По изборите на кои граѓаните го направија својот избор на програма за делување во следните четири години, се издефиренцираа неколку групи на претставници на различни изборни програми. Ниедна доволно голема за сама да ја превземе одговорноста. Затоа се почна со договарање за формирање на нова влада. Носител на овие договори е партијата која има освоено најмногу пратенички мандати. Договорите се прават на доброволна основа, со рационална проценка за полезноста од партнерскиот однос на сите партиципиенти, т.е. договорени странки. Заеднички креирана агенда за усогласување и реализација на изборните програми како предмет на договор. На тој начин создадени се сите услови тој договор да биде и успешно реализиран.
Но, процесот за формирање на нова влада од меѓупартиски договори се претвори во преговори. Последниве неколку денови се повеќе се користи тој термин. Преговори. Обично, преговорите стартуваат по веќе реализиран конфликт на интереси. Тогаш се обидува да се најде заедничка платформа за делување при што ниедна страна нема да биде задоволна, зашто преговори не се прават за реализација на барања туку за стабилизација на пропусти. Суштината на преговорите е да се избалансира веќе создадениот револт и да се неутрализираат реперкусиите од истиот. Значи, никој не добива што сака, сите се откажуваат од понешто за да има мир.
Секој процес со повеќе учесници започнува со договор. Ако тоа не успее, значи тргнало на лошо и следува фазата преговори. Во случајов....дали станува збор за договори за формирање на нова влада или преговори за одржување на мирот во државава?!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Јули, 2006 - 16:47
Коментари:
Само нека се формира владата.
Не е лошо Ти да почнеш да си го пакуваш куферчето - За Брисел.
Што се мене тиче би можела и за Стразбур.
(OGI SINKO 23 Јули, 2006 - 19:48 | логирај се за да пишуваш коментари)
сал да не е Хаг, де
Во сенка на сите договори и преговори се кријат и заговори
(oksimoron 23 Јули, 2006 - 20:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
Нема идеален Правилник за распределба на плати.
Нема идеални резултати после било какви преговори.
Ти тоа убаво го кажуваш.
Заговор.Против кого.
Ајде ти сепак спремај се за Разговор.
По модерно го викале Интервју по претходна Апликација.
Значи, ке ми до доставиш Твоето CV, Јас ке му удрам еден Мур и ке го проследам понатаму.
(OGI SINKO 23 Јули, 2006 - 20:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
Апликација за симплификација.
Не. Не. Не си одам ја од туа.
А мурот чувај го за други проследувања. Ќе ти треба
Јас веќе сум „понатаму“
(oksimoron 23 Јули, 2006 - 21:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
пушти го во Амбасадори.
Добро ма Окси, добро.
Ако Ти е арно, седи си, кај што си седната.
(OGI SINKO 23 Јули, 2006 - 21:13 | логирај се за да пишуваш коментари)
зош ти се амбасади, седи мирен...преговарај за договор
(oksimoron 25 Јули, 2006 - 16:49 | логирај се за да пишуваш коментари)
(oksimoron 1 Август, 2006 - 21:33 | логирај се за да пишуваш коментари)
(макрок 5 Август, 2006 - 11:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment