Saturday, April 05, 2014

Празнична насмевка


Новите времиња бараат нови луѓе  - рече стариот (по стаж) политичар образложувајќи ја својата повторна кандидатура. 

Морални осуди најлесно добиваш од луѓето од кои претходно си добил неморални предлози. Чист пример за либерализација на моралниот режим.

Кој вели дека со новите измени во законот за следење на комуникациите се ограничуваат нашите права? Напротив! Стануваме се попривилегирани. Сега, ако не ја слушаме власта - таа има да не слуша нас! 

Опозицијата се заканува со излегување на улица. Со оглед на напреднатата фаза на распаѓање во која се наоѓаат, би требало да си ги преиспитаат вредностите уште еднаш. Воведени се високи казни за отпадоци по улиците. 

Откако добивме веронаука во образовната програма - ја изгубивме верата во науката и образованието. Остана само програмата. 3, 2, 1 и  „Добар ден драги гледачи...“ 

Нормалноста не е ништо друго освен критериум воспоставен од мнозинството. Критериумите се формираат согласно потребите, а според понудените содржини. И демократијата има свои жртви, де

Почеток и крај. Две точки помеѓу кои е сместено дејствието. Како сиромашна земја, ние имаме само една точка па ја користеме со двојна намена. Не е дека ни фали дејство. 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 7 Септември, 2008 - 21:33

Коментари:
  • Мислам дека преовладува изборот на ИСТОРИЈА НА РЕЛИГИИТЕ...а зашто ти лично изгуби верба во образованието?
    (partik1 7 Септември, 2008 - 21:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ќе ја искористам мојата точка ( коментар) за двојна намена: со празнична насмевка да ги честитам утрешните родендени - твојот и на државата Smiling Smiling
    (KLIKER 7 Септември, 2008 - 21:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • (KLIKER, ме заеба, јас сакав да бидам прв, ама се премислив дека уште е рано...Тогаш честитки и од мене Окси, не знаев дека си ДЕВИЦА.
    (partik1 7 Септември, 2008 - 21:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Среќен роденден Окси и да Ти се множат годините. Родена си на најубавиот ден. За многу години да ни е државноста и честит празник на сите Македонци и на оние кои се чувствуваат како такви...
    (istokakonormalen 7 Септември, 2008 - 21:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,Среќен роденден , убавини нека те опкружуваат! Smiling
    (Многу остроумно, напишаното!)
    (читателката 7 Септември, 2008 - 22:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кавадарци не е далеку од Скопје, за саат и пол се стига...таман пред да помине осми. Smiling
    (Бунка 8 Септември, 2008 - 00:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • partik1,
    мене лично не ми се допаѓа сево ова мешање на религијата во државната политика а сега и во образованието. Ние сме секуларна држава. Дали ќе се биде верник или не, тоа е личен, интимен избор на секого од нас. Нема потреба од воведување на таков предмет ( и тоа задолжителен, бре... иако постојат две опции - или џа или бу)во образованието. Ако сакам детето да ми стане верник - ќе го носам во црква. На училиште ги запишуваме за да учат наука и литература, не за да станат верници. Тоа тие самите ќе си одлучат кога (и ако!) ќе почувствуваат потреба.
    Иначе, Девица со подзнак Близнак, месечина во Бик и куп планети во Вага. А у кинески хороскоп Тигар Eye-wink (ако нешто значи сето тоа.... ) Smiling
    Благодарам за честитките
    Кликер,
    благодарам мила, тебе те чекам на торта денес. Најблизу си ми и не ти палат никакви оправдувања Eye-wink Smiling
    истокаконормален,
    благодарам, годините се множат а ние подетинуваме. Убавини, бре!
    читателката,
    благодарам читателке, со секоја измината година се поубаво се чувствувам. Навистина SmilingВеројатно оти таков ни е крајот - вински Eye-wink Smiling Поздрав
    Бунка,
    ако не застануиш нигде попат и за саат се стига Smiling Да ти чувам парче торта?! Ајде бујрум Smiling
    (oksimoron 8 Септември, 2008 - 12:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, фала на поканата. Се спремам за на коктел, ако можеш дојди Smiling
    (KLIKER 8 Септември, 2008 - 17:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кликер,
    без навреда, мила си ми, ама... мене од тие коктели ми е преку глава. Бар на мојот роденден неморам да ја гледам цела таа хипокризија, лигавење и оговарање, вештачки насмевки од усни полни со клевети..... не, благодарам. Поубаво ми е дома со луѓето кои ги сакам и ме сакаат Eye-wink Smiling
    Поздрав и... внимателно, сепак Eye-wink
    (oksimoron 8 Септември, 2008 - 18:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • среќен роденден, среќен празник, среќен пост...
    всушност не е баш весел, но ми се бендиса и се согласувам.
    (gersanina 8 Септември, 2008 - 18:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • гершанина,
    Прегратки и бакнежи за тебе мила моја Smiling
    (oksimoron 9 Септември, 2008 - 09:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Драга моја, со подзнакот и со кинескиот хороскоп сме исти Smiling.
    Затоа ни оди муабетот.
    Биди ми жива и здрава.
    прегратки
    (Леонова 9 Септември, 2008 - 09:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Леонова,
    според твојата теорија - сега имам 20 години и 14 години искуство Eye-wink Smiling
    генерација сме по возраста, искуството е сосем друга категорија.
    Поздрав мила Smiling
    (oksimoron 9 Септември, 2008 - 10:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ќе ја потпишам Герш од првата до задната буква Smiling
    (Мама 11 Септември, 2008 - 07:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Поздрав мама Smiling
    (oksimoron 11 Септември, 2008 - 16:48 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: