено според делата што таа ги прави...“
Ова ти е многу добро.
Или, омилениот совет од бабата на сопругот (често го кажуваше) - „ Човек треба да се труди да го викаат бисерко, и многу да внимава да не дојде у позиција да го наречат посерко, оти ако еднаш го наречат така - после и бисери може да сери, пак му е џабе. Никогаш повеќе нема да биде бисерко туку ќе остане посерко.“
Е, таа грешка ја направија нашите државни раководители пред петнаесетина години кога ја направија спогодбата и прифатија референца наместо име, па после и знамето го сменија. Оттогаш сме посерковци, не македонци.
А за НАТО сосем се согласувам. Не мора референдум да се организира, туку да се појасни што значи за нас влегувањето во тој воен сојуз. Дали со приемот во него ние всушност доброволно се согласуваме да бидеме освоени? Дали понудената заштита ја плаќаме со наше учество во нивни борби? И, како на воен сојуз, целта на НАТО е територијално проширување, гео-стратешко позиционирање т.е. освојување на што поголем број полиња на шаховската табла наречена „планета Земја“.
Незнам колку сме свесни во што се впуштаме следејќи го стадото. Или каде сите - таму и ние! Но, ова е веќе друга тема, да не забегувам сеа.....
Крап,
со спуштени гаќи неможеш да одиш ама баш никаде (ќе се спрепнеш и ќе паднеш така) а не пак у рајот
У однос на ЕУ и НАТО аспирациите...
Ја сум за мало предефинирање - доста се стававме во позиција да коленичиме за прием. Значи, нема повеќе НИЕ сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, туку ако ТИЕ сакаат да бидат почестени со наше членсво - доаѓа во предвид само со името Република Македонија. И никако поинаку.
А јас верувам во актуелнава Влада и сметам дека ќе го сочуваат достоинството на овој народ
Кими,
токму така мила моја
Нема никакви гаранции. Ластик ситуација е ова - прво се развлекува а потоа те „гори“ повратниот удар
Натка,
немора да има референдум. Тоа би создало дополнителни хаотични превирања и кампањски игри кои сега најмалку се потребни. Треба само да се остане ладнокрвен, да не се избрзува, да се остави прво Грција да се изјасни (да се испука) а потоа смирено, аргументирано и јасно да се каже нашиот став (усогласен и единствен).
Поздрав
(oksimoron 22 Февруари, 2008 - 20:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment